Новиве дресови - ебени. Не очекував ваков дизајн од Најк, воопшто. Позитивно изненадија. Едни од подобрите дресови во последните 15 години, сигурно. Сите три.
Рудигер - убав трансфер. Добар играч, млад, доколку го заобиколат повредите може да биде уште подобар. На пазарот, изборот за реални трансфер цели е многу тесен, особено кога се работи за играчи од одбраната. Ме радува тоа што не дадовме смешни 68 милиони за Ван Дајк, за кого сметам дека е преценет играч генерално (солиден сосема, но засега ништо повеќе од тоа), а го зедовме Рудигер за дупло помала цена, стопер кој во најмала рака поседува идентични квалитети како Холанѓанецов.
Во меѓувреме, бидна и првиот официјален трансфер летово, Кабаљеро. Палец горе. Коректен голман, продадовме замена на Куртоа за 10-15 милиони, го доведовме пеналџијава за џабе.
Бонус, за Донев и сличните на него: