Дечки, ваше мислење за програмчево? Се работи за тренинг програма на дневен внес од 3200 kcall... Се работи за мене лично моментална тежина 75кг и висина 180цм, ниво на bodyfat е малце поголемо 17% бидејќи 5 месеци имав пауза и јадев штетна храна...
![]()
![]()
Ден 1 - 3 - 5 се денови за кардио а 6 и 7 денови за одмор...
добро изгледа, зависи како ти одат различни вежби, ја например бицепс само една вежба мавам, ич не прави кејф голем бицепс да имам(како ги гледам по теретана дечкиве со раце ко варени колбациси и мал грб) повеке работам на рамо/грб/нозе, така што бицепс имам 1 вежба, трицепс 2-3 правам максимум и ги правам некако успад, за гради незнам колку има ефект права клупа или контра .... јас одамна ич не ги правам само коса и развлекување.
За грб прва вежба мртво дигање хм... јас секогаш правам прво вратило + хиперекстензија за загревање некако страв ми е мртво да правам на почеток...а и не го правам често, добра вежба ама заебана е, јас обично грбот го работам со справи хоризонтално/вертикално влечење, вратило, ама мене малце грбот ми е заебан (искривен) па го пазам од повреди
Имаш сила во еден ден добро нозе да ги извежбаш и рамења? јас после некој 2-3 добри вежби за нозе мртов сум, така што секогаш ставам нозе посебен ден.
+ не би идел со ваков интензитет после 5 месеци одмор, почни пополека јас еве сеа после 2 месеци пауза па ке почнам со некој полесни вежби 3 пати неделно најверојатно фулл бади, па после некој месец дена дури ке идам со сплит тој што го вежбав порано