Некој авион паднал во Вардар во 1962 или 1964

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.610
Поени од реакции
15.429
Возраст
70
Локација
Skopje
Се слуша дека една девојка загинала,ама не е потврдено тоа се само шпекулации,со сигурност тврдам како очевиденец на настанот и паѓањето на авионот дека загина само пилотот, но неколку лица се повредива,добија расекотини по нозете од парчињата лим додека го вадеа пилотот од авионот.
Презиме на пилотот е Вукобратовиќ, тој се обидуваше да го приземји авионот со голем технички дефект во средина на реката и на капачите со рака им даваше до знаење да се тргнат од тоа место.
Ова се дешаваше на плажите на Вардар кој тоа време беа преполни со капачи, а авионот падна баш карши базентите или нешто над Опатија,на местото каде беше онаа корпа-вагонетка за вадење песок од реката.
Веста за паѓањето на авионот во Вардар се прошири како ветер низ градот а посебно децата трчаа да го видат овој настан кој се случи едно лето пред или по земјотресот беше,мора ова да го проверам.Па јас бев маршалово пионерче тогаш.
 
Picture 151.jpg тоа беше баш на ова место...
 
До Администрацијата:

Ако во Канта отворете специјален подфорум "Анчо" и кажете му таму нека отвара теми.
Ептен голема работа ќе завршите и нас и вас
 
Ова само дебил може да отвори тема со ваков наслов и да мисли дека е интересно.
 
Аман де, сите невротични, многу брзо надразителни луѓе:vozbud:Оставете го човекот на раат, немате право да го навредувате:lut:
Сака мемоари да си пишува а на кого не му се интересни, нека не чита:mad:
 
Последно уредено:
Деценија и кусур трпевте наслови од типот страшно шокантно синзационално (видео+фото) и сега плачите за една рака теми од Анчо со предизвикувачки наслов... па кој тииии читате само наслови, отворете и прочитајте ја темата и ќе сфатите што е поентата а не прочитале 3 збора налсов и одма испрати мислење...
 
... би рекла сите македонски портали на Нет, а богами и светски применуваат иста тактика со наслов да привлечат читатели ,,да влезат,, и да си добијат комерцијален динар од спонзорите, може и ова е на ист начин за привлекување на читатели и некој поен за кајгана т.е. за Телекабел спонзор беше нели?
... и на крај краишта кој верува дека авион падна во Вардар денес па да се засили да кликне на насловот да прочита?
така да @Anco никого не вреѓа ниту напаѓа, а богами случувањата на овие наслови му се вистинити не измислува ! :misticen:
 
Ах бе стриче, скроз си бил ти летнат.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom