Вие сте талент, што би направиле?

  • Креатор на темата Креатор на темата LiverpoolFC
  • Време на започнување Време на започнување
Добро бе, јас засега така мислам! И за 10 години, ако не мислам така, ако постои форумот ќе пишам пак!

Пиши ајде , да воскреснеме интересна тема. :)


Сакав да отворам слична тема али пребарувачот ми ја најде оваа. :D Јас искрено би одел по парите , нормално ако правиме муабет за голема разлика. Оскар тип на играч , од Челзи и шанса за ЛШ он отиде у Шангаи. :D Е сега ако си некој како Меси/Роналдо подобро е европски големи клубови поради популарноста и парите од рекламите шо ги зимат , тешко дека ако играч со нивни талент ја остави цела кариера некаде во Азија би ја достигнал истата популарност.
 
Пиши ајде , да воскреснеме интересна тема. :)
:pos:

Да ти кажам право, со оглед на тоа како се смени фудбалот и колку пари се фрлаат, не би играл за џабе.
Но, помеѓу поголема плата во друг клуб и помала во Јунајтед би го избрал Јунајтед :angel:
 
Да сум во клуб како Милан или Ливерпул како што е наведено од оној кој ја отворил темата лесна би била одлуката.
Мене ми се омилени тие два клуба, и би останал цела кариера во тие клубови.

Би бил како Малдини и би поминал цела кариера во Ливерпул.
100.000 неделна плата или 250.000 мене не ми прават разлика, и со едната и со другата заработувачка би живеел до крај на живот лагоден живот.

Но на фудбалерите гледам им прават тие цифри разлика и земаат поголеми понуди.

Би поминал цела кариера во Милан или Ливерпул, е сега ако имам 35-36 години а клубот повеќе не сака да ми понуди нов договор би отишол да играм фудбал некоја година во САД во МЛС лигата, не би одел да играм по Арапски земји или другде на свет, едноставно би било за мене посебно чувство да одам да играм фудбал во една од најбројните земји со население во која фудбалот не е толку популарен спорт.
 
2-3 top sezoni vo evropa i patot za kina...
 
Само загарантирана минутажа/првотимски статус бајо мој. Платата нека биде колку сака :D
(Доколку бидам повикан од ФК Космос Бегниште)
 
Темава воскресната од гроб... ги читам првите мислења за Роналдо (во тој временски интервал он стана легенда во Реал)
 
Никогаш не би го напуштил мојот матичен клуб не за друго сеуште немам дојдено до клупа а годините си врват.
 
Сите лојалните што сте коментирате на темава, ќе ме следите на инстаграм како ручам со стапчина во рацете.
 
Строго Австралија или USA/Canada..Кина нема живот надвор од фудбалот реално,а вака овде барем ќе има забава:sekcza:
 
Да сум во клуб како Милан или Ливерпул како што е наведено од оној кој ја отворил темата лесна би била одлуката.
Мене ми се омилени тие два клуба, и би останал цела кариера во тие клубови.

Би бил како Малдини и би поминал цела кариера во Ливерпул.
100.000 неделна плата или 250.000 мене не ми прават разлика, и со едната и со другата заработувачка би живеел до крај на живот лагоден живот.

Но на фудбалерите гледам им прават тие цифри разлика и земаат поголеми понуди.

Би поминал цела кариера во Милан или Ливерпул, е сега ако имам 35-36 години а клубот повеќе не сака да ми понуди нов договор би отишол да играм фудбал некоја година во САД во МЛС лигата, не би одел да играм по Арапски земји или другде на свет, едноставно би било за мене посебно чувство да одам да играм фудбал во една од најбројните земји со население во која фудбалот не е толку популарен спорт.
Истото. Не мора да е само Ливерпул иако тоа би било сон. Би си седел мирен и во Дортмунд, Милан, Атлетико итн. Милиони секако ќе имам така да не ми значи некој милион плус минус. Ќе си градам кариера. Е сега ако знам дека не ме бива или ако ваквите клубови повеќе не ме сакаат тогаш прва прилика фаќам џаде каде што ќе понудат најмногу. Односно и тоа зависи. Ако ме бара клуб од САД/Австралија таму ќе одам па макар арапите и кинезите понудиле повеќе (само да не е апла повеќе :D )
 
Џабе ќе му објаснуваш бидејќи тие си гледаат од нивна перспектива како нормални фудбалски фанови..јас се кладам по животот утре други ден Џонтра или Розенберг да водат клуб веднаш ќе исчезни кај нив желбата за титули,успеси,истории:pos::pos:..муабети за мали деца..немало да го пиши во историјата:pos::pos:..го заболи него кај ќе го пиши..доволно е тоа што ќе освои титули во Шпанија и Франција бидејќи некој ни тоа го нема...тие не разбираат дека ќе стани како глобален бренд на ПСЖ и со тоа ќе биди многу познат..и сигурен сум дека сите ќе се сеќаваат на Нејмар како играч исто како на Анри ..прејако играчиште е за туку така да исчезни освен ако не стани Робињо втор дел и да почни да се глупира

Ајде во оваа тема за да не досадуваме во фан клубот.
Викаш да сме воделе јас и @Џонтра Волта клуб ќе исчезнела желбата за титули, успеси, истории......зошто тогаш шеиков го купи Нејмар и плати за него еден тон пари? За профит да прави пошто пари му требаат или за да станат глобален бренд како што велиш и да запнат ЛШ да освојат?
Зошто и ПСЖ не земат да распродаваат играчи како Монако, Порто итн?
Друга работа......водење на клуб ако сакаш да споредуваш со ситуацијата на Нејмар ќе кажиш пример на сличен таков клуб односно клуб во слична ситуација. Еве нека е слична само од финансиски аспект гледано. На Ливерпул моментално пари не му требаат. Ти да си газда би го продал Кутињо за уште профит. Јас и Џонтра би го задржале за да не ја растуриме екипата и да направиме нешто наредна сезона. Фала богу дека ако клубот е во криза за финансии и се наоѓа пред банкрот ќе мораме да продаваме за да го оправиме клубот. Ништо не ми вреди задржувањето на играчи кога сред сезона можам да банкротирам и да пропаднам. Исто е и како фудбалер. Ако ми остави татко ми долг од 50 милиони и еден куп проблеми и нерешени прашања и ми требаат многу пари фала богу дека ќе гледам да заработам и да се извадам од дупката. Ние сега зборуваме во ситуација кога сите потреби во животот ти се задоволени. Имаш милиони милиони на сметка, куќи, палати, скапи коли и притоа ќе заработуваш уште милиони каде и да одиш. И ти да трчаш каде што ќе ти понудат најмногу. Притоа имаш опција кога ќе завршиш кариера со тие пари да си отвориш бизниси, компании курци палци и да ги дуплираш, триплираш итн.
Последно што ми текнува е Ван Перси, одби 300,000 фунти неделно од Сити + приватен авион секој ден да го носи и да го зема од Лондон за да дојде во Јунајтед кај Фергусон, беше РВП на 160,000 неделно некаде.
Ова сигурно не е точно, не постои ваков играч. Ван Перси морал да храни 1000 членови на фамилијата у Ротердам. Што мислиш лесно е со 160.000 фунти неделно? Како не бе!
Има милион вакви примери.Да не ги споменувам Џерард, Тоти итн кои сигурно добиле финансиски подобри понуди па останале. Милан Јованович мислам дека бараше да го пуштат од Ливерпул да оди некаде само за да игра редовно макар и за помала плата.
 
Би пропаднал ко Адриано :place:
 
не знам кој фудбалер беше али после потпишување во кина изјави дека доаѓа од африка и дека има пораснато во крајно сиромашни услови и дека сепак фудбалот го игра за пари и затоа ја прифатил понудата од кина. со тие пари неговите внуци и правнуци би имале услови за солиден живот... а и да не праиме муабет за тоа дека може и да ги инвестира парите понатаму да си ги врти и засекогаш да биде безбеден. ова е многу деликатна тема за разговор....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom