Вие сте талент, што би направиле?

  • Креатор на темата Креатор на темата LiverpoolFC
  • Време на започнување Време на започнување

LiverpoolFC

Captain Fantastic!
Член од
10 ноември 2007
Мислења
864
Поени од реакции
15
На пример, вие сте фудбалски талент од светска класа. Имате 22-23 години, моментално сте еден од најдобрите светски играчи и играте за некој од светските клубови како Милан, Ливерпул итн во кои сте почнале уште на најмала возраст. Зимате плата 100.000 евра неделно. Одеднаш имате понуда од некој богат клуб како Реал, Ман Утд и слично, ве бараат и ви даваат плата 200.000 евра неделно, и притоа ве убедуваат дека е подобро ова она. Вашиот клуб не сака да ве продаде по никоја цена, но вашиот одговор е најбитниот. Што би направиле? Дали би отишле за парите, би останале во клубот кој ви овозможил се и притоа имате или набрзо ќе имате статус легенда и слично... Најреален пример К.Роналдо.

Што би направиле вие?

Јас лично, доколку имам животна желба да играм во некој клуб, би отишол таму без разлика на парите. Доколку можеби играм во клубот што го сакам, а парите ме тераат на друга страна, никогаш не би прифатил да отидам.
 
Би останал во матичниот клуб...Знаеш како викаат подобро прв во село него последен во град!
 
Љубовта пред се.Ао си продадена душа и ако парите ти значат повеќе ќе одиш во Реал се знае како оди тоа.Ако не си таков ќе останиш во другиот клуб каде ќе бидеш ѕвезда(не галактичка), ама ќе бидеш легенда, не заштитно лице на Адидас и нивните копачки и парфеми:wink:
 
Ја така...
Ако ме терат Манчестер одам сигурно, ако треба 2 сезони без плата ќе играм!!
Ако не ме терат Манчестер ќе останам да играм у Беласица или Турново!
А да ме терат Реал или Барса и да ми дават 100 000 000 000, пак нема да одам!

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД РУЛЗ

оф: Стварно добра тема
 
Ја така...
Ако ме терат Манчестер одам сигурно, ако треба 2 сезони без плата ќе играм!!
Ако не ме терат Манчестер ќе останам да играм у Беласица или Турново!
А да ме терат Реал или Барса и да ми дават 100 000 000 000, пак нема да одам!

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД РУЛЗ

оф: Стварно добра тема

:pos2::pos2::pos2:
Се глеа оти уште детски размислуваш... Живото во Англија е ненормално мнногу поскап отколку овде, и ти за беспари а? :)

Ја да сум во таква ситуација, инаку би ја гледал пред се од кај е клубо кој шо би ме барал. Да е англиски, не одам (освен Челзи:)). Не чини времето, а и многу скап е живото таму. Италијански исто. Ич не ми е убо и пријатно таму. Француски не прам муабет. Останува шпански, а таму би прифатил понуда од било кој од поголемите клубови. Пред се ради климата, и општо земјата Шпанија. Преферирам Мајорка, Валенсија и Барселона (ради морето), но и од Мадрид не се жалам. И Севиља.

Значи, би прифатил да заминам, но зависи од каде доаѓа понудата.
 
Абе слично некако како што направи Рикелме!
Три сезони ќе зима плата во Бока, четвртата ќе ја игра без пари!

На тоа мислев..
Шо, он да не детски размислува ? ццц
 
Па зависи во кој тим играм. Ако е тим за кој сум навивал од мал и срцето ми е таму (секако ако се работи за тим од светска класа) би останал таму. Би имал добра плата и таму.
 
Три сезони ќе зима плата во Бока, четвртата ќе ја игра без пари!
На тоа мислев..

Ако ме терат Манчестер одам сигурно, ако треба 2 сезони без плата ќе играм!!

Ко че мислиш нешо, напиши го ко шо мислиш...
Рикелме колку време беше на печалба во Европа знајш? А и три сезони добра плата во Бока... Па зошо (најверојатно) последната сезона во криерата да не ја изигра за беспари?
А и ако го споредуваш живото во Англија со живото во Аргентина...:jaj:
 
Добро бе, јас засега така мислам! И за 10 години, ако не мислам така, ако постои форумот ќе пишам пак!

И не само наоѓај забелешки, друг не ми приговара, ти само.. ај гитла
 
Ххахаха... мирно, секој си има право да забелешка и мислење.
 
рецимо сум талент и сум во Милан за 100 000 неделно и ми се нуди да речеме да одам во Манчестер за 200 000 ке им давам ако треба 500 000 неделно али ни под разно не одам..
мислам Милан си е Милан.. а Манчестер баш ме нервираат.. а и не сум тип на човек што би се вклопил во Англија
 
Сеа пример ја играм у Милан и ме бара Реал :pipi:.

Најпрво ке ги зезам дека ке потпишам нов договор и после коа ке ми дојде една година од крајот на договорот и ке можам да си одам за 5-6-10 миљ евра ке изјавам дека Милан се најтиња клуб и мојата иднина е Реал :jea:..

Има да ги заебам:vozbud:
 
Има еден премногу логичен одговор на ова прашање. Да сте стварно таков баран талент ќе одите кај што ви нудат највеќе пари. Вака кењање од типот јас милан зошто го сакуфкам кака енд шит не држат вода. Парата се гледа луѓе само парата.
 
Има еден премногу логичен одговор на ова прашање. Да сте стварно таков баран талент ќе одите кај што ви нудат највеќе пари. Вака кењање од типот јас милан зошто го сакуфкам кака енд шит не држат вода. Парата се гледа луѓе само парата.

Не е точно.. зашто Жерард не отиде тогаш? Ќе имаше мин дупла плата..
 
Не е точно.. зашто Жерард не отиде тогаш? Ќе имаше мин дупла плата..
Зошто он има милиони, милиони и милиони и веќе не му е до парите сега му е до фудбалот. Да му даделе таква понуда на 18, 19 години па да видиш како ќе му ја дувнеше.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom