Одлично ќе ни дојдеше Гризман во тимов, ама тоа е. Во јануари глупо ќе биде да се пазари, нема да смее да игра ЛШ после, така да останува за наредното лето да се надеваме.
Според мене ова што нема да се носи Гризман има и една предност. Мислам дека сега ќе донесеме два играчи наместо Гризман, 9ка и некој креативец кој ќе може да игра на 10ка и крила. Изгледа тоа ќе бидат Лукаку и Перишич, мое мислење беше дека ќе биде Хамес после пропаѓањето на трансферот на Гризман, ама некако има доста шпекулации за Перишич.