Џабе ти е. Ако се учеше така, Смолинг ќе беше Видиќ и Фердинанд во едно, Јесе ги имаше Бејл и Роналдо види што стана со него и има еден еден куп такви примери. Варан талентот уште е талент зошто многу често беше трета опција и уште е. Многу повеќе се такви прикаски него успешни. Лукаку ѕвер стана откако го напушти Челзи, Де Брујн исто, па и Погба. Мората исто е топ пример за тоа.
Кастиел брат, можеш да филозофираш колку сакаш ама ако не те фрлат во оган да видиш и самиот дали ќе преживееш или не, никад нема да знаеш кој ти е лимитот. Во секоја професија е така, во спортовите пет пати повеќе. Едно е да коментираш на форум а друго да облечиш копачки па да ти се виткаат зглобовите на секои два чекори...
Суле го немам гледано многу. Сигурно е талент штом го фалите ама сигурен сум дека побрзо и поквалитетно ќе се развие (ако е таков голем талент) во сериозен тим каде што ќе има голема одговорност и ќе може да делка искуство, да искуси на своја кожа што праи добро, што не и што треба да поправи отколку во тим каде барем пола од натпреварите ќе ги гледа од клупа. За совети и лексии не се секирајте. Пиши пропало ќе биде Баерн ако чекаат на Боатенг (многу искусниот стопер) и Хумелс да го советуваат и да бидат рол модели на малиот. Баерн (како и голем број клубови во топ лигите) има полн стручен состав од експерти кои што се задолжени да ги советуваат и теоретски подготвуваат играчите. Сигурно не паднал теретот на играчите и тешко тој клуб ако тоа е така.