Ние од Југославија излеговме полесно него што Британија ќе излезе од ЕУ. Тие се федерација во секоја смисла одвен формално декларативни како таква.
Звучиш како неофеминистка која ако спомнеш дека феминизмот треба да се експортира во други земји, дека на Запад му завршила рољата ќе те распне на крст. Научени сте на црно или бело. Да, последниве две години јадам гомна повеќе за СДСМ, големи тикви. Сум бил на оној или овој собир, исто така големи тикви. Сум бил и на антивладини протести и собири, па сите ги заборавија тие (кога сме кај хипокризија нели). Горната гарнитура (и некои од подолни ешелони) си залужуваат затвор, тоа не го спорам. Другите не. А тие се мнозинство во партијата. Не познаваш доволно такви луѓе затоа така збориш.
Само и тие што ќе бидат следната власт теба да лежат затвор, а нема да лежат. Не е ни битно на крајот на краиштата. Тркалото се смени, ти уште кокодакаш зошто сум ги подржувал едните. Во блиска иднина се надевам, ќе дознаеш зошто, ќе ти светне. Дробев две години за тоа овде, прсти ми се исушија, вие се смеевте. Сега јас ќе се смејам на циркузот што ќе следи.
Не знаев дека на Латас ќерка му била лезбејка. Не дека ни сакав да знам. Спротивно на популарниот мит, не водиме архива ние кој е што, и со кого е од државава. Некој друг може води таква евиденција за кој знае која причина, но повеќето од нас не се замараат. Имаат свој живот за живеење. Тука не е за исмевање ќерка му, туку Латас. Повеќе хипокризија лежи на негова страна, ако е толку анти-ЛГБТ настроен, а ја финансира ќерка му која е (според твоево кажано), толку про-ЛГБТ инволвирана. Она не може да го промени татко и колку што можел он да ја промени нејзе (за среќа не успеал, ако воопшто пробал, дур растела). Така да можам само да ја подржам.
Ако толку ви пречи фиксацијата на тие две основи, од кои сум застанал во одбрана на погрешната, очигледно, тогаш што предлагате вие? Подршка за сегашнава власт? Некоја друга алтернатива (која ја нема)? Мавај критики колку сакаш, но за да бидеш во право за гневот кој го насочуваш треба да ми се на располагање повеќе од две опции. Дотогаш ова вашето а млатење празна слама и беспотребна и беспредметна осуда.