Долги години зборував дека Македонската тифо сцена ќе доживее бродолом, ама мислам дека вакво дно ни јас не очекував.
Не верував дека Комити ќе се распаднат до овој степен. Дека луѓе што повеќе од 5 години секојдневно живееле за групата, оделе на сите можни натпревари, на своја рака патувале во странство за да го следат клубот, двоеле еден куп време (некои и пари) за потребите на групата, повеќе ќе ги нема на трибина и мислам дека никаква промена на трибината нема да ги врати на истата.
Подеднакво сум разочаран како и нив, ама некако од навиките не се бега
Вчера на ракомет на останатите трибини имаше можеби 500 фаци кои некогаш активно одеа во Комити и спонтано почнуваа песна.
Не вреди да се коментира, распадот на групата почна со последниот и најуспешен обид на вемерето/меверето да ги растурат Комити пред 4 години. Групата официјално остана без никаква организација пред година и пол, за веќе одамна да има доживеано и целосен распад, ако не се смета скромната посета на натпреварите. Група без ниту една новина во нејзе, не може да се каже дека постои. Тоа е успех за помали групи.
Некогашните дербиња поминаа во атмосфера каква само ја отсликува тифо сцената. ФА не постојат, ЦПБ беа 50 души на дерби со МЗТ, Комити бевме 150 души на дерби со Пелистер.
Кој ќе речеше дека Пелистерци ќе доживеат друг клуб (Работник) во својот град кој ќе собере повеќе публика од нив на меѓусебен дуел?
Потсетете ме на муабетот за некои кошаркарски фанови што и во добро и во лошо го следеле клубот, што на секој натпревар имале по 5000 публика? Финале на БИБЛ, едвај пола сала полна. Кумани?
Кој ќе речеше дека некогаш опасното Ѓорче ќе стане скоро домашен терен за Шверцери.
Жалосна беше сликата од вчера. Шверцери дошле во бројка од 50 души, нема кој да ги нападне. Закачиле две знаменца на 5 метра од нив, нема кој да им ги земе. Си влагаат Шверцери на терен во Ѓорче и го напаѓаат судијата. Дно-дна.
Кога ќе ми текне како се палеа порано Ѓорчевци, држава биле ово оно, не смеел никој да се курчи, одма се собирале, невидено братсво владеело.
Се си еба мамата...
Во теков на сезонава им дојдоа Шверцери неколку пати. Клубот дојде до дно да отстапува домашна трибина на Шверцери, а домашните фанови да ги остави на едно мало трибинче.
Тоа клошараната од Ѓорче што глумат мафијаши, што кога играат со небитни екипи се прават мангупи околу стадион, сигурно во глувчешка дупка се пикнале вчера.
Од сите групи, највеќе ме разочараа Војводи.
Дно. Станаа продолжена рака на вмро. На секој протест пред влада, први ги истовараат заедно со Мајмуни, па уште со обележја на клубот стојат. Тотално небитно што клубот се распаѓа, ако отпадне од втора лига, ќе се распадне целосно... Па, не е толку мал бројот на Македонци во Тетово да не можат да издејствуваат еден солиден тим. Направи малку притисок, сите имаат посебни чувства за Тетекс, како Македонски тим кој доаѓа од град со мнозинство албанци.
Конечно можам да кажам дека е време да ја затвориме темава на форумов.