Вчера пак го видовме стариот Челзи кој победуваше се сезонава. Иако примија два гола, сепак севкупно одбраната беше доста стабилна, а напред беа одлични и ги искористија сите шанси. Овој натпревар беше најбитниот кој сме го изиграле сезонава. Не затоа што беше полуфинале, него поради противникот и моментот во кој дојде, после неколку натпревари во кои изгледаше ко да ја изгубиле самодовербата која ја имаа. Пораз вчера против Тотенхем и ќе бевме во многу лоша позиција. Они во ептен добра форма во ПЛ, плус со поеда против Челзи за финале во купот, а ние со два порази по ред. Вака, се надевам дека ќе го искористат овој натпревар за да ја вратат самодовербата и да имаат уште повеќе мотивација за да се заврши сезоната ко што треба.
Конте го погоди составот, плус повторно се виде колку ни се битни Мозес и Алонсо. Еден натпревар без Алонсо и не знаеа како да играат. Иако, грешката против Јунајтед беше што не го пушти Аке лево. Аке денес конечно доби шанса каква што заслужуваше и ја искористи максимално. Одличен беше и се надевам дека ова ќе му овозможи полека да се наметне во стартниот состав, стварно заслужува. Мичи исто беше добар, мораше уште пред некое време да го седне Коста на клупа малце. Вилиан со два гола изненади. Матич не играше баш добро, можеби и најслаб поединец беше, ама голот...
Кога ги имаш Хазард, Коста и Фабрегас на клупа, нормално дека ќе има голем импакт кога ќе ги ставиш во игра
И Хазард малце заебаваше, па паметно беше што го седна и него, иако кога го видов тимот мислев дека е лоша одлука. Одличен беше од кога влезе и го смени натпреварот со гол и асистенција.
Премногу битна победа, гледам хајлајтс додека пишувам и ми се враќа чувството од вчера
Да не должам повеќе, за крај еве ги Лампард и нормално Зума