Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Конечно од Јануари наваму првпат покажа дека е тренер на Јуве, до тогаш постојано тимот го водеше онака како што го наследи, плашејќи се да промени, а притоа прикажувајќи доста просечна игра и перформанси. После мечот со Фиорентина конечно се осмели да промени, ова веќе може да се нарече Јувентус на Алегри, бидејќи ја промени формацијата во сосема нова, со драстично променети задачи, со само двајца централни играчи во средината, со еден истурен напаѓач. Ми се допаѓа тоа што го увиде дека немаме доволно играчи за 3ка средина, ја промени комплетно што значи дека се прилагодува на потребите, а не како на почетокот на пример на ланската сезона, кога имавме повреди, а тој наместо да ја промени формацијата, излезе со Падоин на позицијата на Пирло во првите два меча од сезоната против Удинезе и Рома.

Од тактичкот дел сум задоволен, нема што да се бара повеќе, другото останува на играчите. Сепак лично никогаш нема да го засакам како тренер, апсолутно нема да заборавам кога беше тренер на Милан какви тешки гомна јадеше за Јуве. Можеби бидејќи сум меѓу малкуте што ги следи италијанските медиуми директно, ми пречат овие работи, ама што да правам тоа не може да се смени.

Инаку искрено сега воопшто не се плашам од тоа кој ни е тренер (се разбира не мислам на идиоти ала Бенитез или Манчини), не е ова пост калчополи периодот кога Јуве немаше ниту квалитет, ниту пак идентитет и карактер па тренерот требаше да биде главната улога. Сега Јувентус е квалитетен тим, со самодоверба, без психолошки проблеми, па работа на тренерот е само тактички максимално добро да ги постави на теренот и да се обиде да не ја усере работата измислувајќи топла вода како што знаат некои тренери низ Европа моментално тоа да го прават.
Знам дека си субјективен во врска со Алегри и твое право си е, ама да кажеш дека Алегри сега прв пат покажал дека е тренер на Јувентус и тек сега направил промени после 3 години, не ти држи вода.
Да не заборавиме дека една година од кога испаднавме во групи ЛШ, се смени формацијата комплетно и наредната година стигнавме да играме финале ЛШ(каде што изигравме одлично бтв и решија нијанси). Искрено тоа ако не е драстична промена, не знам што е.

Тоа што повторно менува формација и повторно е успешен и покрај недостиг на играчи(клупата ни е ужас), само покажува колку е флексибилен и си го заслужува местото на листата на врвни тренери.
 
Ја го сфаќам Мондо , пошо можда у нијанси,ама ако се сеќавам горе долу сите го имавме истото мислење кога замина Конте а експресно го замени Алегри.
Разочарани бевме, дека Конте не врати пак на врвот по оној црн период, па и екс играчка легенда , екс капитен, тешка беше ситуацијата шо ја наследи Макс, и шо требаше дополнително да се докажува дека заслужува да биде на клупата на Јуве.

Реално е сега да се каже дека со грешка се гледаше на него со скептицизам,докажа дека е достоен, докажа дека е врвен тренер, се надгради и себе и екипата за овие 3 години, шо и да се случи понатаму мојот респект го има можда и од минатата сезона, кога се вративме после онаков очаен старт , сега го забетонира само.

Сега , точно , имаше пецкање можда мегу него и Јуве у периодот кога беше у милан, ама не заборавајте дека пола од работите се извртуваат по медиумите, а и тој , професионалец ко шо е , мора да застане у одбрана на клубот ( у тој период Милан), просто е тоа многу, посебно во денешно време.
А и ако не се лажам, кога дојде , испадна инфо дека татко му е на чело на Јуве Док клуб у неговиот крај, и овој дека уствари јувентино бил .Ај и да не се земаат за кредибилни информацииве, пак и не игра тоа некоја улога.Не мора и емоционално да се врзувате се тренериве, ама респект мора да се има , посебно кога е вака евидентен и заслужен.

За двомечов иначе не знам шо би коментирал, се испадна онака како шо беше замислено, ги искористивме сите наши потенцијали и квалитети, не е мала работа да се изигра речиси перфектен двомеч против Барселона , па и без примем гол.Тактички перфектно,нема шо да се бара тука повеќе.

Сега уште повеќе концентрација треба, далеку е се од завршено, а стварно трагично ќе биде да не се отиде до самиот крај и да не се подигне пехарот у Кардиф.
 
Последно уредено:
е да ми текнува сите тука у депресии пагаа кога дојде АЛегри место Конте , само јас и уште 2ца бевме свесни дека Алегри ке биде подобра опција и не правеа будали :pos:
 
Pozdrav za clenot ili clenovite sto komentiraa deka Kielini bil 3ti ili 4ti CB vo timot :pos: Razvali kompletno vo najbitnite utakmici godinava, klasika king kong

Sent from my HTC One mini 2 using Tapatalk
 
Сега имаме голема шанса да освоиме,нема што да се криеме.Боље е некој од Монако или Реал затоа што они уште се во трка за титула и немаат простор за многу ротирање а Атлетико е полабав во првенство,3ти се или 4ти и имаат обезбедено ЛШ.

Мада и не ми смета и Атлетико,боље да играме со нив во полуфинале него во финале каде имаме кошмари од тие финалиња.[DOUBLEPOST=1492698677][/DOUBLEPOST]
Pozdrav za clenot ili clenovite sto komentiraa deka Kielini bil 3ti ili 4ti CB vo timot :pos: Razvali kompletno vo najbitnite utakmici godinava, klasika king kong

Sent from my HTC One mini 2 using Tapatalk

И за Дани Алвес се збореше дека е веќе готов а искина дечкото во ЛШ досега.
 
Последно уредено:
Знам дека си субјективен во врска со Алегри и твое право си е, ама да кажеш дека Алегри сега прв пат покажал дека е тренер на Јувентус и тек сега направил промени после 3 години, не ти држи вода.
Да не заборавиме дека една година од кога испаднавме во групи ЛШ, се смени формацијата комплетно и наредната година стигнавме да играме финале ЛШ(каде што изигравме одлично бтв и решија нијанси). Искрено тоа ако не е драстична промена, не знам што е.

Тоа што повторно менува формација и повторно е успешен и покрај недостиг на играчи(клупата ни е ужас), само покажува колку е флексибилен и си го заслужува местото на листата на врвни тренери.
Види сега другар со тебе и со Ширеа немам проблем да дебатирам, за разлика од капци како Апидрон што навива за 17 клуба и што самиот не знае на која страна да се заврти и меша баби и жаби.

На крај краева не мора ни да се разбереме кој што сака да каже :D, знам дека звучи чудно али тоа е. Еве ти споменуваш нијанси и јас ќе се обратам на истите, во првата сезона на Алегри (кога стигнавме до финале) за нијанси ги поминавме групите, односно во 4то коло против Олимпијакос дома имавме освоено само 3 бода и губевме 1-2. Тогаш индивидуални потези, односно нијанси како што велиш ти ни овозможија едвај да ја поминеме групата, а не некаква драстична промена од страна на тренерот. Ланската сезона заради два кикса со Менхенгладбах не завршивме прво место и наместо Динамо Киев што им се падна на Сити ни се падна Баерн и испаднавме. Годинава пак се мачевме во групите, против Лион не спаси Буфон со 3-4 интервенции што беа чисти голови, со Севиља изигравме два многу слаби натпревари, нијанси одлучуваа, не тактички замисли.

Тоа е моето гледање, сега ти или било кој може да се согласува или не, тоа е ваша работа. Тоа сакам да кажам дека од Јануари наваму со оваа драстична промена Алегри вистински заслужи почит, оти овде веќе не станува збор за индивидуални потези или случајности, туку тимот целосно го привикна на овој стил на игра, во сосема нова формација, со доста добри улоги распределени на играчите според нивните карактеристики. Самиот факт што Барса ја поминавме убедливо и пред се заслужено зборува само за себе.

Јас не сум идиот кој без потреба ќе плука по тренер за инает, еве годинава и да испаднеме нема Алегри да биде крив за тоа, едноставно ЛШ е еден голем сплет на околности. Тој си ја заврши работата, сега се е во рацете на играчите, а се разбира најмногу и на среќата.
 
Со Алегри против Баерн испаднавме несреќно, со Конте против Баерн бевме апсолутни аутсајдери. Алегри ги елиминираше Реал и Барселона, Конте испаѓаше у групи од Галатасарај. Ама што се разбираме ние капците. Ти му викаш Конте го шитна клубот сред лето, антикапецот ти вика ама знаеш ли што направи за тимот. После го прашуваш а Алегри што направи, антикапецот ти реплицира со „а знаеш ли Алегри што кажуваше за Јувентус дур бил тренер на Милан“ :facepalm:
Што сакам Конте да отиде у Интер као што се шпекулира, тек тогаш антикапецов ќе излиже све што плукнал. Секако, ако е прав фан, а не капец како мене.
 
Човек префрли се во другиот фан клуб, ЛЕ утакмица имате вечер.

Кој е како тебе ако освојат Јуве и Јунајтед ЛШ и ЛЕ единствен ќе си на светот што ќе може двата тима наеднаш да си ги гледа во Скопје :brlav:
 
Конечно од Јануари наваму првпат покажа дека е тренер на Јуве, до тогаш постојано тимот го водеше онака како што го наследи, плашејќи се да промени, а притоа прикажувајќи доста просечна игра и перформанси. После мечот со Фиорентина конечно се осмели да промени, ова веќе може да се нарече Јувентус на Алегри, бидејќи ја промени формацијата во сосема нова, со драстично променети задачи, со само двајца централни играчи во средината, со еден истурен напаѓач. Ми се допаѓа тоа што го увиде дека немаме доволно играчи за 3ка средина, ја промени комплетно што значи дека се прилагодува на потребите, а не како на почетокот на пример на ланската сезона, кога имавме повреди, а тој наместо да ја промени формацијата, излезе со Падоин на позицијата на Пирло во првите два меча од сезоната против Удинезе и Рома.

Од тактичкот дел сум задоволен, нема што да се бара повеќе, другото останува на играчите. Сепак лично никогаш нема да го засакам како тренер, апсолутно нема да заборавам кога беше тренер на Милан какви тешки гомна јадеше за Јуве. Можеби бидејќи сум меѓу малкуте што ги следи италијанските медиуми директно, ми пречат овие работи, ама што да правам тоа не може да се смени.

Инаку искрено сега воопшто не се плашам од тоа кој ни е тренер (се разбира не мислам на идиоти ала Бенитез или Манчини), не е ова пост калчополи периодот кога Јуве немаше ниту квалитет, ниту пак идентитет и карактер па тренерот требаше да биде главната улога. Сега Јувентус е квалитетен тим, со самодоверба, без психолошки проблеми, па работа на тренерот е само тактички максимално добро да ги постави на теренот и да се обиде да не ја усере работата измислувајќи топла вода како што знаат некои тренери низ Европа моментално тоа да го прават.
Ова ми е последен пост на темава, немам ни време ни желба со некој да се објаснувам, ама ти бе чоек пробваш да докажиш дека Алегри не бил доволно добар тренер за Јуве, не оти ти го мразиш туку дека стварно не бил добар.
Како прво, буквално се ти се базира на формацијата, ко да е ова шах и играш со пиони шо стојат место дури ти не ги мрдниш. То ти е скроз погрешна претстава а цело сфаќање на играта на тоа ти се темели.
Најсвеж пример сношти, на хартија Јувентус излезе со 4 дефанзивни и ти овде ми викаш е браво ја променил формацијата 4-2-3-1. Ама дали стварно беа 4 дефанзивци или беа 5,6 кога влегуваа Барза и Асамоа (ајде ок, 75та минута беше, ама при секој нивни напад Квадрадо и Манџу во линија беа со четворката назад, буквално во линија)? Дали Игуаин ни беше тој 1 во напад или сите го бараа Квадрадо пошто најбрз па испадна најофанзивен играч? Дали Манџукич имаше повеќе дефанзивна улога од офанзивна ко шо стој во 4-2-3-1? Дали Пјанич и Кедира играле некогаш толку самоуверено на сопствена половина и под пресинг?
Алегри ја има таа способност да ја чита играта како што се менува во моментот, да повлеква потези ко Дани Алвес место Лихт на клучна утакмица, Да ја подреди утакмицата кон најаките играчи со кој шо во тој момент располагал, било да се тие Погба, Тевез, Игуаин или Мората, или во однос на противникот,
Викаш дека покажувал просечна игра и перформанси? Стварно? Ги доби Манчестер Сити два пати (во тој момент првак на премиер лига), ја демолира Борусија, го помина Реал во полуфинале без да загуби, технички (во регуларен дел) не загуби од Баерн и то е за тебе просечен резултат? Финале на ЛШ стигна во прва негова сезона, ти викаш за просечни резултати. ОК. Или мораше и сите дерби утакмици да ги добива против Милан, Интер Наполи па тогаш ќе беше убедлив? Септември или Октомври бевме ко изјави дека нема да форсира и ја темпира формата за во март кога се кршат резултатите и 100% во право испадна. Спореди го Јуве со Барса, Реал или Баерн во овој момент, ете крај на април сме, најпсихофизички спремен делува (нема да речам најак пошто не е, ама со сите и повеќе од конкурентен е) Просечна игра покажувал, озбилно... Успеа од -12 од првиот да заврши на +12 од Наполи на крај на сезона и сето то со просечна игра.
Друго набројваш како Јувентус играл слабо во групите, прочитај погоре за како Алегри на почеток на сезона ја темпира играта, бара која е најпогодна позиција за секој играч шо го има (најочигледен пример Манџукич) па макар морал да го држи еден Дибала пола сезона на клупа.
Си се запнал за тоа нијанси нијанси, и како наследил изграден тим. Тој тим очигледно функционирал штом освоил 3 титули пред него, требаше од корен да го менува? Настрана што секоја сезона по 1-2 клучни играчи му заминуваа, само одбраната остана негибната па можеше да ја надградува со Ругани, Сандро, или да ротира повредени играчи ко Бенатија, Асамоа или Евра. Овај тим се базира на одбрана, то му е трејдмарк, а ти ми збораш како не ја променал 3-5-2 шо беше прочитана книга за секој шо играл против Јуве, епа не ја менваше пошто и тогаш таја 3ка сосе Буфон беше најсилната алка и најуигран дел во тимот. И да, ретко кој тим напаѓа цела утакмица против Јувентус да Алегри мора да се брани со два централни дефанзивци.
И на крајот ти е најоглемиот бисер, Јувентус сега бил психолошки многу силен и играчки моќен па не му требало некој тренер да измислува топла вода туку само да им кажи кој на која позиција да игра и толку, да си седни на клупа. Па за толку и јас знам да му ебам мајката. Сега од една страна викаш наследил силен тим и со изграден систем и зошто не го менува да се докажи, а од друга страна ова го велиш.
Ете го сношти Луис Енрике, наследи јак тим со вероватно најакиот напад во историјата на фудбалот, се усра тотално, дали нешто значајно имаше променато од тимот со самодоверба шо газеше во Европа до пред 2 години? нели требаше само да ги постави и да си го лади на клупа, не измисли топла вода ко шо велиш.
Се изнапишав реферати, не ми се верва некој да се гњави да чита, ич не ми е гајле дали го сакаш Алегри како тренер, твое си е тоа на крајот на краиштата, ама да убедуваш дека не бил добар се до јануар (?) па после решил да се уозбили, ама ич не ти држи место.

p.s И рече дека не си чоек шо би плукал на тренерот после нијанса (со твој зборој) утакмица како реваншот против Баерн, ама најди си го постот кај шо го нарече најголема пичка пошто решил да се брани во последни 30 минути против Баерн, на нивни терен, со преусисан од трчање Мората и два гола позитива.

Се одјавувам од темава за век и веков, ауфидерзен.
 
Немој бе симо, не им ја сечи бичкијата... :(

Не може да го трпи 2 месеци на форум,ја 15 години го трпам ретардава у животов. :kafence:
И ти им ја сечеше бичкијата,ама што бидна...? :D
 
100 аргументи имаш отворено, на кои не гледам потреба да се навраќаме, бидејќи во моментот повеќе не се ни битни.

За неколку работи само, никаде не напишав просечни резултати, туку просечни игри и перформанси. Ова не значи дека игравме просечно во буквална смисла, туку во однос на резултатите доста под можностите. Пред се против помалите тимови овие години, можеш и после мечевите овде да прочиташ колку пати имаше ногодување од повеќето фанови. Знам дека на фанови е претшко да се погоди, ама Јуве знаеше да биде доста неубедлив, нешто што на краток рок е во ред, ама на долга стаза не е баш нешто допадливо.

За формацијата не мислам конкретно на вчера, туку општо од пост Фиорентина навака. Се разбира дека од меч во меч формацијата ќе има различни интерпретации, ама факт е дека и вчера покрај се тоа беше 4-2-3-1, особено во напад. Манџукич доста пати ја имаше топката лево напред слободен, Квадрадо спроти него на другата страна, Дибала и Игуаин централно.

Манчестер Сити (кој патем не беше шампион на Англија), Дортмунд и слични беа катастрофа екипи во спредба со Јувентус. Баш тоа болеше лани, што две победи против Сити ни го доведоа Баерн во 1/8 финале. Не може тоа да го наречеш темпирање форма, ти се молам. Јувентус играше доста слабо во групите и тоа е факт, се гледа по двете втори места во 2014 и 2015 и едвај првото место годинава. Јуве како голем тим треба да почне со 4 победи во првите 4 кола и да си свирка во последните две. Покрај тоа точно дека од -12 освоивме титула, ама тие -12 не дојдоа по вина на некој друг. Едноставно тоа беше недозволиво, со Јуве во оваа ситуација да не освоиш Серија А а рамно на Апокалипса. Тоа што почна очајно беше делумно и вина на Алегри. Да не заборавиме и речиси бламот против Интер кога на добиен прв меч против Интер од 3-0, загубивме 3-0 во реваншот и се спасувавме на пенали. Сигурно тоа не беше бидејќи Интер е страшен тим.

Искрено ако си го гледал Јувентус 2008, 09,10,11,12 па и навака ќе знаеш дека на психолошки план беа очај. Во пост калчополи периодот имавме такви резултати што целосно ја разнишија самодовербата. Баерн 1-4, Фулам, Сиена од 3-0, 3-3, Киево, Катанија и Чезена ни израмнуваа по водство од по два разлика и да не набројувам. Тоа не се враќа наеднаш, потребни се неколку години. Во 2011 почна малце да се враќа самодовербата и страхопочитта на противниците во Италија, ама за Европа беше потребно повеќе време, дури уште не е и на тоа ниво на кое треба да биде за Јуве, ама е доста оптимално.

Би тегнел до недоглед, ама нема потреба. Сега сме во најбитната фаза од сезоната, полуфинале ЛШ ќе има веќе за две недели. Нема потреба од навраќање на работи, кои реално беа негативни, ама не оставија некои трајни последици по резултатите, со некои мали исклучоци.
 
Алегри е тренериште само некогаш знае да направи кукавицски потези тоа и е лоша страна, нема самодоверба но колку што гледам се подобрува и во таа насока, иначе ке знаеме каков тренер бил Алегри кога нема да биде наш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom