Scirea
ZARDOZ
- Член од
- 4 август 2010
- Мислења
- 27.863
- Поени од реакции
- 89.647
Koja фаца е овој Киелини...![]()
господин Лигњавко звани магистар Кијелини.

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Koja фаца е овој Киелини...![]()
господин Лигњавко звани магистар Кијелини.
Знам дека си субјективен во врска со Алегри и твое право си е, ама да кажеш дека Алегри сега прв пат покажал дека е тренер на Јувентус и тек сега направил промени после 3 години, не ти држи вода.Конечно од Јануари наваму првпат покажа дека е тренер на Јуве, до тогаш постојано тимот го водеше онака како што го наследи, плашејќи се да промени, а притоа прикажувајќи доста просечна игра и перформанси. После мечот со Фиорентина конечно се осмели да промени, ова веќе може да се нарече Јувентус на Алегри, бидејќи ја промени формацијата во сосема нова, со драстично променети задачи, со само двајца централни играчи во средината, со еден истурен напаѓач. Ми се допаѓа тоа што го увиде дека немаме доволно играчи за 3ка средина, ја промени комплетно што значи дека се прилагодува на потребите, а не како на почетокот на пример на ланската сезона, кога имавме повреди, а тој наместо да ја промени формацијата, излезе со Падоин на позицијата на Пирло во првите два меча од сезоната против Удинезе и Рома.
Од тактичкот дел сум задоволен, нема што да се бара повеќе, другото останува на играчите. Сепак лично никогаш нема да го засакам како тренер, апсолутно нема да заборавам кога беше тренер на Милан какви тешки гомна јадеше за Јуве. Можеби бидејќи сум меѓу малкуте што ги следи италијанските медиуми директно, ми пречат овие работи, ама што да правам тоа не може да се смени.
Инаку искрено сега воопшто не се плашам од тоа кој ни е тренер (се разбира не мислам на идиоти ала Бенитез или Манчини), не е ова пост калчополи периодот кога Јуве немаше ниту квалитет, ниту пак идентитет и карактер па тренерот требаше да биде главната улога. Сега Јувентус е квалитетен тим, со самодоверба, без психолошки проблеми, па работа на тренерот е само тактички максимално добро да ги постави на теренот и да се обиде да не ја усере работата измислувајќи топла вода како што знаат некои тренери низ Европа моментално тоа да го прават.
Pozdrav za clenot ili clenovite sto komentiraa deka Kielini bil 3ti ili 4ti CB vo timotRazvali kompletno vo najbitnite utakmici godinava, klasika king kong
Sent from my HTC One mini 2 using Tapatalk
Види сега другар со тебе и со Ширеа немам проблем да дебатирам, за разлика од капци како Апидрон што навива за 17 клуба и што самиот не знае на која страна да се заврти и меша баби и жаби.Знам дека си субјективен во врска со Алегри и твое право си е, ама да кажеш дека Алегри сега прв пат покажал дека е тренер на Јувентус и тек сега направил промени после 3 години, не ти држи вода.
Да не заборавиме дека една година од кога испаднавме во групи ЛШ, се смени формацијата комплетно и наредната година стигнавме да играме финале ЛШ(каде што изигравме одлично бтв и решија нијанси). Искрено тоа ако не е драстична промена, не знам што е.
Тоа што повторно менува формација и повторно е успешен и покрај недостиг на играчи(клупата ни е ужас), само покажува колку е флексибилен и си го заслужува местото на листата на врвни тренери.
Човек префрли се во другиот фан клуб, ЛЕ утакмица имате вечер.Со Алегри против Баерн испаднавме несреќно, со Конте против Баерн бевме апсолутни аутсајдери. Алегри ги елиминираше Реал и Барселона, Конте испаѓаше у групи од Галатасарај. Ама што се разбираме ние капците. Ти му викаш Конте го шитна клубот сред лето, антикапецот ти вика ама знаеш ли што направи за тимот. После го прашуваш а Алегри што направи, антикапецот ти реплицира со „а знаеш ли Алегри што кажуваше за Јувентус дур бил тренер на Милан“
Што сакам Конте да отиде у Интер као што се шпекулира, тек тогаш антикапецов ќе излиже све што плукнал. Секако, ако е прав фан, а не капец како мене.
Ова ми е последен пост на темава, немам ни време ни желба со некој да се објаснувам, ама ти бе чоек пробваш да докажиш дека Алегри не бил доволно добар тренер за Јуве, не оти ти го мразиш туку дека стварно не бил добар.Конечно од Јануари наваму првпат покажа дека е тренер на Јуве, до тогаш постојано тимот го водеше онака како што го наследи, плашејќи се да промени, а притоа прикажувајќи доста просечна игра и перформанси. После мечот со Фиорентина конечно се осмели да промени, ова веќе може да се нарече Јувентус на Алегри, бидејќи ја промени формацијата во сосема нова, со драстично променети задачи, со само двајца централни играчи во средината, со еден истурен напаѓач. Ми се допаѓа тоа што го увиде дека немаме доволно играчи за 3ка средина, ја промени комплетно што значи дека се прилагодува на потребите, а не како на почетокот на пример на ланската сезона, кога имавме повреди, а тој наместо да ја промени формацијата, излезе со Падоин на позицијата на Пирло во првите два меча од сезоната против Удинезе и Рома.
Од тактичкот дел сум задоволен, нема што да се бара повеќе, другото останува на играчите. Сепак лично никогаш нема да го засакам како тренер, апсолутно нема да заборавам кога беше тренер на Милан какви тешки гомна јадеше за Јуве. Можеби бидејќи сум меѓу малкуте што ги следи италијанските медиуми директно, ми пречат овие работи, ама што да правам тоа не може да се смени.
Инаку искрено сега воопшто не се плашам од тоа кој ни е тренер (се разбира не мислам на идиоти ала Бенитез или Манчини), не е ова пост калчополи периодот кога Јуве немаше ниту квалитет, ниту пак идентитет и карактер па тренерот требаше да биде главната улога. Сега Јувентус е квалитетен тим, со самодоверба, без психолошки проблеми, па работа на тренерот е само тактички максимално добро да ги постави на теренот и да се обиде да не ја усере работата измислувајќи топла вода како што знаат некои тренери низ Европа моментално тоа да го прават.
Се одјавувам од темава за век и веков, ауфидерзен
Се одјавувам од темава за век и веков, ауфидерзен.
Немој бе симо, не им ја сечи бичкијата...![]()
100 аргументи имаш отворено, на кои не гледам потреба да се навраќаме, бидејќи во моментот повеќе не се ни битни.Ова ми е последен пост на темава, немам ни време ни желба со некој да се објаснувам, ама ти бе чоек пробваш да докажиш дека Алегри не бил доволно добар тренер за Јуве, не оти ти го мразиш туку дека стварно не бил добар.
Како прво, буквално се ти се базира на формацијата, ко да е ова шах и играш со пиони шо стојат место дури ти не ги мрдниш. То ти е скроз погрешна претстава а цело сфаќање на играта на тоа ти се темели.
Најсвеж пример сношти, на хартија Јувентус излезе со 4 дефанзивни и ти овде ми викаш е браво ја променил формацијата 4-2-3-1. Ама дали стварно беа 4 дефанзивци или беа 5,6 кога влегуваа Барза и Асамоа (ајде ок, 75та минута беше, ама при секој нивни напад Квадрадо и Манџу во линија беа со четворката назад, буквално во линија)? Дали Игуаин ни беше тој 1 во напад или сите го бараа Квадрадо пошто најбрз па испадна најофанзивен играч? Дали Манџукич имаше повеќе дефанзивна улога од офанзивна ко шо стој во 4-2-3-1? Дали Пјанич и Кедира играле некогаш толку самоуверено на сопствена половина и под пресинг?
Алегри ја има таа способност да ја чита играта како што се менува во моментот, да повлеква потези ко Дани Алвес место Лихт на клучна утакмица, Да ја подреди утакмицата кон најаките играчи со кој шо во тој момент располагал, било да се тие Погба, Тевез, Игуаин или Мората, или во однос на противникот,
Викаш дека покажувал просечна игра и перформанси? Стварно? Ги доби Манчестер Сити два пати (во тој момент првак на премиер лига), ја демолира Борусија, го помина Реал во полуфинале без да загуби, технички (во регуларен дел) не загуби од Баерн и то е за тебе просечен резултат? Финале на ЛШ стигна во прва негова сезона, ти викаш за просечни резултати. ОК. Или мораше и сите дерби утакмици да ги добива против Милан, Интер Наполи па тогаш ќе беше убедлив? Септември или Октомври бевме ко изјави дека нема да форсира и ја темпира формата за во март кога се кршат резултатите и 100% во право испадна. Спореди го Јуве со Барса, Реал или Баерн во овој момент, ете крај на април сме, најпсихофизички спремен делува (нема да речам најак пошто не е, ама со сите и повеќе од конкурентен е) Просечна игра покажувал, озбилно... Успеа од -12 од првиот да заврши на +12 од Наполи на крај на сезона и сето то со просечна игра.
Друго набројваш како Јувентус играл слабо во групите, прочитај погоре за како Алегри на почеток на сезона ја темпира играта, бара која е најпогодна позиција за секој играч шо го има (најочигледен пример Манџукич) па макар морал да го држи еден Дибала пола сезона на клупа.
Си се запнал за тоа нијанси нијанси, и како наследил изграден тим. Тој тим очигледно функционирал штом освоил 3 титули пред него, требаше од корен да го менува? Настрана што секоја сезона по 1-2 клучни играчи му заминуваа, само одбраната остана негибната па можеше да ја надградува со Ругани, Сандро, или да ротира повредени играчи ко Бенатија, Асамоа или Евра. Овај тим се базира на одбрана, то му е трејдмарк, а ти ми збораш како не ја променал 3-5-2 шо беше прочитана книга за секој шо играл против Јуве, епа не ја менваше пошто и тогаш таја 3ка сосе Буфон беше најсилната алка и најуигран дел во тимот. И да, ретко кој тим напаѓа цела утакмица против Јувентус да Алегри мора да се брани со два централни дефанзивци.
И на крајот ти е најоглемиот бисер, Јувентус сега бил психолошки многу силен и играчки моќен па не му требало некој тренер да измислува топла вода туку само да им кажи кој на која позиција да игра и толку, да си седни на клупа. Па за толку и јас знам да му ебам мајката. Сега од една страна викаш наследил силен тим и со изграден систем и зошто не го менува да се докажи, а од друга страна ова го велиш.
Ете го сношти Луис Енрике, наследи јак тим со вероватно најакиот напад во историјата на фудбалот, се усра тотално, дали нешто значајно имаше променато од тимот со самодоверба шо газеше во Европа до пред 2 години? нели требаше само да ги постави и да си го лади на клупа, не измисли топла вода ко шо велиш.
Се изнапишав реферати, не ми се верва некој да се гњави да чита, ич не ми е гајле дали го сакаш Алегри како тренер, твое си е тоа на крајот на краиштата, ама да убедуваш дека не бил добар се до јануар (?) па после решил да се уозбили, ама ич не ти држи место.
p.s И рече дека не си чоек шо би плукал на тренерот после нијанса (со твој зборој) утакмица како реваншот против Баерн, ама најди си го постот кај шо го нарече најголема пичка пошто решил да се брани во последни 30 минути против Баерн, на нивни терен, со преусисан од трчање Мората и два гола позитива.
Се одјавувам од темава за век и веков, ауфидерзен.