Имаш правила на форумов, ако не си ги прочитал, прочитај ги. Можеби и мене не ми се допаѓаат, но мора да се почитуваат.
1. Тоа е програма на влада. Владата ќе ја сочинуваат сите партии во коалицијата, некоја повеќе, некоја помалку. Тоа можеш како сакаш да го прифатиш.
2. Ти поставив прашање и чекам одговор. Вмро е шовинистичка партија, која цело време меле и меле за македонизмот. А видовме во бомбите колку го застапувале македонизмот и како името можело да биде променето. Пред тоа сакаа да го менуваат и државниот грб, нели со бугарски лав, и се договарале со дуи за нов закон за јазиците! Вмро цело време нешто не прави, а тоа тајно го прави, и ако настане грешка ја криви опозицијата! Ти за таква партија си се одлучил!?
3. Како може да очекуваш резултат кога секоја институција ги затвара вратите пред нивните истраги? Имаш идиотски и крајно корумпирани судии кои цело свое семејсво си го пикнале во судството преку партиска линија и прават се’ што може да се направи за СЈО испадне грешно, а паторот и смрадот криминалци околу него, да бидат невини за сите тие злодела кои ги направиле. Немаше да очекуваме ништо, ако ЈО експерсно, после бомбите, одма не започнеше истраги. Зошто така јавно не ја истакнуваш општата незадоволност од работата на ЈО? Или тоа е дел од машинеријата на вмро, па не смее да се чепка!?
4. Знаеме. Од дуи неколку пати рекоа дека главната причина била СЈО. Од вмро, пак рекоа дека не се сложиле околу законот за јазиците, што нормално излезе дека они направиле коалиција, ама еден телефонски разговор таа ја расипал! Смешки.
Ти си тој што врска нема што пишува. Јас реков дека пратформа нема, не дека немало, а сега има само програма за влада. Сакаш верувај, сакаш не, јас не можам со сила знаење да ти дадам.