Вака, јас го видов штандот од лајка во Прилеп, во центарот, беше поставен пред новиот споменик (Крали Марко), и им кажав дека сакам да се префрлам кај нив. Потоа тие ми дадоа формулар. За сим: ми дадоа бесплатна сим, не ја купив со кредит. За тоа дали таа картица имаше број не ни проверив, а и не е битно, затоа што ме известија дека таа картица ќе ја ставам во телефонот дури откако ќе снемам мрежа од ВИП (што значи откако префрлањето ќе биде прифатено, и ВИП ќе ме исклучат од мрежата).
За 4г прашав и јас, и ми рекоа дека имаат во тест фаза. И навистина, ако пробаш на телефонот да одбериш мрежа мануелно, се појавува и Лајка мрежа LTE, но неможе да се конектираш на неа. Дали ќе биде во јуни не знам, но за социјални мрежи и сурфање и овој сегашен 3г е сосема добар. Youtube без проблем си полни.
Се надевам дека ќе се префрлат повеќе луѓе, па ќе добиеме вистински конкурент на 2та гиганти кои моментално дерат со 2 годишни договори, со прескапи претплати, во кои има срамно малку интернет, и патем телефонските апарати кои ги продаваат се ненормално поскапи од нивната реална продажна цена низ светот, па со некоја од средните претплати (околу 700-800 денари е средна претплата и кај 2та оператори), да можеш да земеш телефон по „повластена“ цена, која всушност е реалната цена, или цената по која телефонот би требало да се продава без никаков договор.