Ми пикаш зборови во уста? Кај сум рекол да не се казнат криминалите? Јас не сум за грујо да остане на власт, јас сум против зајо да дојде, поради неговите задни намери и селективна правда.
Не сакам јас така, така е!! Императив на широка народна маса се продава реваншизам, „ќе им ебеме мамата“, и на крај завршува како „секое чудо за два дена“. Зајо со својата селективна правда не нуди нешто што не сме го виделе, ситнопартиски, дневнополитички пазарења, ништо повеќе.
Не е само тоа проблемот, проблемот и бедата. Со кој и за кој ќе правиш бизнис? Во Македонија нема никаков обрт на пари.
Јас ја гледам состојбата каква што е, и таква ја презентирам. И никаде не сум рекол дека е нормална, тоа што фактичката состојба што ја презентирам ја сваќаш како моја желба тоа е твој проблем. Ова што се случува во последните 27 години во оваа држава е далеку од нормално и тешко може да се најде пример во историјата за ова лудило што ни се случува.
Целата реторика и користење изрази „селективна правда“, „задни намери“ ти е прорежимска. Не знам кои се „предни намери“, ама селективна правда тера ЈО на Зврлевски, селективна правда тераат судовите, антикорупциска, која нема ниеден случај сработено во последниве 10 години. Што е за тебе „селективна правда“? Тоа што СЈО објавува истраги само за дпне и неговите функционери? Не е за тебе индикативно што опозицијата му ги има предадено истите материјали и на ОЈО и на СЈО и првите немаат ниеден процес повлечено, а наспроти тоа експресно го подигнаа ПУЧ и осудија (со присила) луѓе за еден месец? Тоа не ли е „ќе им ебеме мамата“? Што е, ај објасни и кој врз кого го прави.
Обрт на пари нема затоа што државата ги испорика бизнисите. Измислуваа закони со кои државата како должник е едно, ама државните фирми се друго, општините трето, само за да се испозаташка задолженоста и да се прикрие фактот дека секој и што сака и што не сака работи во корист на популизмот на паторот, а тој не му должи никому. Тоа никој не го правеше пред тоа.
И пак не е се така црно за бизнисот како што мислиш во смисол дека Македонија може да биде конкурентна со производи во регионов, не подалеку. Не можеш да ме убедиш дека стопанствениците не знаат да водат бизнис. И во вакви услови има луѓе што живуркаат, ама фамилијата тие ги раситни да се бројат на прсти. Ги збудале со рекет, давачки, присилни вработувања во приватен сектор по партиска линија - да, и тоа го има и тоа поприлично. Има и „добра“ позадина на ова - се задолжува секојдневно за исплата на плати на администрација и пензии, гради рингишпили и други непродуктивни говна што ни јапонска економија не може да ги издржи и тие кредити нема друг начин да се платат освен од репресивен однос кон домашни бизниси. Оди побарај со фирмата поврат на ДДВ од УЈП да видиш што ќе ти се случи - ќе ти преспијат инспектори у фирма и ќе ти најдат дека ти фали некоја запирка на фактурите па не само што нема да си ги земеш парите што ти следуваат, туку и ќе те попарат со казни. Е тоа е реваншизам бе дечко. Тоа е „товарање на магарето“ без усул. Ако го слушаш бетон шупелката - сенс за бизнис за него ти е да лапосаш тендер и да ги делиш пари со распишувачот на тендерот, а да не сработиш ништо - тоа е сенс за криминал, за лоповлук и тоа не усидрува у го**ава и не смее да не се казни.
Не викаш дека е „нормална состојбава“, ама ај да не менуваме, тоа викаш. Не би ти реагирал инаку на ваква аматерска релативизација на состојбите.[DOUBLEPOST=1491210457][/DOUBLEPOST]
Дури и на лица со пречки во развојот? Што може тој да сфати жити се?
Ти имаш нешто против лицата со пречки во развојот? Треба да ти го санкционираат постов за дискриминација.
Тоа се луѓе што немале шанса во животот, за разлика од тебе што си се родил здрав, прав, ама си останал затуцан, исфрустриран и глуп ко коњ - си имал шанса, ама толку ти бил паметот.