Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
како што имаше референдум за излез од СФРЈ, така може да има и за влез во друга федерација со Турција ..А зошто не не прашаа на Референдум дали сакаме во ЕУ и НАТОЧовек што трола можи гомна да јади за твоиве мислења на темава. А замисли ти си мртов озбилен и сериозно ги пишуваш овие глупости.
Шо значи, не е до американците до народите е. Каде народот е сложен и гледа иднина таму се парите добро потрошени, таму каде владее нешто ко нашиот менталитет му се еба мајката на народот.Зошто не кажиш дека еден куп тоталитарни режими после Втора светска војна се финансирани од американски пари??
Аугусто Пиноче е само еден од пулените подржани од демократска Америка, а познат е по тоа што живи ги горел опозиционерите во Чиле!
http://lokalno.mk/augusto-pinoche-zhivi-gi-gorel-opozicionerite/
Али добро ќе беше, само Пиноче да го донесоа и со американски пари да го одржаваа на власт... мал милион други има... поопширно!
https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_authoritarian_regimes_supported_by_the_United_States
Случајот со Тито и експериментот Југославија е најпознат за нас. По судирот на Информбирото ја затрупаа Југославија од кредити и пари, со кои се изградија еден куп фабирики, патишта и останата инфраструктура... едноставно европска сила направија од разурната држава, ама по смртта на Тито од кога го завршија експериментот... видовме сите како заврши со директна интервенција на демократскиот и слободарски Запад!
И сега кога веќе го спомна, апропо на она „каменот“ од Муса Џафери, јас ќе ти речам... „УСАИД“??![]()
Гнасо една, малку ти беше 5 века турски к**? Ти ли се нарекуваш Македонец бе?како што имаше референдум за излез од СФРЈ, така може да има и за влез во друга федерација со Турција ..А зошто не не прашаа на Референдум дали сакаме во ЕУ и НАТО
Ако веќе мора да има и друг државен јазик подобро турскиот, а Турција ќе ја задржи целовитоста и идентитетот на РМ подобро и од ЕУ и НАТО....
Сега како е Ердоган скар со ЕУ, ова може и да го прифати...
Под тоа да не се луксузираш, мислиш доста ти е леб и млеко, а месо само во недела да биде мизеријата посвечена.Zasto so prosecni Makedonski primanja pravis paralela so Germanija i koj toa moze da si dozvoli vikend vo Grcka osven ako ne podignat kes kredit pa cela godina da go otplakaat
Prihodi od 600 evra obezbeduvaat soliden zivot se razbira ako ne se luksuziras
Уште дента кога завршија изборите, се проширија тие гласини претежно во таборот на дпмне. Така беше и 2001 година, некој контролиран конфликт кој ги натера двете мк партии да седнат на маса и да потпишат капитулација. Следно што ќе биде што треба да потпишат е федерализација меѓу република Македонија и република Илирида. Договорена во Тирана во март 2012 година. Со ова името и дефакто ќе биде сменето. Меѓутоа пак ќе кажам во меѓувреме мислам дека им се имаат поматено плановите....[DOUBLEPOST=1491213049][/DOUBLEPOST]Намерите на зајко ми се небитни, бидејќи човекот НЕ бил на власт 10 години. Грујо НЕ го затвори кога требаше, значи Грујо дозволи сценариото да тече.
А намерите на Грујо и последиците од неговиот тоталиризам сега ги осеќаме и уште долго ќе ги осеќаме.
Во 2015 кажав, па да се повторам:
Неколку дена после последните избори 2013 , седев со еден другар чиј роднината има јаки врски во разузнавање. Уште тогаш викаше : за 2 години ќе влезе СДСМ во власта и заедно со ВМРО ќе го сменат името и после пак ВМРО ќе си биде на власт. (дај боже да е грешка , ама се натака ми изгледа работава)
Е сеа дал името или нешто друго, битно ќе го јадеме
Има еден виц: петелот бркал 2 кокошки, а овие викаат ај ќе свртиме уште еден круг да не испаднеме лесни.
Така и со сегашниве пред собрание, божем ја бранат татковината а веќе се е договорено од фамилијата,но за да имаат оправдување црпко е виновен.
Притоа:
- вработени на државна цицка од 120.000 на 180.000
- неефикасност и корумпираност
- долгот зголемен неколку пати, за да се врати кога ќе почнат да растат даноци
- регулации,ограничувања и закони да се чудиш,божем нуклеарка правиш
- образование -уништени генерации
Убаво се грижите за татковината, само чија![]()
Добро, што има врска дали сме свесни што е војна или не сме свесни? Каква врска има тоа кога ќе ти дојде војната на врата? Или ќе одат од врата до врата и те прашуваат извинете, вие сте свесни што значи војна? Не. Ах извинете, чао....Војската или кој и да е нема што да му биде наклонета на Зајо или не. Војската си работи според устав и закон а не дали нешто и се свиѓа или не.
Не е ова некоја Арапска Република (иако блиску сме и до тоа).
Добро вие дали сте свесни што значи тоа војна за државава и за луѓето што живеат тука.
Сега земјава е дупка во Европа, тогаш на што ли ќе личи. Очекуваш младите да останат тука после?
Па да, зајо е само потребен да се замајува народот дека е тоа сценарио на грујо за да се задржи на власт. Штета што успеваме да паднеме на иста финта како во 2001 со големото уво. Како и да е и во двете теории, све е братски одработено.[DOUBLEPOST=1491214399][/DOUBLEPOST]...ги испушташ од равенката 101-ва ерборн и косовските банди за брзи интервенции зајакнати со локални качаци и башибозук, на кои зајко и сдсм сметаат одкога и ја почнаа авантурава. Не се тие до толку мутави...![]()
![]()
![]()
Зошто мојата борба против двојазичноста мора да биде во склоп со режимот? Дали тоа зајо му даде на режимот ексклузивно право да ја брани Македонија од двојазичност?Не спомна никаде ама против тоа се борите, двојазичноста. Значи сакате едните да не воведат двојазичност туку другите, бидејќи веќе се договорени уште од лани. Па сега е нејасно тоа како сакаш подобра економија и подобар живот, ама кога станува збор за двојазичност тогаш животот и економијата не ја спомнуваш. Ако има двојазичност ќе пропадне државата, ако нема двојазичност готово ќе бидат богати сите.
Војската или кој и да е нема што да му биде наклонета на Зајо или не. Војската си работи според устав и закон а не дали нешто и се свиѓа или не.
Не е ова некоја Арапска Република (иако блиску сме и до тоа).
Добро вие дали сте свесни што значи тоа војна за државава и за луѓето што живеат тука.
Сега земјава е дупка во Европа, тогаш на што ли ќе личи. Очекуваш младите да останат тука после?
За будали како тебе, јамајка волк и слични треба да постојат институции, па таму да си праите формат, реинстал и ресет.Браво Jamajka баш ми е драго што како еден од ретките овде си сватил во кој базен пливаме, каков е квалитетот и температурата на водата и каде се неговите рабови.., краевите на базенот. Веројатно и дека тој базен е дел од многу поголем , во кој има и покрупни ајкули,па кој е храбар, изгубен или неам појма каков Немо оди да плива таму привлечен од големината, синилото и слободата која ја ветува. Се додека, ако во меѓувреме не послужи како ручек некому, не свати дека ниската орбита е најдалеку и највисоко до каде може да стигне, ако е ептен среќник и порасне доволно голем. И толку...
Соништата се секако многу битна работа у животу..., а дијагнозата 95% од лекот, кој е всушност секогаш беспари...
Да те демистифицираме, кога не ти одговара си плачко!!!За будали како тебе, јамајка волк и слични треба да постојат институции, па таму да си праите формат, реинстал и ресет.
Ова катче ви се погоди ептен да си ги шерувате срањата, штета за нормалниот народ што мора да ве чита.
Оправдување пред кого? : )))
По својата суштина, изјавата на Орбан и поведението на Груевски и Меркел се дел од таканаречената „Фалон доктрина“ на бегалски интервенционизам на Европа
Некаде во доцните деведесетти години на минатиот век, присуствував на средба помеѓу влијателен западен амбасадор со водството на едната од нај-најалбанските партии, штотуку новопечени во владините клупи. Сместени во нивната канцеларија со полн пепелник испушоци, двајцата лидери редеа слој по слој на дневни и локални политики со визионерски феномени и глобални стратегии. Не требаше премногу време прагмата да исплива на виделина и „мудриот“ интелектуален деец му се обрати на гостинот со тивка доза на драмска тензичност и едвај изглумена релаксираност. „Знаеме дека по многу нешта не се согласувате со ставовите на нашата партија. Но би требало да знаете дека доколку ни се ускрати поддршка за нашите политики, оние кои ќе дојдат по нас ќе бидат многу порадикални и некооперативни“. Неумесно е да се интерпретира дали искажаното беше со намера да се упати закана, но во секој случај таа не предизвика никаква реакција на собеседникот кој остана прибран во униформата на дипломатска резерва.
По средбата, додека автомобилот мирно лизгаше кон Скопје по свежо изградениот автопат (со една украдена лента) амбасадорот низ разговор за впечатоците од состанокот, кусо искоментира низ парафразиран заклучок: „Во секој случај, предупредувањето дека оние кои ќе дојдат по нив се порадикални, значи дека овие не ја контролираат состојбата на теренот, немаат вистинка политичка моќ, ниту поддршка кај населението“. Очекувано, тоа беше и завршната нота на неговиот извештај до централата.
Епизодата ми остана во паметење како илустрација дека не секогаш, но сепак најчесто, забораваме дека зборовите кои ни излегуваат од усти не завршуваат на ист начин во ушите на соговорникот кои ја читаат на сосема спротивен начин од замислениот и посакуваниот ефект. Дека заканата наместо да биде разбрана како причина за стравопочит, се интерпретира како доказ на слабост, немоќ и страв. Искусниот дипломат токму тоа го прочита во усните и препозна во очите на провинциските итромани.
Истата епизода ми се наврати во сеќавања по последната рунда на паталец-гаталецот Груевски додека низ Малта барал милост и спас од сестринските партии. Со посебен акцент на средбата со Меркел, од која ниту едната од двете страни не пуштија нит звук, нит слика, оставајќи доволно – легитимен – простор за интерпретации за што се разговарало и што се договорило на мистериозната средба. Самиот молк и тајновитост е доволен индикатор дека и двете страни не се пресреќни за дружењето од нужда и преферираат тој сестрински инцест да го држат што подалеку од очите и ушите на јавноста – додека не пропее несаканото дете со полни пелени „мудра политика“. Претпоставувам дека причината, за без-камери-молам, пристапот на Меркел упатува на свеста дека давањето на уште еден појас на спасување на Груевски неминовно води кон рушењето на имиџот на Германија како реформски фактор во регионот. Бивајќи неоспорен балкански enfant terrible par excellence, нејзиното амнестирање или давање на уште една шанса на Груевски ќе биде правилно прочитано од сите автократи, гангстери и демагози во регионот ем како доказ дека Берлин и Меркел сепак не се толку гадливи кон криминалот и корупцијата, ем како прирачник за начинот на кој треба да се однесуваат кон дволичната ЕУ која едно збори (пред камери), второ работи (зад камери) и трето мисли (штом се вратат дома во „владавината на правото“).
Молкот на Груевски е подеднакво доволно зборлив за премрежијата низ кои минува. Големите очекувања и уста полни „брате Трампе“ очигледно не вродуваат со плод, поради што е принуден да заигра на двојна карта. Со тоа што досегашната стратегија на „слави ја Русија, но крсти се во Америка“ сега ја преобразува во „фали го Трамп, држ се до Анџела“. Но во склад со неговите квазидесничарски побратими од почетокот на колумната, поведението на Груевски овој пат не е диктирано од понудата (која ја нема) туку од последната линија на одбрана низ изговорот „да,mea culpa, јас сум навистина ѓубре, мафијаш и кукавица, невреден за вашата поддршка, о Кониге Анџела, но замислете што ќе се случи доколку ме нема мене?“ Всушност, суштината на понудата на Груевски и не е толку неразбирлива, доколку во анализирањето на парадирањата низ Малта ја употребиме техниката на балканска дедукција според принципот „децата зборуваат тоа што слушаат од родителите“. Во конкретниот случај, тоа важи за изјавата на Орбан според кој „само ВМРО-ДПМНЕ може да ја спаси Македонија и ЕУ од нов бегалски бран“.
Изјавата на Орбан не само што дава увид во можните и извесни алаш-вереши на линија Груевски-Меркел, не само што де факто ја сведува ВМРО-ДПМНЕ на ниво на гангста-полициска дружба со употребна вредност на капо во концентрационен логор, туку во себе крие и нешто многу посуштествено и позагрижувачко. Имено, по својата суштина, изјавата на Орбан и поведението на Груевски и Меркел се дел од таканаречената „Фалон доктрина“ на бегалски интервенционизам на Европа, атрибуирана на британскиот министер за одбрана Мајкл Фалон, кој истата ја има изнесено на последната Безбедносна конференција во Минхен. На која Фалон излезе со оправдување за продолженото воено присуство на Британија во Авганистан поради тоа што „колапсот на владата во Кабул ќе води кон масивен бегалски бран. И ние дома ќе ги осетиме последиците мошне директно. Може да се соочиме со три до четири милиони млади Авганистанци принудени да тргнат кон запад, и тие се на пат кон нас“. Секоја сличност со мантрата на Иванов за „30 милиони Африканци на пат кон Богородица“ е неслучајна.
Втората димензија на понудата или алаш-верешот Груевски-Меркел е со внатрешно-политичка употребна вредност и составен дел на проектот за реинвентирање на ВМРО-ДПМНЕ. Илустративен пример за тој дел е саботната реакција во која се осудуваат „тврдокорните“ фракции на тековните демонстрации за „нефин“ однос кон Албанците и етничките заедници. Не е голема тајна дека ВМРО-ДПМНЕ од почеток на демонстрациите се обидува низ дипломатски канали да обвинува дека тврдокорните се всушност измислица на одредени полициски партии и „како му беше името“ уњкави инстант-генерали блиски до опозицијата. Што сепак не може да се отфрли како реална можност (според примери од Ѓорѓе-Петровски блиски мината) но сепак во оваа прилика мотивот на Груевски повеќе упатува на други мотиви за таквото оградување од поборниците за „Заедничка Македонија“. Првиот мотив е секако освестувањето дека шовинистичките гракања на „заедничарите“ веќе доведоа до состојба во која ниту една албанска партија (со исклучок на ДПА) не е веќе беспоговорно подготвена на самоубиствено коалицирање со ДПМНЕ. Вториот пак, мотив е сосема интра-партиска, па и интра-Македонска, во смисла на користењето на „тврдокорните“ како илустрација дека има и порадикални струи од Груевски и тајфата, кои можат да ја преземат партијата. Со оглед на односот на силите, прашање е сепак дали тој аргумент на Груевски се однесува кон „тврдокорните“ или пак цели кон други групации во самото јадро на „заедничарите“ кои не целат кон смена на ликови и задржување исти политики, смена на политики и задржување исти политичари, туку целат кон all inclusive приод на смена на политичари и смена на политики. Со посебен акцент во односот кон Западот.
Непријатното сознание од оваа карамкаша е дека Груевски е само делумно виновен за неа, и тоа во смисла на одговорност за состојбата во која не донесе со неговите умислени и евтини „а ла Б.Ц.“ трикчиња. Но одговорноста за неговото опстојување е сосема на конто на опозицијата и западните дипломатии со нивните одамна прочитани стратегии и непринципиелности во отфрлање на тематската суштина на антигруевстичкиот поход и наметнување на персоналилизирани алтернативи без смисла, срж и суштина. Поедноставено, признале или не, додека„шаренашите“ заедно со Бејли ја банализираа темата на антикорупција преку наметнување на послушници кои нема да чепкаат во продолжувањето на истите политики, „заедничарите“ успеаја да наметнат ем нова тема (патриотска) ем испратат јасна порака до сите пратеници (интересно, без дискриминација по партиска основа) за што може да ги очекува доколку изберат Талати за Спикери. Накратко, лекомисленоста на Бејли, Гарет и Заев борбата против корупцијата да ја сведат на манекенска парада на испразнети ликови директно доведе до гушење на обединувачката тема и промоција на разединувачката платформа.
Што е полесниот дел од сегашната мачнина. Во споредба со веќе се повидливите тенденции за давање на верски призвук на „заедничарската платформа“ како предизвик не само за политичката сцена, туку и за ВМРО-ДПМНЕ и Груевски лично. Атмосферата во македонскиот кампус и онака веќе во добра мерка наликува на состојбата во албанскиот во периодот пред појавата на Беса. Вовлекувањето на религијата во заевистичката замисла на социјалдемократијата, неговото крстосување низ цркви и упорното инсистирање на неговиот „светечко морализаторски“ имиџ се дел од таа (би сакале да веруваме) спонтана наивност. Вклучително и (секако неспонтаната) определба на СДСМ да фаворизира религиски оптоварени ликови од албанската заедница како лучоноши на социјалдемократијата, или пак преференцијален однос на НВО-медиумскиот клан на Шеќеринска кон оној дел од ДУИ познат по тоа што „се урбани и умерени Албанци, бидејќи по дома си зборат Турски“. Поради што сосема се наивни и провидни обидите на петпарачките новинари на Бихаќска јаранството со криминалците со ДУИ да го оправдаат преку наметнување на приказната дека Беса е во дослух со ВМРО-ДПМНЕ. Иако се свесни дека токму Заев е во дослух со Груевски.
Тоа се прави пред формалниот влез. Хрватска најскоро имаше...А зошто не не прашаа на Референдум дали сакаме во ЕУ и НАТО![]()
Пред мнозинството (и плави и црвени и кечиња) кое верува дека политичарите се тие што се грижат за нивната иднина.
А не сфаќаат дека политичарите се криминалци кои одвреме ќе рокнат некој до своите, ама ако се обидеш да им чепнеш од буџетот т.е. ако им го скратиш правото дадено од бога да одлучуваат како да се трошат парите собрани од даноци, одма се ЗДРУЖУВААТ и маме мамино ти ебаваат.