Фудбалски вести

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Среде сезона?
 
На крај на сезона...

Господин чоек.
 
Како што би рекол Вин Дизел ... THIS IS BRAZIL.:icon_mrgr:

http://kajgana.com/skandal-vo-boa-esporte-potpishaa-dogovor-so-golman-osuden-ubiec

Тој отслужи седум години од 22-годишната затворска казна откако беше осуден за убиството на неговата поранешна девојка и мајка на неговиот син Елиза Самудио, а потоа ги хранел кучињата со нејзиното тело.

 
Лукас Подолски стави крај на репрезентативната кариера. Вечерва го одигра неговиот последен натпревар (Германија-Англија) и постигна прекрасен гол.
Ќе го паметиме по тоа што играше 5 пати подобро за репрезентацијата отколку за клубовите. :D

 
Превара-непревара, човекот има страшен шут и интересен карактер, трет најдобар стрелец на репрезентацијата и трет по број на настапи не е случајно, и он како и Клосе немаа завидна клубска кариера.
 
Одлична статистика има Подолски за националниот тим, на 130 натпревари има постигнато 49 гола. Само Клосе и Герд Милер имаат постигнато повеќе голови од него.
 
Лукас Подолски стави крај на репрезентативната кариера. Вечерва го одигра неговиот последен натпревар (Германија-Англија) и постигна прекрасен гол.
Ќе го паметиме по тоа што играше 5 пати подобро за репрезентацијата отколку за клубовите. :D


Биди целосен,беше и капитен.:icon_mrgr:
Страшна кариера со репрезентацијата имаше,секоја чест.
Неговата левица не ја заборавам,екплозовност,силина.:cuc:
Да не го направиме дека човекот е пензиониран,од лето на клупски план се сели во Јапонија.
 
Вчера на Франција-Шпанија било интересно. :D

Прво во 47ма постигнува гол Гризман, следува прописно прославување, честитње, местење на топката на центар... а судијата во меѓувреме се консултира со четвртиот судија, кој ја прегледувал снимката и го поништува голот поради офсајд од Курцава, кој асистирал.

После, пред крајот на мечот Деулофеу дава гол, помошникот дига офсајд, поништен е голот... и судијата пак на микрофон со четвртиот судија, кој на снимката гледа дека сепак во регуларна позиција бил Деулофеу и покажува на центарот. :D



И сеа, ако еве првата одлука да речеме е океј, дали при втората ситуација треба да се признае голот, бидејќи кога ќе видат голманот/играчите дека е офсајд сигурно се опуштаат и не реагираат баш со 100% концентрација? Можеби во конкретната ситуација од вчера и секако ќе погодеше Деулофеу, ама што правиме кога ќе се досуди тесен офсајд на контра, на средина на терен да речеме и напаѓачот излегува 1 на 1 со голманот? Дали ќе треба да се почека едно 10тина - 15 секунди да се види дали ќе даде гол прво (да се доврши акцијата), па после да се прегледува? Оти секако ништо нема да им смени и да им ја вратат топката после тоа.
 
Ова ќе биде едно од најглупите правила во историјата без никакви дилеми. Разбирам во кошарката што е воведена технологијата, односно да се прегледуваат снимки, пошо некогаш стварно има потреба од тоа и може да смени тек на мечот. Дали при блокада топката била во пад или не, дали играчот играл на обрач или не, дали нагазнал на линијата, дали истекло времето за напад при победнички шут итн итн...
Али ова според мене е тотален нон сенс, за миннимални офсајди да се гледаат снимки и да се јебат утакмиците, скроз ми отстапува од убавината на фудбалот. Реално јас фудбалот го доживувам како спорт кој е склон и на грешки од страна на судиите, некогаш ќе види фаул некогаш не, така и со офсајд и слично. Се слагам за гол технологијата, таа нека си биде воведена во секоја можна лига ако треба, ама ова прегледување на снимки за офсајди и други глупости ми е скроз безвезе. Ај ќе дае сеа некој гол и ќе прегледуваме снимка дали врвката му била во офсајд и ако стварно имало таков минимален офсајд ќе поништуваме голови и ќе ебаваме сојки. (n)
 
Јас би ова правило само за пенали. Ако се види чисто дека се симулира одма жолт, ако е во последни 10 минути црвен.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom