Здраво до сите...
Вака...не сум нов во теретана, но очигледно е дека правам работи погрешно штом не добивам резултати. Any kind of results, that is.
"Рекреативно" одев во теретана во текот на 2015-та година. Па направив една поголема пауза, се до ноември 2016. Па, почнав повторно. Во меѓувреме, држев одредени "диети" (менував режими на исхрана поради x причини) и се хранев релативно ОК и здраво, но немав промени во тежината. Да, ги читам сите постови наназад во форумов, и ги запишувам сите добри совети, но, може некој ќе ми акцентира што е проблемот
тука.
Имено, 193 cm со моментални 99/100 кг. Забележлив вишок на кг во пределот на стомакот (surprise, surprise!). Ќе да е до генетика штом никако не можам да симнам кг, а сум менал начин на исхрана и вид на исхрана (во текот на минатата година имав различни режими на исхрана со
целовремено имање на иста килажа!)
Ви прикачив режим на исхрана подоле, би сакал да симнам
максимум 10 кг до накај јули. Совет? На другите им изгледам слабо, btw, претпоставувам ради висината и kind of немањето големи biceps/triceps.
Исто, одам во теретана 6 пати во неделата, сите групи на мускули се вежбаат x2. Од овие денови стартувам и возење точак рано наутро, некои 15-тина километри (пошо конечно добро време!). Ова сакам бар минимум 3 пати во неделата. Сметам дека треба да одам на градење на мускули, не на дефиниција (hello bigger biceps & chest!).
И ЗОШТО НА НАС ВИСОКИТЕ НИ Е ПОТЕШКО ВО ГРАДЕЊЕТО МУСКУЛИ?
Поздрав и благодарам за советите тука, и на други теми низ форумов.
*ваљда не им го земав бизнисот на овие со meal plans. Прикачениот е правен од моја страна, по одредени сугестии и комбинација на др планови.