Темава има претерано многу страни за читање, така да, ќе споделам основно инфо за мене, па ако може отприлика да ме советувате околу исхраната, супер.
Имам 56 кг и сум 164 цм висока. Тазе почнав во теретана, односно од почетоков на месецот. Идам најмалку 5 дена во неделата, ги следам инструкциите на тренерот и вежбам: еден ден долен дел, еден дел горен дел, еден ден кардио, отприлика по саат и 15-20 минути, максимум саат ипол. Целта ми е да стопам што е можно повеќе од половината и (евентуално) да затегнам бутови/задник. Знам дека исхраната иде заедно со вежбањето. Тука се губам. Немам претстава колку калории да внесувам и што е најважно, немам претстава колку внесувам! Не знам како да ги рачунам.
Најчесто јадам: ќе ги издвојам следниве неколку производи како најчесто комбинирани - јајце, брокула, туна, ориз, сладок компир, банана, чиа. Секако јадам свеж зеленчук (морков, цвекло, краставица, марула, домати, итн.), многу варен зеленчук (морков, грашок, пченка, боранија, итн), овошје (киви, портокал, јаболко, итн). Често јадам интегрален "корнфлекс", овес, лен, и слично. Тук-таму грицкам леблебија, сончоглед, семки од тиква, пуканки. Тук-таму ред темно чоколадо, рака сува брусница, ретко некоја гранола/мусли бар. Бел леб не памтам кога последен пат имам јадено, со некои јадења каснувам парче-две тонус леб. Шеќерот ми е ставен на минимум (барем така мислам).
Дали е океј овој тип на исхрана? За мојата конструкција (и цел) колку треба да внесувам? Како да ги пребројувам калориите (поготово од непакувана храна)? Има ли редослед кој треба да се пази на конзумирање одредена храна (пример, одредено нешто пред вежбање, одредено нешто после, и слично)?
постот има претерано многу букви за читање, TL; DR;
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
така да те пракам да си најдеш време и да ја прочиташ темава не треба од почеток само листај назад вакви прашања ко твои се појавуваат негде 1 месечно, сигурно ке си најдеш одговори на своите прашања
во кратко
да, само исфрли ориз, сладок компир, банана,темно чоколадо, рака сува брусница, пуканки. парче-две тонус леб. Шеќерот ич не јадиДали е океј овој тип на исхрана?
Многу фактори се во прашање и одговорот зависи од многу променливи, генерално околу 2000кал дневноЗа мојата конструкција (и цел) колку треба да внесувам?
има на интернет и на амбалажа за 100 гр обично па си пресметуваш, ако треба купи си електронска кујнска вагаКако да ги пребројувам калориите (поготово од непакувана храна)?
од вежбање не зависи, зависи од дел на денот, после 3 сат поручек не јади јахленохидрати, масти етц. само салати и низкомаслени млечни производиИма ли редослед кој треба да се пази на конзумирање одредена храна (пример, одредено нешто пред вежбање одредено нешто после, и слично)?