Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

Член од
25 декември 2011
Мислења
404
Поени од реакции
185
Темава има претерано многу страни за читање, така да, ќе споделам основно инфо за мене, па ако може отприлика да ме советувате околу исхраната, супер.

Имам 56 кг и сум 164 цм висока. Тазе почнав во теретана, односно од почетоков на месецот. Идам најмалку 5 дена во неделата, ги следам инструкциите на тренерот и вежбам: еден ден долен дел, еден дел горен дел, еден ден кардио, отприлика по саат и 15-20 минути, максимум саат ипол. Целта ми е да стопам што е можно повеќе од половината и (евентуално) да затегнам бутови/задник. Знам дека исхраната иде заедно со вежбањето. Тука се губам. Немам претстава колку калории да внесувам и што е најважно, немам претстава колку внесувам! Не знам како да ги рачунам.

Најчесто јадам: ќе ги издвојам следниве неколку производи како најчесто комбинирани - јајце, брокула, туна, ориз, сладок компир, банана, чиа. Секако јадам свеж зеленчук (морков, цвекло, краставица, марула, домати, итн.), многу варен зеленчук (морков, грашок, пченка, боранија, итн), овошје (киви, портокал, јаболко, итн). Често јадам интегрален "корнфлекс", овес, лен, и слично. Тук-таму грицкам леблебија, сончоглед, семки од тиква, пуканки. Тук-таму ред темно чоколадо, рака сува брусница, ретко некоја гранола/мусли бар. Бел леб не памтам кога последен пат имам јадено, со некои јадења каснувам парче-две тонус леб. Шеќерот ми е ставен на минимум (барем така мислам).

Дали е океј овој тип на исхрана? За мојата конструкција (и цел) колку треба да внесувам? Како да ги пребројувам калориите (поготово од непакувана храна)? Има ли редослед кој треба да се пази на конзумирање одредена храна (пример, одредено нешто пред вежбање, одредено нешто после, и слично)?

постот има претерано многу букви за читање, TL; DR; :D
така да те пракам да си најдеш време и да ја прочиташ темава не треба од почеток само листај назад вакви прашања ко твои се појавуваат негде 1 месечно, сигурно ке си најдеш одговори на своите прашања

во кратко
Дали е океј овој тип на исхрана?
да, само исфрли ориз, сладок компир, банана,темно чоколадо, рака сува брусница, пуканки. парче-две тонус леб. Шеќерот ич не јади

За мојата конструкција (и цел) колку треба да внесувам?
Многу фактори се во прашање и одговорот зависи од многу променливи, генерално околу 2000кал дневно

Како да ги пребројувам калориите (поготово од непакувана храна)?
има на интернет и на амбалажа за 100 гр обично па си пресметуваш, ако треба купи си електронска кујнска вага

Има ли редослед кој треба да се пази на конзумирање одредена храна (пример, одредено нешто пред вежбање одредено нешто после, и слично)?
од вежбање не зависи, зависи од дел на денот, после 3 сат поручек не јади јахленохидрати, масти етц. само салати и низкомаслени млечни производи
 

Arwen Undómiel

don't quit the chase
Член од
28 јануари 2016
Мислења
209
Поени од реакции
429
да, само исфрли ориз, сладок компир, банана,темно чоколадо, рака сува брусница, пуканки. парче-две тонус леб. Шеќерот ич не јади
Оф леле, тек сега ќе му ја мислам што да јадам. :D

од вежбање не зависи, зависи од дел на денот, после 3 сат поручек не јади јахленохидрати, масти етц. само салати и низкомаслени млечни производи
Зошто тек сега почнувам да учам што е што, читам во темава дека:

"Q: Од која храна ги добиваме јахледиратите, а од која протеините?
A
: Накратко - јахледиратите се (скоро) сите житни растенија, зеленчук, овошје и обичниот кујнски шеќер.
А протеините ги има во сите видови на месни производи, јајцата, млекото, урдата."

Ме збунува тоа после 3 салати, а не ЈХ, а во објаснениево во ЈХ спаѓа и зеленчукот.

Многу комплицирана е работата околу исхраната...
 
G

Goldie

Гостин
од вежбање не зависи, зависи од дел на денот, после 3 сат поручек не јади јахленохидрати, масти етц. само салати и низкомаслени млечни производи
Како од вежбањето не зависи, што ако оди во теретана 7-8 навечер ? со салата ли ќе има енергија да направи добар тренинг..

@Arwen Undómiel според мене не ги отфрлај целосно компирите, оризот и сл но јади ги умерено (значи не претерувај)
Корнфлексот замени го со овесни снегулки оние од КАМ обичните (жолти германски) ти се добри, јас обично ги конзумирам секое утро со јогурт/млеко а можеш и само со вода. Додај во нив семиња, можеш и некоја кикиритка значи прави комбинации да не ти здосадат
1.5-2 часа пред тренинг гледај да имаш добар извор на јаглехдирати, после тренинг протеини + исто така малце јх
Салати колку сакаш, овошје умерено пример 1 банана измеѓу појадокот и ручекот и 1 јаболко помеѓу ручек и вечера
Месо поготово пилешко и риба почесто, јајца исто така, урдата е исто така добар извор на протеини
Леблебија, сончоглед, семки од тиква исто така можеш (само не претерувај) а одвреме навреме почасти се и со некоја коцка темно чоколадо
Повеќе течности (чај, вода) а кафе само турско без шеќер (избегавај 3в1, 2в1) ако пиеш повеќе пати во денот

Според мене не се оптеретувај со броење на калории, среди ја исхраната оди 1-2 месеци во теретана редовно и ќе почнеш да забележуваш резултати во огледало ;)
 
Член од
25 декември 2011
Мислења
404
Поени од реакции
185
Оф леле, тек сега ќе му ја мислам што да јадам. :D
Зошто тек сега почнувам да учам што е што, читам во темава дека:
"Q: Од која храна ги добиваме јахледиратите, а од која протеините?
A
: Накратко - јахледиратите се (скоро) сите житни растенија, зеленчук, овошје и обичниот кујнски шеќер.
А протеините ги има во сите видови на месни производи, јајцата, млекото, урдата."

Ме збунува тоа после 3 салати, а не ЈХ, а во објаснениево во ЈХ спаѓа и зеленчукот.

Многу комплицирана е работата околу исхраната...
абе обратно помалце опции имаш со здрава исхрана :D

"
Q: Од која храна ги добиваме јахледиратите, а од која протеините?
A
: Накратко - јахледиратите се (скоро) сите житни растенија, зеленчук, овошје и обичниот кујнски шеќер.
А протеините ги има во сите видови на месни производи, јајцата, млекото, урдата."
па лошо објаснување е... не се салати јагленохидрати ахаха... да земеме генерално храна состои од протеини, масти и јагленохидрати. Е сега кога кажувам јас не јади ЈХ што ги викаш, тоа значи не јади таа храна што е богата со јахленохидрати како леб(бел, интегриран , бели пецива етц), секаков вид на компир, ориз, макарони, корнфлекс, мусли, снегулки, производи од пченка... обично храна богата со јахленохидрати има и многу калории, па затоа се препорачува да се консумираат во првиот дел на ден до 3-4 попладне.

и како што пиша Голди, да ако идеш на тренинг касни нешто), нормално.

Сеа имаш и доста интензивен тренинг 5 пати неделно... тоа е ептен многу, ако само си почнала да вежбаш, намали малце, например може да идеш 2-3 пати неделно, тоа е сосема доволно. Сеа разбирам лето е скоро и сакаш да исфураш колку што можеш....
Подобро додај секој тренинг 20-30 минути кардио, ама кардио добро онака вода да тече од тебе.
колку години имаш?
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.224
Поени од реакции
2.284
Ovie se sojni snicli ama nekako mnogu doagja 52grama protein. Neznam dali e verno ova? IMG_20170317_202400.jpg IMG_20170317_202346.jpg
 

Arwen Undómiel

don't quit the chase
Член од
28 јануари 2016
Мислења
209
Поени од реакции
429
абе обратно помалце опции имаш со здрава исхрана :D



па лошо објаснување е... не се салати јагленохидрати ахаха... да земеме генерално храна состои од протеини, масти и јагленохидрати. Е сега кога кажувам јас не јади ЈХ што ги викаш, тоа значи не јади таа храна што е богата со јахленохидрати како леб(бел, интегриран , бели пецива етц), секаков вид на компир, ориз, макарони, корнфлекс, мусли, снегулки, производи од пченка... обично храна богата со јахленохидрати има и многу калории, па затоа се препорачува да се консумираат во првиот дел на ден до 3-4 попладне.

и како што пиша Голди, да ако идеш на тренинг касни нешто), нормално.

Сеа имаш и доста интензивен тренинг 5 пати неделно... тоа е ептен многу, ако само си почнала да вежбаш, намали малце, например може да идеш 2-3 пати неделно, тоа е сосема доволно. Сеа разбирам лето е скоро и сакаш да исфураш колку што можеш....
Подобро додај секој тренинг 20-30 минути кардио, ама кардио добро онака вода да тече од тебе.
колку години имаш?
Не форсирам за летово, повеќе нешто као "new year, new me", само што чекав да пројде ладното време. :D Не знам ни јас зошто идам 5 пати, едноставно си мислам веќе кога сум почнала нешто, да терам, имам чувство дека ако идам помалку, ќе почнам да забушавам. Веќе и ми стана делумно рутина. А што, шкоди фитнес 5 пати неделно? Иначе, имам 26.
 
Последно уредено:
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.224
Поени од реакции
2.284
Јас ги варам 30мин. па малце ги потпекувам во рерна со сенф намачкани и ок се, се јадат, ама пак не се вкусни :)
 
Член од
25 декември 2011
Мислења
404
Поени од реакции
185
Не форсирам за летово, повеќе нешто као "new year, new me", само што чекав да пројде ладното време.
да бе да )):D

А што, шкоди фитнес 5 пати неделно?
Ако секој тренинг правиш истегнување, малку кардио тоа не е страшно може и секој ден да одиш. Ама ако имаш елементи на тежински трининг(справи, чучења со тегови/шипки) подобро е да се стави 1-2 дена одмор помегу тренинзи.

Иначе, имам 26.
добро е, во тие години почнува да се забавува метаболизам, и телото почнува да штеди енергијата што ја примаш од околина(храна) а енергијата каде се зачува? во сало :D
така што добар ти е период во живот да почнеш со здрава храна и фитнес ))[DOUBLEPOST=1489833319][/DOUBLEPOST]
Ovie se sojni snicli ama nekako mnogu doagja 52grama protein. Neznam dali e verno ova?Прегледај го приврзокот 166928 Прегледај го приврзокот 166929
бегај бе не ја јади таа соја, лош протеин е и има естрогени
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.733
Поени од реакции
11.610
@Arwen Undómiel, не го слушај алексо и ќе почнеш да гледаш резултати. :icon_lol:
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Член од
19 февруари 2015
Мислења
1.772
Поени од реакции
2.075
Во Веро Центар имаш два типови, едните се до 5кг 500ки, а другите мислам 350 ама не ме држи за збор.
Јас од таму имам 500ки земено дигитална, без сад е мојата.
колку пари ? како си задоволен прецизни се?
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Ovie se sojni snicli ama nekako mnogu doagja 52grama protein. Neznam dali e verno ova?Прегледај го приврзокот 166928 Прегледај го приврзокот 166929
Не го користи телото целиот протеин од сојата, житните и мешункастите растенија.
Второ не е добра да се конзумира редовно за машките, имаш доволно други извори за внес на протеин, не ја практикувај често сојата.
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Во кам маркет има урда- камко, која во 100 грама содржи 25 грама протеин, но и масти 31гр, 1.7 гр јаглехидрати. и 153 калории. Доколку ова е вака воопшто не е лошо- можеби не е идеално за дефиниција и за катинг ама сепак и по 200 грама на ден тоа се 50 гр протеин (и тоа многу квалитетен) Едно време се наоѓаше изварката на Идеал шипка (по мене најдобра опција за урда) ама повеќе не сум ја сретнал, ако знаете во кои маркети ја има (Скопје) пишете.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
колку пари ? како си задоволен прецизни се?
Мислам 500 беше, а ако убаво памтам имаше една со сад 350 денари, јас ја имам тестирано многу пати кажува точно до грам (грамажа на продукт и грамажата на неа е истата).[DOUBLEPOST=1489869156][/DOUBLEPOST]
Во кам маркет има урда- камко, која во 100 грама содржи 25 грама протеин, но и масти 31гр, 1.7 гр јаглехидрати. и 153 калории. Доколку ова е вака воопшто не е лошо- можеби не е идеално за дефиниција и за катинг ама сепак и по 200 грама на ден тоа се 50 гр протеин (и тоа многу квалитетен) Едно време се наоѓаше изварката на Идеал шипка (по мене најдобра опција за урда) ама повеќе не сум ја сретнал, ако знаете во кои маркети ја има (Скопје) пишете.
За таа на Идеал Шипка треба да вртиш по маркети често, јас последно начекав во Тинекс пред 2-3 недели и зедов 6 паковања одеднаш, грда е на вкус, но има малку масти.
Таа од Камко еднаш ја имам земено, но поради млечните масти ја избегнувам, општо избегнувам продукти со голема количина на млечни масти.
Од Здравје веќе не ја земам и без пари да е, тоа не е урда, идиотите ставаат дури и остатоци од тие вештачките сирења и фети од 100че што им се ронеле, последниот пат цело парче такво сирење имаше во кантичката и општо овие ми се најголеми фушари заедно со ИМДБ и нивниот јогурт од брашно, во млечната индустрија во Македонија.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom