- Член од
- 8 септември 2016
- Мислења
- 45
- Поени од реакции
- 6
Точно, но за да го храниш со месо треба сам да го подготвуваш (време) и треба сам да го балансираш во смисла сооднос на чисто месо, рскавица, внатрешни органи, коска, зеленчук, итн. (многу време).За наши стандарди не да е скап, прескап е. А дека вреди, да веруваме на светот. Но, за тие пари чисто месо ќе го храниш овде во Македонија(што не е ефтино пак во Америка на пример бидејќи сум зборувала со одгледувачи). Зборувам за квалитетно јунешко месо, не било што.
Ако земеме дека времето е буквално пари, а навистина е така, тогаш пак е дискутабилно дали вреди да подготвуваш месо сам наспроти времето што се губи притоа. Но кој не може да си дозволи да купи премиум дехидрат веројатно нема избор.
Не е само со овој производ така туку со сите производи секаде. Кој има пари купува, кој нема се труди да компензира со DIY методи. Кој има пари иде со авион на одмор во all inclusive хотел, кој нема импровизира со кола, сопствени намирници до најбилското езеро. Ова е тажен капиталистички факт, но е факт.
P.S. Orijen има извадено и RAW формула (90% месо). Медаљони што се натопуваат со топла вода. https://www.orijen.ca/foods/dog-food/freeze-dried-dog-food/adult-dog/