Play Magazine magazine awarded it a perfect score, stating that "In the case of
Odin Sphere, [we are] confident that this is a perfect game, and that anyone who comes to it will derive the same,"
Амин!
...пошто на времето заглаив на едно место кога имав PS2, земав деновиве пак да ја играм на PS2 емулатор и на среќа не морав ништо да чачкам, дури и на скапаниов лаптоп шљака со 60 фрејма / 100 %
Дури и со тие 8ки / 9ки што ги има добиено би рекол дека е потценета, една од ретките игри на кои би им дал 10ка, а ја ретко давам 10ки еве и кај филмовиве дали на 5-6 им иам дадено (Одисеја 2001, Б. Ранер, Т2, Ин д Муд фор Лав, Елиенс, Бретлес '60,...)
Заедно со Shadow of Rome, не е толку позната а е меѓу најдобрите игри за PS2 заедно со God of War 1,2, Shadow of the Collossus (оваа верувам не е веќе толку непозната), итн..., од оние игри кои имаат свој шарм, се гледа дека е обрнато доста внимание на секој детаљ и ти нудат уникатно незаборавно гејминг искуство...од оние што ќе ги памтиш, како на пр. HL2
Единствена забелешка, може што има некои ефтини моменти кога можеш да загинеш и од само еден удар али тоа се случува само кај некои главни...
Ама затоа
- 2D анимацијата (види слики доле)
- ликовите (играш со 5 лика секој со различен карактер и стил)
- приказната (која иде напред, назад, на моменти се вкрстува па некој момент го гледаш од друг агол па пополека ја склопуваш)
- музиката
- апгрејд системот (енергија, оружје, магија,...собирањето овошја/ зеленчуци/ пари/ разни течности (при што секое од овие си има своја улога) и нивно мешање, рецепти по кои може да ти зготват 72 беа мислам јадења (на пр. лосос у разни сосеви, а имаш некои и за носење) , па тактизирање што да купиш/продаеш кај улични препродавачи,...па ти снемало место у торбата па купи друга имаш мала/ средна/ голема,...ехеееее
- долго трае
Гледам сега дека лани и направиле римејк, не гледам уопште потреба за тоа