Македонска берза

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Не гледам место за паника посебно за оние што немаат потреба да продаваат.
Таман работа продавање, по овие цени ни под разно, правиме муабет за купување.

Како што прочитав мајката во Словенија ќе ја распредели во дивиденда речиси целата добивка.
Ќе сакаш ли да го споделиш линкот
 
Член од
9 јули 2011
Мислења
117
Поени од реакции
108
Јас сепак би си причекал некоја поопиплива информација и потоа би одлучил дали на 9.000 или 11.500 е добра за купување.
 
Член од
27 ноември 2009
Мислења
963
Поени од реакции
921
Одлуката за дивидендата сигурно веќе е донесена интерно во банката, само што не е објавена официјално. Фактот дека лицата што ја знаат оваа информација не купуваат агресивно по овие цени ме влече кон заклучок дека дивидендата ќе биде околу 800 денари.
не ми се верува да е 800 денари. Тоа би било инешто над 40% пејаут, што во најмала рака би било смешно.

Дури и да е 800 денари, тоа пак е 8% ДИВИДЕНДА на цена од 10.000 мкд.

Ок, ставите си ги парите у банка и "штедете" :)
 
Член од
9 јули 2011
Мислења
117
Поени од реакции
108
:) Ако е вистина, тогаш е бонбона, но сепак препорачувам да се почека малку, до повеќе информации, има време.
Па види оние што брзаа го фатија крстот на 11.500, па еве ја сега 10.200, ојде и дивиденда и све.
Супер си е цената, само некој појќе некој помалку ке заработи.
 
Член од
26 октомври 2016
Мислења
28
Поени од реакции
9
Викенд прашање =)

Доколку инвестирате долготрајно, без намера за продавање - во кои блучипови од Македонија ќе инвестирате?
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Доколку инвестирате долготрајно, без намера за продавање - во кои блучипови од Македонија ќе инвестирате?
Не дека има многу избор на МСЕ, по мене би биле АЛК, КМБ, ТНБ и OХБ.
 
Член од
9 јули 2011
Мислења
117
Поени од реакции
108
Доколку инвестирате долготрајно, без намера за продавање - во кои блучипови од Македонија ќе инвестирате?
Долготрајно, еве да речеме на 10+ години, ALK според мене.
Очекувањата тука се отприлика 100% на 10 години, при реинвестирање на дивидендата, т.е. купи пак чим легне. Купувај во мај-јуни.

Кај другите има добри прилики, но барем еднаш во тие 10 год ќе треба да реагираш кај нив, т.е. ќе треба да пратиш и продадеш кога ќе дојде време. KMB, BESK, GRNT, TETE, TNB, ... има избор.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Читав нешто па се потсетив на ова, мислам дека е прашање на време кога ќе експлодира случајот Актор. Сега прашање е колку би можела да биде вклучена и банката а според сторијата на Фокус ова изгледа доста лошо
 
Член од
10 април 2013
Мислења
1.118
Поени од реакции
714
На горенаведените компании за долгорочно инвестирање би ги додал и ПКБ. и ППИВ.инаку сите други се ОК.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Ти ибам влавот/цинцар :sakasuste:.
150 бруто а полни со кеш, па пушти и обичен народ малку да се омрси, ако поцрка на кого ќе му даваш кредити, алчноста на крај уништува :mad: .

А продадов СТБ Скопје очекувајќи овој ќе даде 200 па побрзо ќе расте. Да незнаш што е полошо дали кога Грците даваат поклон или Влав за крал.
Каква одлука
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Речиси сите компании ги остварија очекуваните резултати а вредноста оди надолу. Мислам дека ова се случува поради тоа што реално се достигнаа убави вредности на акциите што е убава позиција за продажба.
ПУМПАЊЕ на финансиските резултати до 31.12.2016 и после тоа пад (кои интерно си го знаат) па продаваат ;)
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
ПУМПАЊЕ на финансиските резултати до 31.12.2016 и после тоа пад (кои интерно си го знаат) па продаваат ;)
Ај ќе видиме. За месец два ќе излезат првокварталните извештаи. Инаку освен на 3-4 фирми резултатите не се подобри од 2015та. А има раст додуше само окулу 2,5/100 во 2016та. Може конечно им текна на инвеститорите дека има негативна политичка клима. Инаку и во '13/'14 иако бдп растеше профитите на мсе одеа надоле.
Има и друг аспект некои компании се плус 3-400/100 за последните 4-5 години и се жнеат капиталните добивки.
А ако одиме по теорија на шпекулации и инсајдетски информации може да се работи за некоја информација дека ќе се укине ослободувањето од данок на капитална добивка од страна на сдсм.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Колку добар резултат за Тиквеш, еден од моите фаворити за на долг рок.

Ме интересира вашиот коментар за резултатот на Макпетрол.
 
Член од
28 март 2007
Мислења
207
Поени од реакции
100
Колку добар резултат за Тиквеш, еден од моите фаворити за на долг рок.

Ме интересира вашиот коментар за резултатот на Макпетрол.
Тиквеш мислам дека работи од година во година се подобро, има добро раководство, план за развивање.. единствена негативност е што има многу мала ликвидност, затоа и растот на цената е спор.. ова е една од акциите што би ги купил за чување во наредни 10 години..

Макпетрол.. мислам дека борбата за преземање тука е завршена.. раководството купи многу акции годинава, тешко дека некој ќе успее да ја преземе.. мое лично мислење е дека оваа добивка од преку 3350ден/акција е малку напумпана ( или пак е реалната без испумпување преку оилко).. ќе си изгласаат скоро се во дивиденда да оди, за да си повратат дел од парите што купуваа лани акции.. од оваа година мислам дека ќе продолжат исто како претходните години, со извлекување пари преку оилко..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom