ОКТА - 3,5 пати поголема добивка од претходната година.. на оваа цена EV/EBITDA 3.2, цена/книг.вредн. на акција 0,51.. заработка од акција повеќе од 400 ден.. ако дадат исто како лани дивиденда 90% од добивката, на оваа цена тоа е околу 12-13% .. затоа е скоков овие денови.. моја прогноза е дека ке оди до 4500ден/акција годинава без проблем..
ТЕТЕ - интересна акција.. немаат некој core бизнис, работат како некој фонд.. стандардно ок резултати.. и добри дивиденди секоја година.. годинава најавија веќе 122,22ден бруто.. 11,5% од последна цена.. цена/книг.вредн. на акција само 0,25
мала инфомација во врска со акцијава.. со последнава цена тете надмина капитализација од 7 мил евра.. и нашиве пензиски фондови ќе можат да ја купуваат спрема закон.. може тоа да значи дека ќе ја подигнат малку цената ако почнат да купуваат..
ПКБ - една од моите омилени акции.. приходи поголеми за 18% од претходна година, добивка поголема за 43%.. цена/книг.вредн. на акција само 0,41.. страшно добри резултати..
два мали проблеми околу оваа акција.. многу мала скоро никаква ликвидност.. и сеуште не исплаќаат дивиденда.. ако изненадат со дивиденда, очекувам без проблеми скок до 20000ден/акција.. без тоа ќе има спор раст и ќе се чека некој на кој му е итно да продаде..