Историјата на Барселона е исполнета со бессрамни кражби во сите натпреварувања, но во последната декада тие експлодираа, особено во лигата на шампиони. Затоа тука ќе направиме листа од 10 те најголеми срамови во последните 10 години, иако листата може да биде бесконечна.
Кражба број 1:
Во полуфиналето од ЛШ во 2006 та Барселона се соочи со Милан, кои на првиот натпревар изгубија со 1 - 0 на Камп Ноу. На Сан Сиро, Италијаните беа подобри, Шевченко постигна гол кој требаше да значи продолженија, но судијата Маркус Мерк реши да го поништи голот од само за него разбирливи причини. Нормално Барселона отиде во финалето каде го освои трофејот.
Кражба број 2:
До оваа среда, ова беше најголемата кражба во историјата на фудбалот, која на сите сеуште им е во сеќавање. Резултатот од првата утакмица на Кампот во сезоната 2008/2009 беше 0 - 0 оставајќи ги работите отворени и неизвесни за Барселона. Но Челзи налета на Овребо, кој не досуди 6 чисти пенали за Челзи, и ја прекина утакмицата откако Иниеста во 95 та минута постигна гол за 1 - 1 и им обезбеди тикет на Барселона во финалето.
Кражба број 3:
Ова можеби е единствениот натпревар преку кој Барселона не успеала да се пласира понатаму бессрамно крадејќи. Сите ја памтите оваа слика каде Бускетс глумеше дека е удрен со лакт
после која Мота беше исклучен, а Интер остана со само 10 играчи на теренот и го загуби натпреварот со 0 - 1, благодарејќи на голот од офсајд на Барселона. Цела среќа беше што Интер победи со 1 - 3 на Кампот и уште во првиот натпревар речиси го обезбеди пласманот.
Кражба број 4:
Во втората рунда од натпреварите од ЛШ во 2011 се сретнаа Арсенал и Барселона. Откако Барселона поведе, Арсенал израмни и очигледно почна да доминира на мечот. Еден од најдобрите поединци за Арсенал беше Робин Ван Перси. Тоа на судијата Massimo Busacca не му се допадна и му додели црвен на Перси, поради наводно игнорирање на одлуката на судијата за офсајд. За да биде ситуацијата уште покомична судијата му го додели црвениот една секунда пред Перси воопшто да ја шутне топката. Ова е неговата изјава после натпреварот
Кражба број 5:
Повторно 2011 та, Класико во полуфиналето. Мадрид ја превзема контролата и почнува да ја доминира Барселона. Тоа не му се допадна на судијата Wolfgang Stark и реши да му даде директен црвен на Пепе за старт во кој не се случи ниту контакт и старт во кој двајцата играчи одеа на топка, дополнително беше исклучен и Мурињо поради протести. Утакмицата заврши 0 - 2, за Барселона нормално. За потсетување, вчера Нејмар имаше намерен старт од позади грб, во кој не одеше на топка, туку одеше на тоа директно да го удри/повреди играчот, а не беше досуден ниту фаул. Еве ја ситуацијата со Пепе
Таа година од 4 Класика, Реал 4 пати остана со играч помалку на теренот
Кражба број 6:
Ова е кражбата од вториот натпревар помеѓу Реал и Барселона кој се одигра на Камп Ноу. Му беше поништен чист гол на Игуаин поради наводна сопка од Роналдо над Масчерано, кој претходно во полн трк беше турнат од Пике.
Еве ја ситуацијата
Натпреварот заврши со 1 - 1 и нормално Барселона отиде понатаму во финалето.
Кражба број 7:
Повторно Милан - Барселона, година 2012 та. Барселона поведува, Милан израмнува преку Ибрахимович. И повторно судијата Волфганг Старк, кој јавно признал пред утакмица дека и се восхитувал на играта на Меси. Судијата виде пенал од Аквилани над Чави, кој воопшто не постоеше. Еве го хајлајтсот, а спорната ситуација може да ја видите од 2:12.
Чави почнува да паѓа уште пред Аквилани да ја пушти раката, а што е најсмешно воопшто не го ни допре.
Кражба број 8:
2014 та Сити против Барселона. Досуден пенал над Меси за старт на Демикелис надвор 16 те метри. Утакмицата се ближеше кон крај и требаше да заврши 0 - 0. Дополнително Демикелис беше избркан, а патот на кулињата беше поплочен за понатаму.
Кражба број 9:
2015 та, финале на ЛШ помеѓу Јувентус и Барселона. Дани Алвеш прави најочигледен старт за пенал над Погба, но судијата се решава да остане слеп и да не и ја уништи партијата на Барселона.
Кражба број 10:
Ова е утакмицата од лани помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид. Тоа беше ноќ на Торес, кој во 24 та минута постигна гол за водство на Атлетико. Но само по некое време судијата Felix Brych реши да го прати надвор од терен со 2 жолти во рок од 6 минути. Првиот жолт беше коректен, но за вториот повторно Буски реши да ги покаже своите глумачки способности по што Торес беше избркан. Атлетико изгуби со 2 - 1, но затоа ги елиминираше со 2 - 0 на Винсенте Калдерон по што се пласираа во полуфиналето.
Бонус е утакмицата од завчера
Нова кражба и ново закопување на фер плејот и на фудбалот. Постов го завршуем со најголемото интервју на Мурињо