Џиџи си е број еден луѓе, константно бранење на највисоко ниво од 17 па до 40 години. Само една сезона му памтам кога не беше во форма, негде период 2008-2009 кога правеше операција на грбот, и паузираше долго време... Самиот факт кога го гледаш Џиџи на голот, неговото поставување, комуникацијата со одбраната, бодрењето на екипата, и неговите интервенции кажуваат доволно за тоа кој е кој меѓу стативите. Чест ми беше што го гледав во живо на Градски.
Најблиску до Џиџи е Кан... Лидериште, лудак, подготвен да се тепа со соиграчите за некоја небитна грешка што ја направиле во текот на играта. Човекот имаше преголеми кохонес, и неправедно грееше клупа на СП 2006. И овој бранеше цела кариера на ниво.
Чех ти е одличен голман, али далеку од овие двајцава погоре. Има пад на форма и прашање е дали ќе ја врати во брзо време.
Ван Дер Сар беше одличен голман, али човекот созреа кога се пресели во Јунајтед на 36 години... Пред тоа играше солидно во Ајакс, беше избркан као куче од Јуве, и дремеше во факинг Фулам додека не го побараа ѓаоливе.
Касиљас е човекот кој беше рамо до рамо со Џиџи, али проблемите со Мурињо, падот на формата и капакот на се со заминувањето од Реал го спушта на тоа скалило. Можеби сеа уште брани квалитетно во Порто, али е далеку од она што го прикажуваше во Мадрид...
Има и такви голмани кои се најдобри на сФет, ама само по 2-3 години, потоа пропаѓаат во земја. Чист пример се Дида и Цезар, супер голмани ама бетер од кинеска роба.
Моментално најквалитетни на зелените терени се Ноер, Де Геа и Куртоа... Али за нив допрва ќе видиме дали ќе ги изеде времето.