Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Чекајте малце другари. Каде поточно во постот од другата тема, јас конкретно наведов дека сите од форумот сте помодари? Или пак реков, еј вие од форумов немате свое мислење? Да, првото мислењето ми беше општо и секој можел да се навреди, моја грешка. Можеби требаше да напишам во заграда освен за тие тука што пишуваат? Не таргетирав ниту една група јас. Едноставно такво мислење имам општо за филмот, сметав дека е исфорсиран. Пред да го напишам мислењето, врска немав дека на вас толку многу ви се допаѓа, дека ќе ве навреди толку или пак ми беше во план да разглобувам понатаму. Скролав по форумот, не видов тема за него, па таа ми изгледаше најприкладна во моментот. Каде имате дискутирано конкретно за тој филм - не знам. Форумов јас скоро ич да не го пратам. Во тој момент бев изреволтирана од икс личности во мојот живот, затоа што не сакаат да одат во кино, освен ако не е Ла ла ленд или 50 нијанси, затоа што им е битно да си стават сликичка од филмот. За другите не сакаат да слушнат, затоа што гледаат филмови што се само моментално главна тема. Сега може ќе кажете такво ти е друштвото, бла бла бла... ама вистина е така со многу луѓе. Вие бар ако гледате повеќе филмови, знаете каква е реакцијата кога ќе спомнете црно бел филм на повеќето, не? Ќе те прашаат во кој век живееш, дали филмот е со 180 пиксели. Од таа гледна точка се изнервирав, затоа што се гледа само тоа што е „ин“ моментално. Кога веќе го спомнав филмот Мементо, едвај, значи одвај ги натерав за да го гледаме затоа што е 2000 година. Со кого и да правам муабет, ги гледаат само тие што се моментално актуелни и точка. Еве, не знам ниту 50 нијанси дали го сакате тука, (искрено се надевам дека не) ама јас не го сметам за доживување во кино да одам и да гледам порнич со чат пат муабет. Само да не се сврти темава и за тој филм, ќе ве молам.
П.С. се' уште се држам до тоа дека ако некој филм му се допаѓа на одреден член, тоа не мора да значи дека на сите ќе им се допадне. Да, секоја чест што имаат изгледано повеќе филмови, знаат многу повеќе глумци и се' тоа, ама сите си имаат различни критериуми за добар филм и нема потреба веднаш да се напаѓа друг член затоа што има спротивно мислење од неговото, па да треба сите да се водат по неговото мислење, а останатите да бидат линчувани, затоа што имаат контра мислење.
 
Последно уредено:
Ла ла ленд е медиокритетен мјузикл. Нема памтливи песнички, причата е мех, убава сценографија и кореографија, ја боље пејам од Гослинг и филмот ќе го заборавам за пола година. Не е лош, ама не е ништо посебно, слично добар ми е колку што ми беше „Cafe Society". Како и повеќето филмови што излегоа 2016-та со часни исклучоци, едно шесче може да добие. Освен „Neon Demon", „Hell or High Water“, „Sully" и „Endless Poetry", другото беше или шевче или политички коректна бљувотина.
 
Чим Hell or High Water ти е надпросечен, колку ти е просечен животот? :)
 
Чим Hell or High Water ти е надпросечен, колку ти е просечен животот? :)

gluposti
Hell or high water od site izgledani nominirani e najdobar
Mozebi tamu nekade so lion
Pa posle arrival ko prosek, hacksaw ko klise, moonlight za koj ne ni bese gajle i tamu najdole manchester na dnoto

Fences, la la i hidden figures uste ne sum gi.

Deadalus dzirni gi handmaiden i elle.
 
А ти си доказ дека квантитет на изгледани филмови нема врска со квалитет. :)
 
Во тој момент бев изреволтирана од икс личности во мојот живот, затоа што не сакаат да одат во кино, освен ако не е Ла ла ленд или 50 нијанси, затоа што им е битно да си стават сликичка од филмот. За другите не сакаат да слушнат, затоа што гледаат филмови што се само моментално главна тема.
Па у право се. Пред недела-две, единствено што вредеше да се гледа во Синеплекс е Ла ла ленд.
Сега и Лего евентуално и толку...
П.С. се' уште се држам до тоа дека ако некој филм му се допаѓа на одреден член, тоа не мора да значи дека на сите ќе им се допадне.
Така е Шумеќа, ти продолжи да се држиш цврсто до ова, затоа што ние упорно пробуваме да го докажеме спротивното.
Видиш, ние мислиме дека ако на @whatto му се допаѓаат филмовите на Малик, треба на сите да ни се допаѓаат.
 
^ Не, не се во право, затоа што не зборам само за последната недела-две. Ако веќе зборам, зборам за некој што никогаш го нема погледнато репертоарот што се нуди, туку е запнат само за тој филм ко слеп за стап и други ко да не постојат. ,,Нее, ја не давам пари на друг, овој сите го гледаат''. Јасно ти е сеа?

За вториот дел, ај не ми ја крати мислата на цитираното, дочитај ја следната. Уште на почетокот и гранде-јуве и хоуп кажаа дека сѐ е до вкусот, не ми беше тоа целата поента дека секој има различен вкус и има право на мислење. Ја од самиот старт зборам за пристапот што го имате кога некој ќе каже контра мислење, некои се поставуваат како да се богови на филмот и гледаат од горе, останатите се проста маса. Да му се одмили на човек да пише у филм и тв. Го вртиме едното те исто цело време само. Идам да спродужам да си лепам звездици и лептирчиња ај...

П.С. ко коментарон погоре, колку ти е просечен животот? Дали така си функционирате тука поима немам, ама...
 
Последно уредено:
Многу добар и емотивен филм е Лион. Убаво режиран и малку егзотичен со оглед на културата што ни ја прикажува во поголемиот дел. Детето беше одлично во улогата на Саро, штета што не можам да го кажам истото за Пател. Се на се ми се чини реална оценката на имдб. Осум и од мене.
 
Има и такви тука, секакви има. Како што има и надвор од тука и насекаде. И јас би сакала да си го наредам и форумот и светот со личности само што мене ми одговараат, ама нема така. И мене ме иритираат некои од тука и тоа многу, ама љубовта што ја осеќам спрема филмовите ме научила колку толку да можам да ги игнорирам. Ти шумеча имаш страст спрема готвењето и знаеш како е ако некој ти ја навреди питата што си ја готвела со љубов, онака ја гледа површно и ти вика па не изгледа убаво, сите прават пити па ај сега и ти си направила, којзнае и дали е питата твоја мајка ти ја готвеше. А ти знаеш како е приказната. Така е и со некој филм. Некој ко пример јас или пола од луѓето тука ги доживуваат филмовите како дел од себе, како љубов. И кога некој ќе им рече еј абе ти гледаш зошто сите го сакаат може да пецне ептен затоа што не е така. Ти си гледала површно, како што јас би гледала така на твојата пита пошто за мене има милион пити и секоја ми е иста, гајле ми е како изгледа и што има во неа, да земам сега да гледам на слики пити и да гласам за нив? Глупости. Така за мене питата, така за тебе филмот, ама обострано ќе се навредиме ако чепнеме онаму каде што има љубов, а не знаеме да ја препознаеме. Јас и тебе и нив ги разбирам, сите сте во право :D
Го пишал истото и wot, не сум заприметила...
 
Последно уредено:
^ Не, не се во право, затоа што не зборам само за последната недела-две. Ако веќе зборам, зборам за некој што никогаш го нема погледнато репертоарот што се нуди, туку е запнат само за тој филм ко слеп за стап и други ко да не постојат. ,,Нее, ја не давам пари на друг, овој сите го гледаат''. Јасно ти е сеа?

За вториот дел, ај не ми ја крати мислата на цитираното, дочитај ја следната. Уште на почетокот и гранде-јуве и хоуп кажаа дека сѐ е до вкусот, не ми беше тоа целата поента дека секој има различен вкус и има право на мислење. Ја од самиот старт зборам за пристапот што го имате кога некој ќе каже контра мислење, некои се поставуваат како да се богови на филмот и гледаат од горе, останатите се проста маса. Да му се одмили на човек да пише у филм и тв. Го вртиме едното те исто цело време само. Идам да спродужам да си лепам звездици и лептирчиња ај...

П.С. ко коментарон погоре, колку ти е просечен животот? Дали така си функционирате тука поима немам, ама...
:ROFLMAO:

Зезање малце никому не штети, какви сте озбилни, ко некој да ве пцуел.
 
За вториот дел, ај не ми ја крати мислата на цитираното, дочитај ја следната. Уште на почетокот и гранде-јуве и хоуп кажаа дека сѐ е до вкусот, не ми беше тоа целата поента дека секој има различен вкус и има право на мислење. Ја од самиот старт зборам за пристапот што го имате кога некој ќе каже контра мислење, некои се поставуваат како да се богови на филмот и гледаат од горе, останатите се проста маса. Да му се одмили на човек да пише у филм и тв. Го вртиме едното те исто цело време само. Идам да спродужам да си лепам звездици и лептирчиња ај...
Не знам што те испровоцира толку, ама да така е. Овде човек ако пише нешто против Линч или Тарантино ќе биде означен како поголем криминалец од Горде шу праиш.
 
Чекајте малце другари. Каде поточно во постот од другата тема, јас конкретно наведов дека сите од форумот сте помодари? Или пак реков, еј вие од форумов немате свое мислење?
Овде:
Дури мислам дека на тие што им се свиѓа, им се свиѓа затоа што е тренд да ти се свиѓа.

се' уште се држам до тоа дека ако некој филм му се допаѓа на одреден член, тоа не мора да значи дека на сите ќе им се допадне. Да, секоја чест што имаат изгледано повеќе филмови, знаат многу повеќе глумци и се' тоа, ама сите си имаат различни критериуми за добар филм и нема потреба веднаш да се напаѓа друг член затоа што има спротивно мислење од неговото, па да треба сите да се водат по неговото мислење, а останатите да бидат линчувани, затоа што имаат контра мислење.
И после толку пишување, уште не сфати дека никој нема ништо против тоа што не ти се допаѓа филмот. Еве и на Дедалус не му се допаѓа, па никој ништо не рече за тоа. Не ги мешај работите, препрочитај ги мислењата.

Еве директно ќе го срочам тоа што спомна @wot - сметам дека вие од Гурманско катче појма немате од готвење и дека готвите само за да изгледа убаво ко ќе го сликате, за на форумов, без оглед дали ќе има вкус на помија. Ако кажам вакво нешто, не би се навредила? Исто е.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Па реално не би се навредила премногу од некој непознат лик, пошо си готвам за мене и за тие околу мене и битно ми е какво мислење тие имаат за јадењето што го правам. Ко мислењето погоре, си научив да игнорирам одамна и немам намера да пишувам -еј како така ти мислиш за моето јадење, си немаш врска од животот, дај да ти ги видам останатите мислења во другите форуми. Смешка ти се, шо може друго да се очекува од тебе, лол? Јасно ми е дека во првото мислење се пронашле некои што не треба да се пронајдат, океј, не порекнувам. Да можам би ја парафразирала пишаната реченицата, ама не можам. Туку се изгуби вато негде изгледа?
На форумов само сакам да има поише луѓе у гурманско за дружење и за забава, сакам да гледам споделени рецепти пошто тоа ме интересира. Дури и рецепти што не ми се допаѓаат, сакам да ги читам и да гледам слики, затоа што некој одвоил свое време и имал интерес да пише или да зготви и премногу ми е мило, претпоставувам исто како вас во темите со рецензиите за филмови.
Можеме да пишуваме до недоглед, јасно е веќе кој што мисли, не знам ни што се смета тука за оф-топик, забегав јас одамна натака.
 
^ Не, не се во право, затоа што не зборам само за последната недела-две. Ако веќе зборам, зборам за некој што никогаш го нема погледнато репертоарот што се нуди, туку е запнат само за тој филм ко слеп за стап и други ко да не постојат. ,,Нее, ја не давам пари на друг, овој сите го гледаат''. Јасно ти е сеа?

За вториот дел, ај не ми ја крати мислата на цитираното, дочитај ја следната. Уште на почетокот и гранде-јуве и хоуп кажаа дека сѐ е до вкусот, не ми беше тоа целата поента дека секој има различен вкус и има право на мислење. Ја од самиот старт зборам за пристапот што го имате кога некој ќе каже контра мислење, некои се поставуваат како да се богови на филмот и гледаат од горе, останатите се проста маса. Да му се одмили на човек да пише у филм и тв. Го вртиме едното те исто цело време само. Идам да спродужам да си лепам звездици и лептирчиња ај...

П.С. ко коментарон погоре, колку ти е просечен животот? Дали така си функционирате тука поима немам, ама...
Работата тука е всушност многу едноставна, ама за жал не jа гледаш ирониjата во истата.
Ти твоите приjатели "помодари" ги гледаш од иста височина oд коjа што те гледаат овде тебе. Не функционира местово така, да ти се поставиш над некого, и да не се постави над тебе друг.
И без разлика ти за какви зборуваш, влегуваш од една дупка во друга. Што е битно коj зошто го гледал краj краева, ете и за мода да го глеале, не условува тоа дека не им се допаднал, и дека само ради мода го сакаат. Нели рече дека ако еден филм е добар за некоj за друг може да е лош?
Епа и обратно функционира.
 
А ти си доказ дека квантитет на изгледани филмови нема врска со квалитет. :)

Aaaaaaaalrighty then. :D

Ногу. [DOUBLEPOST=1487662411][/DOUBLEPOST]
Handmaiden го глеав, добар е. Elle уште не сум го гледал. Ти глеј го Train to Busan. :D

Go gledav, ludilo e. Korea dominirase godinata so trioto handmaiden, train to busan i wailing. A toj sto go ispratile za oskar uste ne mi e gledan.. ama ne veruvam da e podobar.
 
Back
На врв Bottom