ФЕСТИВАЛ НА НОВ БРИТАНСКИ ФИЛМ
16– 19 ФЕВРУАРИ 2017 | МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР
Придружете ни се на PlayUK, единствен меѓународен фестивал кој го слави британскиот филм. Од 16 до 19 февруари, публиката во шест градови во регионот ќе може да проследи десет премиери на филмови на британски автори, кои привлекуваат големо внимание на најпознатите филмски фестивали во светот.
Почнувајќи со „T2 Треинспотинг“ на отворањето на фестивалот, во период од четири дена илјадници страствени љубители на киното ќе имаат можност да ги доживеат најдобрите современи британски играни и документарни филмови.
Со своето силно влијание врз нашиот секојдневен живот и на начинот на кој зборуваме и се шегуваме, британската кинематографија со децении претставува единствен феномен во глобалната современа култура. Таков феномен заслужува несекојдневен формат.
Фестивалот PlayUK се одржува истовремено во шест градови од регионот, со прикажување на десет филмски премиери точно во исто време во Скопје, Белград, Подгорица, Призрен, Сараево и Тирана - ширејќи го британскиот филмски жагор низ целиот регион.
Програма