R
red.devil
Гостин
Заслужуваш со тоа што имплицираш работи кои не сум ги кажал. Џабе толкави четива пишуваш кога ништо не кажуваш.Прва работа другар. Овде дискутираме. Твоето несогласување со мојата размислување и перцепција околу актуелнава состојба во клубот можиш да ја искажиш на многу посмирен начин зошто во ниту една поента од моите постови не ти се обраќам лично со цел твоја лична деградација и мислам нигде не заслужив таков третман. Размислував тоа да ти го кажам ова и во претходниот пост, ама еве сега ја користам можноста.
Да се надоврзам на репликава. Никој не вика дека ЛВГ имаше лесна задача кога дојде во Јунајтед во првата сезона, туку дека нивото на конкуренција тие 2 сезони кога беше тој на чело никако не можат да парираат на конкуренцијата во ПЛ која е во актуелнава сезона. ЛВГ ја имаше истата моја подршка во тој период, како што ја има сега и Мурињо, слободно можиш да бараш мој пост за истиот период на нивно менаџирање на клубов. ЛВГ имаше далеку поорганизирани предсезонски подготовки во споредба со годинашната која ја доби Мурињо (која беше испланирана пред неговото доаѓање).
И кажи кај реков дека не беше најмлад состав во лигата, што ги вртиш упорно работите не ми е јасно. Најмлад состав не беше со план, туку принудно. Немој да ми кажиш дека против Арсенал дома планираше да игра со МекНер, Менса, Рашфорд и др при фит првотимци.
И една полусезона од ЛВГ во рок од 2 години на чело на клубот ти е репер за топ менаџирање како што гледам. Поготово во сезона кога не игравме во Европа и каде каде можеше полесно да се фокусира во ПЛ. Дај коментар како до 5-6 коло се мачевме? За тоа како ЛШ испаднавме од најлесна група и ред други бледи изданија на Јунајтед. ЛВГ беше доведен да го врати Јунајтед во топ 4 и да го врати да се бори за титула. Тоа го наговести и со првиот трансфер период каде донесе солидни играчи кои добро ги плати Јунајтед, а немаше задача да прави стратегија за после 5 години. И носењето на Ди Марија сигурно било со давање зелено светло од негова страна, како претходно со Ерера и Шо. Не е мој спин, туку споредба со трансфер политиката меѓу Мурињо и ЛВГ за која тврдиш дека вториов имал стратегија за иднината, а не купувал играчи со кои ќе прави атак за титула и топ 4.
Околу тоа дали е неспособен или способен, доволно ти говори фактот што во ПЛ имаш 5-6 претенденти за топ 4 кои имаат исклучиво добри состави. Ете го и генијот Пеп колку лесно се снаоѓа во ПЛ иако наследи екстра тим на кој додаде солидни засилувања. Конте со Челзи имаше блед старт за после да ја фати формата во која се наоѓа сеуште, но тука голем фактор игра тоа што не игра во Европа, а и рано испадна од Лига купот, плус исто така наследи екстра костур на кој даде мали промени за да даде резултат. Наспроти Конте и Пеп, Мурињо наследи тим без костур врз кој ќе го гради. Единствено ДДГ стандареден поединец, друго ништо.
Мен менаџмент во мојот прв пост нигде не спомнав, слободно види си ама нема врска. И каде гледаш двојни аршини? Упорно за Ибра и Погба се фаќате. Едниот прв стрелец кој со потег можи да реши меч и кога не му оди, фигура на терен која влечи 2ца играчи околу него, вториов полека прераснува во моторот од средниот ред и ради една победа без нив над “исклучтелно опасниот“ Виган се носи заклучок дека треба да се седнат на клупа, но поради тоа што Мурињо нема авторитет врз нив двајца не можи да ги седне. Сите фудбалски анализи говорат дека Ибра ни е најконстантен играч годинава.
И за ситауцијата со Марсијал, според тоа што го прочитав Мурињо барал поконстантни изданија од него и нешто поинаков пристап во играта, нешто налик мечот кој го одиграл со Ридинг каде направи неколку влезови во казнен простор и постигна гол од таква позиција. Шпекулациите викаат дека на тоа реагирал неговиот агент кој го притиснал клубот и се заканил со трансфер доколку Марсијал не е постојано во прв тим откако беше изоставен од мечот со Стоук. Има некоја тензија во релација од неговиот агент со Мурињо која според мене е недозволива.
@apidrone
Брат, од помладава генерација играчи кои ќе доаѓаат доволно за 11ката е само Гигс.
Земав да ти објаснувам со болдирања ама очигледно на инат ти е дискусијава.
Затоа у право си и чао пријатно. Од увек сум бил пет чекори пред тебе во перцепција на играчиве и тимов така да знам дека залудно е да се објаснувам. Настрана што си проектираш фантомски заклучоци.