Ајде едно по едно.
За лапсузите не коментирам, зошто ако сакаше да ми ја сфатиш поентата во текот не целиот пост ќе си го увидел и лапсузот ама ајде...
8 нека се...пошто одма се надохнадуваат, а од др стр 8 до 2ро или 6 до 3то се премногу висока разлика.
Во првата сезона на ЛВГ со оваа сега, дали знаеш колкава разлика во конкуренција има како прво за да правиш толку лесна споредба. Челзи титулата ја имаше на рака скоро од Октомври месец од кога не падна на 2ро, а единствен конкурент му беше Сити кој беа катастрофа таа сезона. Арсенал, Ливерпул и Тотенхем како конкуренти и на Челзи, а и наши далеку под сегашново ниво. Тие 2 сезони кога беше ЛВГ, актуелниве наши конкуренти беа 1-2 скалила подолу од тоа што се сега (освен Челзи кога ја освои таа титула каде во тек не цела сезона изгази од почеток до крај и беа најконстантни и негова споредба со актуелниов е тесна што дури ме влечи да мислам дека актуелниов Челзи е подобар и од тој Челзи од пред 2 години затоа што има помалку натпревари да игра и свежината на играчите се чувствува во натпреварите). Друга работа, не знам како успеа да заклучиш дека тогаш сме играле како Барса, стварно ме чудиш. Можда по број на пасови сме биле тука, ама пасови во наша половина на терен и ДДГ како најдобар пасер или на Барса во забавена снимка. Играта на ЛВГ беше далеку од таа што ја практикува Барса изминатиов период.
Тема Фалкао. Јас лично и сега го одобрувам како позајмица затоа што ризикот беше премал за тоа како заврши, а добивката ќе беше преголема ако експлодираше со голови таа сезона. Го ставив во листата на засилувања на ЛВГ за да ти посочам дека ЛВГ НЕ ИНВЕСТИРАШЕ СТРИКНО КОН ИДНИНАТА, туку и носеше играчи од кои се очекуваше инстантно да ја подобрат играта. Во тој контекст е и Ди Марија, Швајни, Морган, Блинд, Дармиан итн...
Третото твое. На тие 20 играчи што ги остави ЛВГ, плус Рашфорд, КБЏ и Менса како младинци во тимот, и плус 4те трансфери кои пристигнаа летово го створија тој вишок за кој што Мурињо се одлучи полека да го чисти. Мемфис ми беше трансфер желба која ми се оствари и ден денес верувам дека поседуваа со Марсијал талент и потенцијал на скоро исто ниво. Тоа што не го реализира тој талент и потенцијал, а дочека Марсијал и Рашфорд да го шишнат е друг муабет за кој не е виновен Мурињо. Околу Шнајдерлин верувам дека и Мурињо го гледал како идеален партнер на Погба и достојна замена за Керик. Со игрите кои ги даде во Сотон многумина го гледавме баш како солидна замена за Керик, а со доаѓањето на Погба сметавме дека топ ќе соработуваат. Стартуваше со Фејенорд и доби шанса на неколку други натпревари каде таа врска не му се покажа како што треба, а и ЛВГ го седна на клупа лани во втор дел од сезоната. Истата приказна и ЛВГ ја имаше и со Мемфис, Ди Марија, Фалкао, Швајни (до повредата)...Мурињо си го креира тимот како што си сака тој и си носи одговорност за тоа. Ако смета дека Мемфис и Морган не му се совпаѓаат во концептот негова легитимна одлука е тоа. И ЛВГ донесе такви одлуки и со Нани, Заха итн и тоа без да им даде подолг период да му се докажат...
Четвртото. Добро си кажа, принудно! Точно е дека ЛВГ имаше поголема доверба во младите, но добар дел од играчите кои ја добија шанста беа прекомандувани поради принуда. КБЏ дојде како алтернатива зошто Шо и Рохо во тој период беа аут, Блинд играше стопер. Менса доби можност кога бевме десеткувани против Арсенал, Рашфорд да не се навраќаме како блесна. Мемфис, Шо и Марсијал ги доведе како играчи кои се докажале дека се таленти со голем потенцијал (Шо ќе повторам дека беше договорен уште пред тој да пристигне). Напротив овој факт никој не го осопрува овде. Но од друга страна и да сме реални и да се потсетиме на една изрека наша за Арсенал и Венгер од минатото кога ни беа главни конкуренти.
Околу трансферите. Освен Дармиан кој не го следев доволно, како и Марсијал кој искрено не го знаев за што играч се работи, за сите останати играчи и јас ги одобрив како трансфери. И за тие играчи кои ги доведе плативме солидни суми за кои треба да се атакува титула ако сме реални. И добро кажа, има голема разлика во типот на трансферите. Од сегашна перспектива сметам дека Мурињо работи со подобар концепт од ЛВГ. И ќе то кажам зошто. Уште од првиот ден самиот си знаеше што сака да доведе и ги имаше таргетирано најтесните позиции во тимот. Ги реализира играчите кои што ги посака уште пред првото коло и си го имаше тимот на располагање. Моја лична замерка која сметам дека влијаеше за лошиот период до Ноември/Декември месец се лошите припреми кои ги имавме каде Мурињо не успеа да ги воочи аномалиите кои ги воочи од кога заврши трансфер периодот. До крајот на Јули ги немаше на располагање играчите од ЕП, а турнејата беше катастрофално оранизирана и имаше кус период да ги увиди недостастоците кај дел од играчите за да направи уште некоја промена. Од друга страна концептот на ЛВГ од денешна перспектива би го толкувал како конфузен. Се донесе во прва сезона играчиште како Ди Марија врз кого треба да се адаптира играта, а пустиот не успеа да му го најде местото па уште како одбранбен и голман не го проба. Во втор дел од сезона Јанг и Фелаини му беа спасители на сезоната. Дојде период Јанг да го игра лев бек со Блинд, Шо и Рохо како конкуренти за таа позиција. Ги носи Мемфис и Марсијал на иста позиција и не се обидува еден да го пушти десно да го проба зошто таму бевме дота бавни и лоши, а притоа немаме соодветен играч кој ќе игра покрај Смолинг за да на крај сиот бес добар дел да го истуриме врз Блинд кој се трудеше премногу да игра на таа позиција. И двајцата потрошија доста во преодните рокови и тоа суми за кои треба да се гарантира титула. Точно е дека Мурињо на самиот старт ја посочи титулата како главна цел и точно е дека нашите шанси за таа цел да се реализира се премали во моментов. Јас тоа не го коментирам, само дадов коментар дека и да сме надвор од топ 4 верувам дека Мурињо ќе го скоцка одлично тимот за следната сезона затоа што ги има детектирано недостатоците и имаме позитивна промена во играта која ќе даде резултат.
И како бе разликата помеѓу ЛВГ и Мурињо е тоа што едниот играл на посед, а другиов да се брани? Сериозно го мислиш ова? Па сезонава имаме во секој меч најмалку по 2-3 чисти шанси за гол, играме доста поагресивно и што е најважно се надигруваме со противникот. Имавме еден млитав период со такви игри, но генерално далеку понапаѓачки фудбал играме во споредба со периодот од кога беше ЛВГ. На неколку меча вадеше стопер да стави офанзивец за да дојде до победа. Во одбрана играме многу подисциплинирано. Од мечот со Челзи навака одбраната игра на највисоко ниво и тоа е големо подобрување. Таа е мојата перцепција и пак ќе кажам дека тоа што сме 6то во моментов го коси позитивниот напредок на тимот. И со ЛВГ овој период лани бевме на иста позиција, но игравме пребледо и затоа уште од овој период има голема разлика од генералното расположение и притисокот од фановите кон Мурињо и ЛВГ.
И околу мен менаџментот. Јас не ја отворив оваа тема, туку прокоментирав дека имаме поголема дисциплина во играта, но дадов коментар дека ни ЛВГ не беше цвеќе за мирисање во мен-менаџментот. Сети се кога го извади Нани од пријателска по 10-15 минути откако го стави во игра, тоа е тој мен менаџмент? Или кога го играше Ди Марија на секоја позиција во напад, па го седна на клупа и не го извади од таму зошто не му се вклопувал во концептот. И тоа околу Ибра. Напротив самиот факт што е Ибра на терен го тера противникот да влечи 2 играчи на него, и иако има 35 год братот со еден потег може да реши меч и тоа кога не му оди. Немаме подобра 9ка од него во моментов да стартува. Бројот на голови во една полусезона е поголем од бројот на голови на нашиве најдобри стрелци изминативе 3 год. Сите анализи говорат дека ни е еден од најконстантните сезонава.
Сепак, далеку од тоа дека е светец Мурињо, но си сака човекот да е авторитет и баш за последниов случај со Марсијал сум целосно зад него. И еден Бекам, РВН, Тевез итн во најдобри периоди од нивна кариера изиграваа мангупи па САФ им даде шут карта. Баш во книгата негова пишуваше дека ако ја изгуби контролата во соблекувалната ради некој играч води кон бродолом на тимот и лично него како менаџер. Добро си кажува човекот дека ниту еден играч не смее да е поголем од менаџерот.
Марсијал има 19 години и тоа што беше еден од најдобрите во тимов минатата сезона не му дава кредити дека може да прави што сака. Еден Руни кој има х10 кредити во клубов од него и е капитен на тимот ги слуша инструкциите на Мурињо. Мата исто така си работи и ги почитува неговите одлуки. Смолинг додади го на таа листа. Мики и Швајни зошто ги засукаа ракавите и на тренинг работаа х10 и да се вратат во тим. Тоа е професионализам од страна на играч.
Марсијал ќе се бунтува кој да сме реални сезонава е претерано неконстантен. Неговата неконстантност е и нормална за играч на негови години и со фактот дека имаше долга сезона минатата година, но доколку сака да успее во тимов и да има лично тој напредок мора да ги почитува одлуките и задачите од менаџерот.
@Martin
Во Јунајтед поголема привелегија е да ја носиш 11ката него 9ката кога би се прашувал јас.