Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
11 има поголем „товар“ отколку 9 во Манчестер Јунајтед, во право е ziak92. А и настрана ова, со што па Марсијал си го зацементирал тој број за него, со една успешна сезона? Не бе царе, за да се буниш за една бројка треба да си со CV како Роналдо дебелиот, Фаулер, Енди Кол, Ширер, Инзаги итн.
 
R

red.devil

Гостин
Ајде едно по едно.

За лапсузите не коментирам, зошто ако сакаше да ми ја сфатиш поентата во текот не целиот пост ќе си го увидел и лапсузот ама ајде...

8 нека се...пошто одма се надохнадуваат, а од др стр 8 до 2ро или 6 до 3то се премногу висока разлика.

Во првата сезона на ЛВГ со оваа сега, дали знаеш колкава разлика во конкуренција има како прво за да правиш толку лесна споредба. Челзи титулата ја имаше на рака скоро од Октомври месец од кога не падна на 2ро, а единствен конкурент му беше Сити кој беа катастрофа таа сезона. Арсенал, Ливерпул и Тотенхем како конкуренти и на Челзи, а и наши далеку под сегашново ниво. Тие 2 сезони кога беше ЛВГ, актуелниве наши конкуренти беа 1-2 скалила подолу од тоа што се сега (освен Челзи кога ја освои таа титула каде во тек не цела сезона изгази од почеток до крај и беа најконстантни и негова споредба со актуелниов е тесна што дури ме влечи да мислам дека актуелниов Челзи е подобар и од тој Челзи од пред 2 години затоа што има помалку натпревари да игра и свежината на играчите се чувствува во натпреварите). Друга работа, не знам како успеа да заклучиш дека тогаш сме играле како Барса, стварно ме чудиш. Можда по број на пасови сме биле тука, ама пасови во наша половина на терен и ДДГ како најдобар пасер или на Барса во забавена снимка. Играта на ЛВГ беше далеку од таа што ја практикува Барса изминатиов период.
Тема Фалкао. Јас лично и сега го одобрувам како позајмица затоа што ризикот беше премал за тоа како заврши, а добивката ќе беше преголема ако експлодираше со голови таа сезона. Го ставив во листата на засилувања на ЛВГ за да ти посочам дека ЛВГ НЕ ИНВЕСТИРАШЕ СТРИКНО КОН ИДНИНАТА, туку и носеше играчи од кои се очекуваше инстантно да ја подобрат играта. Во тој контекст е и Ди Марија, Швајни, Морган, Блинд, Дармиан итн...

Третото твое. На тие 20 играчи што ги остави ЛВГ, плус Рашфорд, КБЏ и Менса како младинци во тимот, и плус 4те трансфери кои пристигнаа летово го створија тој вишок за кој што Мурињо се одлучи полека да го чисти. Мемфис ми беше трансфер желба која ми се оствари и ден денес верувам дека поседуваа со Марсијал талент и потенцијал на скоро исто ниво. Тоа што не го реализира тој талент и потенцијал, а дочека Марсијал и Рашфорд да го шишнат е друг муабет за кој не е виновен Мурињо. Околу Шнајдерлин верувам дека и Мурињо го гледал како идеален партнер на Погба и достојна замена за Керик. Со игрите кои ги даде во Сотон многумина го гледавме баш како солидна замена за Керик, а со доаѓањето на Погба сметавме дека топ ќе соработуваат. Стартуваше со Фејенорд и доби шанса на неколку други натпревари каде таа врска не му се покажа како што треба, а и ЛВГ го седна на клупа лани во втор дел од сезоната. Истата приказна и ЛВГ ја имаше и со Мемфис, Ди Марија, Фалкао, Швајни (до повредата)...Мурињо си го креира тимот како што си сака тој и си носи одговорност за тоа. Ако смета дека Мемфис и Морган не му се совпаѓаат во концептот негова легитимна одлука е тоа. И ЛВГ донесе такви одлуки и со Нани, Заха итн и тоа без да им даде подолг период да му се докажат...

Четвртото. Добро си кажа, принудно! Точно е дека ЛВГ имаше поголема доверба во младите, но добар дел од играчите кои ја добија шанста беа прекомандувани поради принуда. КБЏ дојде како алтернатива зошто Шо и Рохо во тој период беа аут, Блинд играше стопер. Менса доби можност кога бевме десеткувани против Арсенал, Рашфорд да не се навраќаме како блесна. Мемфис, Шо и Марсијал ги доведе како играчи кои се докажале дека се таленти со голем потенцијал (Шо ќе повторам дека беше договорен уште пред тој да пристигне). Напротив овој факт никој не го осопрува овде. Но од друга страна и да сме реални и да се потсетиме на една изрека наша за Арсенал и Венгер од минатото кога ни беа главни конкуренти.

Околу трансферите. Освен Дармиан кој не го следев доволно, како и Марсијал кој искрено не го знаев за што играч се работи, за сите останати играчи и јас ги одобрив како трансфери. И за тие играчи кои ги доведе плативме солидни суми за кои треба да се атакува титула ако сме реални. И добро кажа, има голема разлика во типот на трансферите. Од сегашна перспектива сметам дека Мурињо работи со подобар концепт од ЛВГ. И ќе то кажам зошто. Уште од првиот ден самиот си знаеше што сака да доведе и ги имаше таргетирано најтесните позиции во тимот. Ги реализира играчите кои што ги посака уште пред првото коло и си го имаше тимот на располагање. Моја лична замерка која сметам дека влијаеше за лошиот период до Ноември/Декември месец се лошите припреми кои ги имавме каде Мурињо не успеа да ги воочи аномалиите кои ги воочи од кога заврши трансфер периодот. До крајот на Јули ги немаше на располагање играчите од ЕП, а турнејата беше катастрофално оранизирана и имаше кус период да ги увиди недостастоците кај дел од играчите за да направи уште некоја промена. Од друга страна концептот на ЛВГ од денешна перспектива би го толкувал како конфузен. Се донесе во прва сезона играчиште како Ди Марија врз кого треба да се адаптира играта, а пустиот не успеа да му го најде местото па уште како одбранбен и голман не го проба. Во втор дел од сезона Јанг и Фелаини му беа спасители на сезоната. Дојде период Јанг да го игра лев бек со Блинд, Шо и Рохо како конкуренти за таа позиција. Ги носи Мемфис и Марсијал на иста позиција и не се обидува еден да го пушти десно да го проба зошто таму бевме дота бавни и лоши, а притоа немаме соодветен играч кој ќе игра покрај Смолинг за да на крај сиот бес добар дел да го истуриме врз Блинд кој се трудеше премногу да игра на таа позиција. И двајцата потрошија доста во преодните рокови и тоа суми за кои треба да се гарантира титула. Точно е дека Мурињо на самиот старт ја посочи титулата како главна цел и точно е дека нашите шанси за таа цел да се реализира се премали во моментов. Јас тоа не го коментирам, само дадов коментар дека и да сме надвор од топ 4 верувам дека Мурињо ќе го скоцка одлично тимот за следната сезона затоа што ги има детектирано недостатоците и имаме позитивна промена во играта која ќе даде резултат.

И како бе разликата помеѓу ЛВГ и Мурињо е тоа што едниот играл на посед, а другиов да се брани? Сериозно го мислиш ова? Па сезонава имаме во секој меч најмалку по 2-3 чисти шанси за гол, играме доста поагресивно и што е најважно се надигруваме со противникот. Имавме еден млитав период со такви игри, но генерално далеку понапаѓачки фудбал играме во споредба со периодот од кога беше ЛВГ. На неколку меча вадеше стопер да стави офанзивец за да дојде до победа. Во одбрана играме многу подисциплинирано. Од мечот со Челзи навака одбраната игра на највисоко ниво и тоа е големо подобрување. Таа е мојата перцепција и пак ќе кажам дека тоа што сме 6то во моментов го коси позитивниот напредок на тимот. И со ЛВГ овој период лани бевме на иста позиција, но игравме пребледо и затоа уште од овој период има голема разлика од генералното расположение и притисокот од фановите кон Мурињо и ЛВГ.

И околу мен менаџментот. Јас не ја отворив оваа тема, туку прокоментирав дека имаме поголема дисциплина во играта, но дадов коментар дека ни ЛВГ не беше цвеќе за мирисање во мен-менаџментот. Сети се кога го извади Нани од пријателска по 10-15 минути откако го стави во игра, тоа е тој мен менаџмент? Или кога го играше Ди Марија на секоја позиција во напад, па го седна на клупа и не го извади од таму зошто не му се вклопувал во концептот. И тоа околу Ибра. Напротив самиот факт што е Ибра на терен го тера противникот да влечи 2 играчи на него, и иако има 35 год братот со еден потег може да реши меч и тоа кога не му оди. Немаме подобра 9ка од него во моментов да стартува. Бројот на голови во една полусезона е поголем од бројот на голови на нашиве најдобри стрелци изминативе 3 год. Сите анализи говорат дека ни е еден од најконстантните сезонава.

Сепак, далеку од тоа дека е светец Мурињо, но си сака човекот да е авторитет и баш за последниов случај со Марсијал сум целосно зад него. И еден Бекам, РВН, Тевез итн во најдобри периоди од нивна кариера изиграваа мангупи па САФ им даде шут карта. Баш во книгата негова пишуваше дека ако ја изгуби контролата во соблекувалната ради некој играч води кон бродолом на тимот и лично него како менаџер. Добро си кажува човекот дека ниту еден играч не смее да е поголем од менаџерот.
Марсијал има 19 години и тоа што беше еден од најдобрите во тимов минатата сезона не му дава кредити дека може да прави што сака. Еден Руни кој има х10 кредити во клубов од него и е капитен на тимот ги слуша инструкциите на Мурињо. Мата исто така си работи и ги почитува неговите одлуки. Смолинг додади го на таа листа. Мики и Швајни зошто ги засукаа ракавите и на тренинг работаа х10 и да се вратат во тим. Тоа е професионализам од страна на играч.
Марсијал ќе се бунтува кој да сме реални сезонава е претерано неконстантен. Неговата неконстантност е и нормална за играч на негови години и со фактот дека имаше долга сезона минатата година, но доколку сака да успее во тимов и да има лично тој напредок мора да ги почитува одлуките и задачите од менаџерот.

@Martin
Во Јунајтед поголема привелегија е да ја носиш 11ката него 9ката кога би се прашувал јас.
Да бе ја на гравчиња глеам што сака авторот да кажи па ќе претпоставувам. Види го Видук на пример, виртуелно си ги редефинира мислењата па после ај разбери се со падобранците кои само ја скенираат темава. Уште да почна да претпоставувам што сакаш да кажиш, кај ќе е крајот.

Не се согласувам дека првата сезона на ЛВГ била полесна во ПЛ од сега. Како прво, што и кажав претходно Ван Гал направи комплетна реконструкција на тимот. Се сеќаваш на Клевз твој? Е јас не знам и дали постои веќе. Таквите мршојади ги маршира од тимот, имаше 80% нов состав и ни под разно не може да спореди со сега. Уште поиронично е за тоа што го напаѓате Ван Гал а со истите аргументи го браните Мурињо. Требало да ги научи играчите, да им ја најде позицијата. Ма немој, кажувај му вакви приказни на некој што не следи.
Секако ќе има и искусни играчи кога си отидоа 15 првотимци во рок од два трансфер рока. За инат можеш се да кажиш ама факт е дека тој беше најмладиот состав во лигата.
Ако не знаеш како заклучив, изгледај ги натпреварите после Боксинг деј од првата негова сезона и ќе ти стане јасно. Е тоа е дисциплина и тимска игра. И тоа со Фелаини во тимот, да не ти се верува.

Со болдираното ја кажуваш неспособноста на Мурињо и рејџот што го имам спрема него сезонава. Ги имаше сите услови да ја потфати сезонава со цел налет ама се испостра. Буквално. Он во Април ќе ја освојувал лигата. Yeah right...
Ди Мариа беше таргет цел на Вудвард, нема врска со концептот на Ван Гал ама тоа е веќе друга тема, која не знам зошто и ја отвараш. Можда едно од класичните твои спинувања после кои ќе морам да читам четива ако одговорам на истото.

За мен менаџментот ти ја отвори темата братче. Јас ти кажав во што е лош дотичниот. Тоа по автоматизам не значи дека го праам Ван Гал подобар или ги споредувам. За дисциплина да, кај Ван Гал се под конец беше, мораше да биде и истото важеше за сите. Сега има двојни аршини и преочигледно е тоа. Ако не сакаш да си ги извадиш розевите очила не е мој проблем.

Микхрарјан требаше многу порано да игра. Мурињо со тоа што се деси докажа само колку не ги гледа очигледните работи. Првин го фрли директно во оган на дерби, за потоа да заклучи дека не бил спремен. Смешки во боја. Свесен си дека до пред две кола Керик беше најнеискористената замена во составот(Јанг го престигна сега)? Е до толку беше делудед и не знаеше да го искористи најдобриот мидфилдер во составот и го чуваше на клупа 3 месеци а му играше грмушката. Толку.

А кажи ми што направи Марсијал. Викаш да прави што сака. Дај пример на лошо однесување.
 
A

apidrone

Гостин
11 има поголем „товар“ отколку 9 во Манчестер Јунајтед, во право е ziak92. А и настрана ова, со што па Марсијал си го зацементирал тој број за него, со една успешна сезона? Не бе царе, за да се буниш за една бројка треба да си со CV како Роналдо дебелиот, Фаулер, Енди Кол, Ширер, Инзаги итн.
Предлагам да ги ставите на кантар бројкиве, да расчистиме еднаш засекогаш која бројка е „потешка“.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Предлагам да ги ставите на кантар бројкиве, да расчистиме еднаш засекогаш која бројка е „потешка“.
Добар предлог, ајде почни :)
 
A

apidrone

Гостин
Tим 9: Боби Чарлтон, Енди Кол, Саха, Бербатов (всушност овие играчи клубот ги издвоил при претставувањето на Фалкао)
Тим 11: Гигс. Со почетокот на ПЛ 92-93та биле воведени бројките што стојат цела сезона. Ама не можам да најдам некоја значајна 11ка пред тоа.
 
Член од
13 мај 2016
Мислења
502
Поени од реакции
969
Ке видиме каде ке се криете вие хејтерите на Мурињо кога следната сезона ке ја освоиме титулата во Премиер Лигата.
Абе џабе...ќе речат и ја би освоил со 500 милиони..голема работа..
:blablab:
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.762
Поени од реакции
52.738
За тактичар, разочаран сум со оглед што е специјалниот - Ван Гал е доктор за овој.
Ова никогаш не би го помислил, и да ја оспоруваше некој овде тактичката страна на Мурињо, ќе го направев будала. Ама некој од играчиве што ни дојдоа од Атлетико (не ми текнува сега кој беше), пред некоја година правеше споредба со Симеоне и рече дека Симеоне многу подобро тактички ги подготвувал. А сега еве го и Хазард истото го потврдува, што ми е ептен чудно.



Иначе не сте ми јасни тие што гледате позитивно на ситуацијава. Реално, ептен лошо е ова што се случува сезонава. Да имаш таков тим, да се засилиш со готови играчи кои реално треба да ти донесат титула, и да не можеш да мрднеш 4-5 месеци од шеста позиција е срамно за клуб како Јунајтед. Па и лажната слика за непоразеност, а пола од натпреварите нерешени. И Мурињо не е менаџер на кој во преден план му е да игра атрактивно. Баш напротив, на Мурињо најбитно му е да извади резултат, без разлика како ќе дојде до него. А и лани и сега не му успева тоа како што му успеваше порано. Воопшто не би очекувал и не би се радувал на некаква атрактивна игра. Дури и стварно да пробува да форсира сега поубава игра, ќе си се врати на старото, вака никако не му иде.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Tим 9: Боби Чарлтон, Енди Кол, Саха, Бербатов (всушност овие играчи клубот ги издвоил при претставувањето на Фалкао)
Тим 11: Гигс. Со почетокот на ПЛ 92-93та биле воведени бројките што стојат цела сезона. Ама не можам да најдам некоја значајна 11ка пред тоа.
Fun fact: Џорџ Бест подолго ја носел 11 отколку 7, една сезона поточно нодел 7, кога освоиле ЛШ ;) Чарлтон и Кол ајде де ама Саха и Бербатов дај не заебавај, квалитетни напаѓачи точно ама не во иста класа со овие погоре па и да остават белег на клубов.
 
Член од
13 мај 2016
Мислења
502
Поени од реакции
969
Ова никогаш не би го помислил, и да ја оспоруваше некој овде тактичката страна на Мурињо, ќе го направев будала. Ама некој од играчиве што ни дојдоа од Атлетико (не ми текнува сега кој беше), пред некоја година правеше споредба со Симеоне и рече дека Симеоне многу подобро тактички ги подготвувал. А сега еве го и Хазард истото го потврдува, што ми е ептен чудно.



Иначе не сте ми јасни тие што гледате позитивно на ситуацијава. Реално, ептен лошо е ова што се случува сезонава. Да имаш таков тим, да се засилиш со готови играчи кои реално треба да ти донесат титула, и да не можеш да мрднеш 4-5 месеци од шеста позиција е срамно за клуб како Јунајтед. Па и лажната слика за непоразеност, а пола од натпреварите нерешени. И Мурињо не е менаџер на кој во преден план му е да игра атрактивно. Баш напротив, на Мурињо најбитно му е да извади резултат, без разлика како ќе дојде до него. А и лани и сега не му успева тоа како што му успеваше порано. Воопшто не би очекувал и не би се радувал на некаква атрактивна игра. Дури и стварно да пробува да форсира сега поубава игра, ќе си се врати на старото, вака никако не му иде.
Зошто позитивно ?
Затоа што конечно после три сезони килав стерилен се само не фудбал....Јунајтед игра нешто што може да се нарече тоа.

Дали е идеално ?
Факинг не ! Минимумот сезонава е ЛШ..топ 3, и бар 1 куп.. се друго е катастрофа.

Лажна слика ? Лажно ќе биде само ако..Јунајтед стварно не заврши во топ4.

И најважното според мене ...Мурињо кога се врати во Челзи, што направи првата сезона ?
Ништо..или лига куп мислам.. и наредна сезона освои лига со потполна доминација.
Незз како не разбирате дека треба време..па да му еам Премиер Лига е ова, и Пеп требаше да гази нели па ене го се губи во превод. Некој ќе го спомне Конте.....да, ама Челзи веќе имаше шампионски тим..тим составен од Мурињо и засилен плус со за мене фантастичниот Канте ала Макелеле..и врз сето тоа не играат Европа никаде..одморени си маршираат у Премиер..ма да бравос за Конте што ги скоцка и бравос за страста кон фудбалот :aplauz:[DOUBLEPOST=1486307015][/DOUBLEPOST]
 
Последно уредено:
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.771
Поени од реакции
9.567
Да бе ја на гравчиња глеам што сака авторот да кажи па ќе претпоставувам. Види го Видук на пример, виртуелно си ги редефинира мислењата па после ај разбери се со падобранците кои само ја скенираат темава. Уште да почна да претпоставувам што сакаш да кажиш, кај ќе е крајот.

Не се согласувам дека првата сезона на ЛВГ била полесна во ПЛ од сега. Како прво, што и кажав претходно Ван Гал направи комплетна реконструкција на тимот. Се сеќаваш на Клевз твој? Е јас не знам и дали постои веќе. Таквите мршојади ги маршира од тимот, имаше 80% нов состав и ни под разно не може да спореди со сега. Уште поиронично е за тоа што го напаѓате Ван Гал а со истите аргументи го браните Мурињо. Требало да ги научи играчите, да им ја најде позицијата. Ма немој, кажувај му вакви приказни на некој што не следи.
Секако ќе има и искусни играчи кога си отидоа 15 првотимци во рок од два трансфер рока. За инат можеш се да кажиш ама факт е дека тој беше најмладиот состав во лигата.
Ако не знаеш како заклучив, изгледај ги натпреварите после Боксинг деј од првата негова сезона и ќе ти стане јасно. Е тоа е дисциплина и тимска игра. И тоа со Фелаини во тимот, да не ти се верува.

Со болдираното ја кажуваш неспособноста на Мурињо и рејџот што го имам спрема него сезонава. Ги имаше сите услови да ја потфати сезонава со цел налет ама се испостра. Буквално. Он во Април ќе ја освојувал лигата. Yeah right...
Ди Мариа беше таргет цел на Вудвард, нема врска со концептот на Ван Гал ама тоа е веќе друга тема, која не знам зошто и ја отвараш. Можда едно од класичните твои спинувања после кои ќе морам да читам четива ако одговорам на истото.

За мен менаџментот ти ја отвори темата братче. Јас ти кажав во што е лош дотичниот. Тоа по автоматизам не значи дека го праам Ван Гал подобар или ги споредувам. За дисциплина да, кај Ван Гал се под конец беше, мораше да биде и истото важеше за сите. Сега има двојни аршини и преочигледно е тоа. Ако не сакаш да си ги извадиш розевите очила не е мој проблем.

Микхрарјан требаше многу порано да игра. Мурињо со тоа што се деси докажа само колку не ги гледа очигледните работи. Првин го фрли директно во оган на дерби, за потоа да заклучи дека не бил спремен. Смешки во боја. Свесен си дека до пред две кола Керик беше најнеискористената замена во составот(Јанг го престигна сега)? Е до толку беше делудед и не знаеше да го искористи најдобриот мидфилдер во составот и го чуваше на клупа 3 месеци а му играше грмушката. Толку.

А кажи ми што направи Марсијал. Викаш да прави што сака. Дај пример на лошо однесување.
Прва работа другар. Овде дискутираме. Твоето несогласување со мојата размислување и перцепција околу актуелнава состојба во клубот можиш да ја искажиш на многу посмирен начин зошто во ниту една поента од моите постови не ти се обраќам лично со цел твоја лична деградација и мислам нигде не заслужив таков третман. Размислував тоа да ти го кажам ова и во претходниот пост, ама еве сега ја користам можноста.

Да се надоврзам на репликава. Никој не вика дека ЛВГ имаше лесна задача кога дојде во Јунајтед во првата сезона, туку дека нивото на конкуренција тие 2 сезони кога беше тој на чело никако не можат да парираат на конкуренцијата во ПЛ која е во актуелнава сезона. ЛВГ ја имаше истата моја подршка во тој период, како што ја има сега и Мурињо, слободно можиш да бараш мој пост за истиот период на нивно менаџирање на клубов. ЛВГ имаше далеку поорганизирани предсезонски подготовки во споредба со годинашната која ја доби Мурињо (која беше испланирана пред неговото доаѓање).

И кажи кај реков дека не беше најмлад состав во лигата, што ги вртиш упорно работите не ми е јасно. Најмлад состав не беше со план, туку принудно. Немој да ми кажиш дека против Арсенал дома планираше да игра со МекНер, Менса, Рашфорд и др при фит првотимци.

И една полусезона од ЛВГ во рок од 2 години на чело на клубот ти е репер за топ менаџирање како што гледам. Поготово во сезона кога не игравме во Европа и каде каде можеше полесно да се фокусира во ПЛ. Дај коментар како до 5-6 коло се мачевме? За тоа како ЛШ испаднавме од најлесна група и ред други бледи изданија на Јунајтед. ЛВГ беше доведен да го врати Јунајтед во топ 4 и да го врати да се бори за титула. Тоа го наговести и со првиот трансфер период каде донесе солидни играчи кои добро ги плати Јунајтед, а немаше задача да прави стратегија за после 5 години. И носењето на Ди Марија сигурно било со давање зелено светло од негова страна, како претходно со Ерера и Шо. Не е мој спин, туку споредба со трансфер политиката меѓу Мурињо и ЛВГ за која тврдиш дека вториов имал стратегија за иднината, а не купувал играчи со кои ќе прави атак за титула и топ 4.

Околу тоа дали е неспособен или способен, доволно ти говори фактот што во ПЛ имаш 5-6 претенденти за топ 4 кои имаат исклучиво добри состави. Ете го и генијот Пеп колку лесно се снаоѓа во ПЛ иако наследи екстра тим на кој додаде солидни засилувања. Конте со Челзи имаше блед старт за после да ја фати формата во која се наоѓа сеуште, но тука голем фактор игра тоа што не игра во Европа, а и рано испадна од Лига купот, плус исто така наследи екстра костур на кој даде мали промени за да даде резултат. Наспроти Конте и Пеп, Мурињо наследи тим без костур врз кој ќе го гради. Единствено ДДГ стандареден поединец, друго ништо.

Мен менаџмент во мојот прв пост нигде не спомнав, слободно види си ама нема врска. И каде гледаш двојни аршини? Упорно за Ибра и Погба се фаќате. Едниот прв стрелец кој со потег можи да реши меч и кога не му оди, фигура на терен која влечи 2ца играчи околу него, вториов полека прераснува во моторот од средниот ред и ради една победа без нив над “исклучтелно опасниот“ Виган се носи заклучок дека треба да се седнат на клупа, но поради тоа што Мурињо нема авторитет врз нив двајца не можи да ги седне. Сите фудбалски анализи говорат дека Ибра ни е најконстантен играч годинава.

И за ситауцијата со Марсијал, според тоа што го прочитав Мурињо барал поконстантни изданија од него и нешто поинаков пристап во играта, нешто налик мечот кој го одиграл со Ридинг каде направи неколку влезови во казнен простор и постигна гол од таква позиција. Шпекулациите викаат дека на тоа реагирал неговиот агент кој го притиснал клубот и се заканил со трансфер доколку Марсијал не е постојано во прв тим откако беше изоставен од мечот со Стоук. Има некоја тензија во релација од неговиот агент со Мурињо која според мене е недозволива.

@apidrone
Брат, од помладава генерација играчи кои ќе доаѓаат доволно за 11ката е само Гигс.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.762
Поени од реакции
52.738
Зошто позитивно ?
Затоа што конечно после три сезони килав стерилен се само не фудбал....Јунајтед игра нешто што може да се нарече тоа.

Дали е идеално ?
Факинг не ! Минимумот сезонава е ЛШ..топ 3, и бар 1 куп.. се друго е катастрофа.

Лажна слика ? Лажно ќе биде само ако..Јунајтед стварно не заврши во топ4.

И најважното според мене ...Мурињо кога се врати во Челзи, што направи првата сезона ?
Ништо..или лига куп мислам.. и наредна сезона освои лига со потполна доминација.
Незз како не разбирате дека треба време..па да му еам Премиер Лига е ова, и Пеп требаше да гази нели па ене го се губи во превод. Некој ќе го спомне Конте.....да, ама Челзи веќе имаше шампионски тим..тим составен од Мурињо и засилен плус со за мене фантастичниот Канте ала Макелеле..и врз сето тоа не играат Европа никаде..одморени си маршираат у Премиер..ма да бравос за Конте што ги скоцка и бравос за страста кон фудбалот :aplauz:
Мене ми е глупо да се тешиш со тоа дека во втората сезона освоил. Ќе освои ај наредна сезона, не е битно што ќе направи оваа. Иначе првата сезона со Челзи беше прв еден месец пред крај на сезоната. После го заеба муабетот мало коњче , па на крај и ние си се тешевме со тоа дека треба повеќе време :D

Ама во Јунајтед сезонава е скроз друга приказна. Наследи добар тим. Го засили со играчи како Ибра, Погба, Мики. Засилувања за освојување титула, а не за обезбедување топ 4. Го има можеби нјсилниот тим во ПЛ на хартија, и самиот си кажа гордо и сигурно дека оди на титула. Во моменталнава ситуација да, со топ 4 треба да сте задоволни. Ама тоа не го менува фактот дека амбициите за сезонава беа освојување титула, и дека мораше со овој тим да се бори за титула, а не за топ 4.

Потфрли ептен, и воопшто не изгледа добро по интервјуава. Колку и да не ве сакам, ме фаќа жал кога го гледам ваков, сепак ми е омилен менаџер :D

А Конте наследи тим кој заврши 10ти и имаше катастрофална сезона, плус по заслуга на Мурињо не игра во Европа, ама тоа е веќе друг муабет :D
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.626
Поени од реакции
6.433
Рашфорд си заслужи стартна 11ка минатиот меч. :D

Добар состав инаку, уште Марсијал место Раш фали али шта је ту је.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.794
Поени од реакции
44.077
И најважното според мене ...Мурињо кога се врати во Челзи, што направи првата сезона ?
Ништо..или лига куп мислам.. и наредна сезона освои лига со потполна доминација.
А што се случи третата? :D Дали по оваа логика значи дека за 2 сезони ќе крка отказ, бидејќи Јунајтед ќе биде во втора половина на табелата? xD
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.433
Поени од реакции
7.145
Пак без Марсијал во стартни 11. Ама никој не му е крив што не се труди доволно на тренинзи и утакмици. Он, Депај и Шнајдерлин, тоа се тие играчи кои глумат лудило и мислат дека се играчишта и треба да играат стално. За разлика од нив Лингард, Рашфорд и грмушката оваа сезона играат фантастично и го носат тимот на грб, а ако освоиме лига тоа ќе биде нивна заслуга и секако Специјалниот(бранам 1-0 против најумрените екипи). Па уште и ќе изјавува дека Марсијал и ја искористувал шансата, а сезонава иако не е како лани пак е подобар од Рашфорд, Лингард и Руни кои сите имаат предност пред него. Си има зацртано Мурињо дека овие треба да му играат и тоа е. Иста ситуација ко со Ивановиќ лани у Челзи.
Се надевам дека ќе си отиде Марсијал на лето ако продолжи вака Мурињо и дека ќе си го покаже целиот потенцијал во некоја подобра екипа кај што ствармо ќе биде ценет и сигурен сум дека за некоја сезона ќе биде во топ 5 играчи во свет.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom