Кога веќе сум логирана, ајде и јас да споделам искуство, можеби некому ќе биде од корист. Прва сезона со Vivax 18 AEVI, за досега незагреван простор, во еден дел е високо поткровје, со добра
изолација. Грееме отворен салон, со трпезарија и кујна од околу 40-тина квадрати, два ходника и спална од околу 20 и нешто квадрати заедно. Вклучена нон-стоп, обично на 22-23 С, а на најладното 24-25 С, на fan 3 (тоа е кај овој модел најголема брзина) и ептен ретко на турбо. Дома ни е 20-21 С, а во спална 19 С. Сметка за јануари 4400 ден., со напомена дека четири дена во неделата, по околу 1,5 саат уклучуваме и калорифер во друга помала соба, која инаку не ја оставаме отворена да се затоплува со климава. Единствено негативно нешто: мноооогу бучи, преку ден во салонот не се осеќа, ама ноќе и во надворешниот ходник, дури и вибрации како да се пренесуваат. Значи, мислам дека направивме добар избор, настрана тоа што сите ни го пофалија дизајнот