Јас сум тотален лаик за ракомет, се воздржувам и од постови од што не разбирам, ама конкретно за денешниов меч мој впечаток и мое мислење е дека доколку селекторот рационираше малку со играта 7 на 6, односно доколку најдеше некој оптимум меѓу тоа во кој период истата да се игра, а во кој период да се остане со голман и да нападнеме 6 на 6, наптреваров ќе го добиевме минимум 3,4 гола разлика.
Мислењево ми е базирано пред се на тоа што доколку се погледне статистички, толку голови примевме само заради загубените топки во напад, кои потоа имаа последица сигурен гол за Исланд. Особено впечатливо е тоа што едно добри 5,6 голови што ги дадоа после наша изгубена топка, вината за тоа беше само немањето голман за голот, односно исланѓаните во голем од тие напади немаа шанса за брза контра и еден на еден со евентуален голман на голот, за да се вели дека техничките грешки и онака автоматски ќе резултираа со примен гол.
За целокупното првенство би требало да бидеме задоволни, бидејќи сме трети во групата и изигравме пристоен меч со Шпанија. Единствена негативност засега е убедливиот пораз од Словенија, ама тоа се прифаќа. Да покажеме заби на Норвешка и да бидеме во мечот активни, па макар и изгубиле на крајот ќе значи сосема позитивно првенство за нас. Евентуално 1/4 финале ќе биде голем успех.