Група Б (Шпа, Сло, МКД, Анг, Тун, Исл)

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување

Кои 4 екипи ќе ја поминат групата?

  • Шпанија

    Гласови: 132 83,0%
  • Словенија

    Гласови: 131 82,4%
  • Исланд

    Гласови: 106 66,7%
  • Тунис

    Гласови: 49 30,8%
  • Ангола

    Гласови: 11 6,9%
  • Македонија

    Гласови: 143 89,9%

  • Вкупно гласачи
    159
Статус
Затворена за нови мислења.
Ова денес што се случи е срам за Ракометот како Спорт воопшто, јас пооочигледно местење не сум видел досега, а сум гледал доста местења. Под сериозни прегледи од ЕХФ треба да биде мечов. И да, жалам што пола Македонска јавност ги велича до небо, а цела репрезентација милиони направи од овој меч. Толку.
Тебе кладилницата ти го испила мозокот ;)
 
Инаку, воочливо е дека има подобра атмосфера играчи-тренер со Червар него со Обрван.

Најочигледно е тоа кај лидерите на тимов, Лазаров и Стоилов, кои дур беше Обрван беше преувидливо дека не се слагаат со неговите замисли и одлуки, бар колку што можеше да се види од ТВ, често имаа негативни гестикулации кон него, во интервјуа често му замераваа и сл.

Сеа можда се расположени пошто баш тие двајца најмногу профитираа од тактикава, Кире игра страшно, Столе исто.

Другиве му се горе доле „уште негови играчи“, па и со нив има уште однос во кој му ги слушаат заповедите.

Жалам што немаа таков однос со Обрван, пошто сеуште мислам дека со него ако го слушаа, ќе имавме подобри резултати.
Чудно е шо баш Стоилов на интервјуа(добро,малце порано) даваше изјави против Червар,ради него го избркале од Металург итн итн итн. Нема врска,кешки вака нека продолжат да функционираат.

Инаку,тактиката 7вс6 е успешна според мене,е сеа мислам малце повеќе треба да се вкомпонира составот,ајде така да го кажам. Мислам дека најголемиот дел од головите паѓаат по ненавремена замена,играчот шутира,а останатите 6 луѓе се останати во поле,па додека се врати еден,па да влезе голманот требаат минимум 6-7 секунди. Може да имаат повеќе уиграни акции,па уште кога се подава топка до играч што треба да шутира,еден да тргне назад на замена. Ова е само мое мислење,но ова е само за ситуации кога се има позиција за шут,тука не се предвидени техничките грешки..
 
Напротив, ме натераа да го вадам тикетот од канта кај што ми беше Х играна од пред натпревар. Ама реалнсота е таа. Ако ајде величајте ги хероите, го направија невозможното.
 
Последно уредено од модератор:

Ех, да беше само неслагање со Обрван :D
 
Сега кога го играме 1/8 финалето? Кире рече дека треба да се одморат два дена,но сеа на резултати проверив вика од 16:00 во сабота.
 
Добро, да те прашам, се имаш некогаш натпреварувано? Не мора да е професионално, лаганица онака, аматерски ама да имаш натпревар и ако да, дали некогаш си тактизирал?

Во спорт не , али во други области во животот да. Ако има услови за повеќе секојпат гледам максимум да извлечам. Сум губел , сум добивал , и сатисфакцијата и самодовербата шо се добива во случај на било каков успех/победа е фантастичен.
Џабе ја дискутираме ситуацијата во право си и знам од кој аспект ми зборуваш , јас само ти кажувам дека можеа многу повеќе да добијат ако превземаа ризик. И врти сучи пак се враќаме на тоа на почетокот , се е ствар на филозофијата на човекот кој ги влече конците.
 
Последно уредено:
Чудно е шо баш Стоилов на интервјуа(добро,малце порано) даваше изјави против Червар,ради него го избркале од Металург итн итн итн. Нема врска,кешки вака нека продолжат да функционираат.

Инаку,тактиката 7вс6 е успешна според мене,е сеа мислам малце повеќе треба да се вкомпонира составот,ајде така да го кажам. Мислам дека најголемиот дел од головите паѓаат по ненавремена замена,играчот шутира,а останатите 6 луѓе се останати во поле,па додека се врати еден,па да влезе голманот требаат минимум 6-7 секунди. Може да имаат повеќе уиграни акции,па уште кога се подава топка до играч што треба да шутира,еден да тргне назад на замена. Ова е само мое мислење,но ова е само за ситуации кога се има позиција за шут,тука не се предвидени техничките грешки..

Мене па тоа дека Столе го мрази Червар или обранто никад не ми беше толку уверливо. :D

Столе мислам дека има антагонизам кон Металург како клуб а не толку кон Червар. Еднаш имаше изјавено: „Фала му на Червар што ме избрка од Металург, ми ја спаси кариерата“, на тоа мислиш, ама па после имаше слики и изјави со него каде што го фали. Никад не ме увери дека толку се има замрзено со чиката.

За тактиката пишав шесткилометарски пост, да не се повторувам, си има и предности и слабости, оправдано ја играме, но неоправдано ја играме цел меч а не во делови.
 
Претерувате малце со тоа радување и не тргнување во напад, 2-13 секунди имаше и немаше апсолутно никаква потреба од тргање у напад со сета сила. Скандинавци или германци може немаше да се радуваат така туку ќе тргнеа у напад и ќе застанеа на центар.

А по некоја случајност да им дадевме гол ќе имаше коментари од типот, бре ама се глупи место да остане нерешено и да лета дома Тунис ние Исланд го исфрливме а ништо ни немаа згрешено. :D
 
Напротив, ме натераа да го вадам тикетот од канта кај што ми беше Х играна од пред натпревар. Ама реалнсота е таа. Ако ајде величајте ги хероите, го направија невозможното.

Ако не одбранеше колев што правиме ?И јас играм кладилница итоа сигурно многу повеќе од тебе,ама вакво нешто да пишеш за утакмицава е срамота.Имаше една местенка Исланд- СЛовенија и види која разлика е од таа утакмица до оваа.НЕМАШЕ ни шут да направат исланд,ќе ја пимплаа и накрајот сето ќе завршееш со шут од 9 метри( демек не успеале да направат акција)
 
Да ги вратиме мислењата после Словенија утакмицата скоро сите шо сеа бранат нешто беа плукачи.
Јас стојам на зборот дека сме исто како до сега, ниту чевларо нешто ни донесе ниту подмладувањата, овие вторите посебно, сите сеа магично го величате филипче дека е над таа металург-чевлар школа.
Ова со 7-6 покажува дека сме како во она видеото што рече чевларо експеримент и горе долу јас не сум против, некаде 50-50 е корисноста на истата.
Исто како досега ги тепавме џупците од африка и со едно скубнато нерешено се протнавме даље.
За да го сменам мислењето сакам да видам било каква победа на Норвешка и истата би ја класифицирал како најголема во историјата на Мак ракометот за потоа поклон да би имале а то е дуел со Данска и згужваната фаца на копиљот хансен.
 
^ За жал во право си. Ама и тоа е реалноста, се знаеше дека проаѓање во следната фаза ќе ни биде целта и дека немаме премногу квалитетна репрезентација. Кој знае, ќе видиме со Норвешка како ќе одиграме.

Иначе се игра официјално мечот во Сабота во 16 саат, само ден одмор, и најрано ќе играме....ајде, се надевам ќе се одоморат играчиве и ќе успеат да извадат некаква мотивација од фактот што сме аутсајдери и од тоа што буквално целта е исполнета веќе.[DOUBLEPOST=1484868412][/DOUBLEPOST]Иначе ова е од официјалната страница:

upload_2017-1-20_0-27-15.png

ARY FYR? лол вут?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom