Colateral beauty a.k.a Try not to cry challenge. Многу мерак ми направи филмов
(и да, го поминав челинџот
Има и поемотивни филмови нели али ептен емотивен и добар филм што и те смее и те растажува. Да си го гледате обавезно!)
Ла Ла Ленд - Дефиниција за Оскаровски филм ми е мене ова. Многу добар накај одличен. Слично и како Whiplash ми беше и овој. На моменти ОДЛИЧЕН на моменти...меееех. Се гледа дека за дијалози го бива режисеров (ако не се лажам сам си го има пишано сценариото и за ова), али пак не се концентрира премногу на такви работи. Ама нели, мјузикл е. И тоа не беше целосен мјузикл како Ле Мизерабл на пример.
Дефинитивно еден од најзаслужните филмови што ќе доминираат Оскари. Јас 5-6 пребројав гледајќи го филмов. Режијата беше свршавање. Ако сте од тие што се ложат на режија (јас не се сметам за ваков а пак ми имаше ОДЛИЧНА режисерки завршена работа филмов) ќе бидете презадоволни. Скоро ништо и да немам гледано друго од тоа што се смета за фаворитски филмови на оскариве..ама у старт знам дека Чизел...или како и да се вика режисеров го зима еден од најзаслужните режисерски оскари во последниве 5-10 години.
Единствено ми е што филмов има 3-4 10/10 сцени што се стварно одлични (вклучувајќи ја и последната што е fucking beauty сцена и сторителинг и камера ворк и кинематографија и се живо и диво) а остатокот е онака не до толку фантастичен, на моменти досаден на моменти просечен....за мене нели.
8/10 и со негледани останати оскаровски фаворити убеден сум дека ќе лапне Оскар за најдобар филм. Ако си замине со под 5 Оскари може до некаде и за разочарување да се смета.
Гледајте го, али не го гледајте со хајп или "Бооо шо ќе глеам сеа чоечеее..."
А и да...ако не сакате мјузикли и кјут романтични филмови...не мора ни да го гледате