Nintendo

Член од
14 август 2006
Мислења
45.347
Поени од реакции
84.556
А што сакате вие и мени на Македонски да испрограмираат Сони, Нинтендо и Мајкрософт? и Македонски voice-over да стаат во игрите?
Не баш. За друго збориме.


Иначе, додатоциве, компонентиве, стварно им се скупи. Обично игрите им се малце поскапи, но не и хардверот.
 

StOrMK

Rain
Член од
24 јули 2015
Мислења
345
Поени од реакции
151
Мене искрено игриве како ептен детски ми изгледаат. Единствено игра што ми се допаѓа е Супер Марио. Нинтендо треба да извади некоја бомба конзола која ќе им конкурира на Сони и Мајкрософт, која ќе ги поддржува новиве популарни игри и повторно да го врати сјајот и популарноста која ја имаа во минатиот век.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.347
Поени од реакции
84.556
Со време траење на батерија од некој си 2 - 2.5 сати?!
Од 2,5 до 6+ саати, така рекоа на презентацијата (можам и линк да ставам). Изглеа погрешно си слушнал или прочитал.


Инаку, иако споменувае конкуренција, сепак не е баш прикладна споредбата со Sony & Ms конзолите. Тие не му се генерално директна конкуренција на Big N.
Nintendo одкога беше заедно со Sega исшутиран од владеечката позиција во светот на конзолите (втора половина на деведесети), се снајде и продолжи да постои. Тој успеа во тоа (за разлика од Sega*), затоа што си најде свое место кое не се преклопува со интересите на двојката (Ms & Sony) која ги исшутира од таму.
Тие останаа да владеат со рачните конзоли, а домашните конзоли генерално ги приспособија на поинаква публика или им дадоа малку поинаква функција. Така, на пример, во нормалниот свет кај луѓето не беше дилема дали PS3 или Wii или XBOX360. Дилемата беше помеѓу две, а третото си го имаа сите. Фамилиите одлучуваа дали да купат XBox360 или PS3, а паралелно имаат и Wii.

* која остана на софтвер и флипери (arcades, де)
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.364
Поени од реакции
30.767
Microsoft па една конкуренција шо да ти расправам...
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.347
Поени од реакции
84.556
Microsoft па една конкуренција шо да ти расправам...
Ms и Sony од пета генерација, па навака, владеат со светот на домашните конзоли. Пред тоа беа Sega и Nintendo таму.
Ms каска малку зад Sony, исто како што Sega малку каскаше зад BigN, ама во седма генерација генерација подобро поминаа од Sony.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.364
Поени од реакции
30.767
Ms и Sony од пета генерација, па навака, владеат со светот на домашните конзоли. Пред тоа беа Sega и Nintendo таму.
Ms каска малку зад Sony, исто како што Sega малку каскаше зад BigN, ама во седма генерација генерација подобро поминаа од Sony.
Microsoft XBONE е најголемата фејл гејминг прикаска што се случила некогаш. Не сум сигурна дека каска малку, туку дека се влече во кал.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.347
Поени од реакции
84.556
Microsoft XBONE е најголемата фејл гејминг прикаска што се случила некогаш. Не сум сигурна дека каска малку, туку дека се влече во кал.
Се сложувам.
Разликата беше огромна у продажба, ама колку што видов задњи пут, се намали. Али нема шанси да ги стигнат у оваа генерација.
Мене ми е чудно, како и до толку стигнаа Мs, после оние pre-launch најидиотски у историја фази, низ кои XBOX1 помина.

Сепак, ова не е тема за тоа.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.807
Поени од реакции
1.712
Microsoft XBONE е најголемата фејл гејминг прикаска што се случила некогаш. Не сум сигурна дека каска малку, туку дека се влече во кал.
Се сложувам за првата генерација на ОНЕ, ама со С моделот работите се променија, сега МС има Блуреј супорт, ХДР и 4К упскале, a притоа е драстично помала и ја нема таа ружната коцка, факт е дека МС во тие 5 месеци од излавањето на С моделот па се додека не испадна ПРО моделот на Сони беше најпродавана, но најголемата болка на МС се студијата, SIE имаат многу студија кои прават игри за своите платформи, нешто што МС нема да го има. Но се приметува некоја свежина што доаѓа од МС во последниов период, одкога дојде индиецот и очекувам дека Скорпио би требало да биде супер конзола и дефинитивно сум во план да ја купам, но да ја почекаме презентацијата. Сепак да не одиме оф топик ова е тема за Нинтендо пред се.
 
Член од
5 декември 2014
Мислења
379
Поени од реакции
384
Како и што мислев, слаба подршка за third party девелопери, пак пробуваат нешто со motion capture-от од wii, слаб лајнап на излагање, воведување на онлјан систем кој лесно може да испадне само грабеж со рентал сервис, сигурно ќе има многу проблеми од старт ако се додаде дека конзолата ќе има 32гб.
јасно е дека целат на хендхелд и мобајл пазарот во светот со оваа конзола, кор играчите не се нивен таргет, а ваков концепт е неизвесно колку ќе упали на запад.
Многу прашања и дилеми висат за конзола која е на помалце од 2 месеца до излагање, иако ценовно изгледа примамливо, сепак доаѓа само основата, Wii имаше содржина затоа и таквата продажба...лесно може да заврши како WiiU, треба да се почека да се види како ќе работат игрите.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.438
Поени од реакции
5.485
Не баш. За друго збориме.
Исто е. Барате локализација на сервиси за 2 миљона народ во кој домови, карикирам, има/ќе има едвај 5000 парчиња конзоли за цел генерациски циклус


Мене искрено игриве како ептен детски ми изгледаат. Единствено игра што ми се допаѓа е Супер Марио. Нинтендо треба да извади некоја бомба конзола која ќе им конкурира на Сони и Мајкрософт, која ќе ги поддржува новиве популарни игри и повторно да го врати сјајот и популарноста која ја имаа во минатиот век.
Не се детски, него се игри. Што ќе ми се мене Assassins Creed, Batman Arkham, Tekken, Mass Effect, Resident Evil.... и еден куп други мултиплатформи. Има машини што ќе ги пуштаат тие наслови.. Нинтендо има карактеристична библиотека на наслови си се држат до тоа и чат пат некој third party developer ќе се смилува па ќе им истави некоја ексклузива (Bayonetta) чисто да се има причина повеќе за купување на таа конзола.


Од 2,5 до 6+ саати, така рекоа на презентацијата (можам и линк да ставам). Изглеа погрешно си слушнал или прочитал.
6 сати во идеални услови. Може 6 сати подразбира гледање Youtube на минимум brightness?

Згора на се. Скокнаа по стапките на Сони и Мс со плаќање за мултиплеер функционалност
Тој, Нинтендо, кој ја има најужасната инфрастуктура без основи функции како voice chat. Ќе се давале бесплатни игри од NES и SNES....јакото маде. Што е најтрагично ќе бидат достапни само месец дена!!! Значи не како kaj PSN+ каде игрите што си ги добил бесплатно остануваат во Library се додека си претплатник, него скроз ги губиш.

Незнам како ќе се постават ама со овај бизнис модел како што им е сега можам да им речам само Good luck!
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.347
Поени од реакции
84.556
Чудно е што всушност не целат баш на рачниот пазар. Вчера завчера главниот на NoA кажа нешто што N го најавуваа цело време: 3DS ќе иде и понатака full power, паралелно.

Launch листата на игри не ме загрижува никако. И 3DS трпеше поради релативно слаба launch листа, па ете до кај стигна, а кај му е денес конкуренцијата (година две више без ексклузиви и уствари мртва)
Исто е. Барате локализација на сервиси за 2 миљона народ во кој домови, карикирам, има/ќе има едвај 5000 парчиња конзоли за цел генерациски циклус
Јок.


Не се детски, него се игри. Што ќе ми се мене Assassins Creed, Batman Arkham, Tekken, Mass Effect, Resident Evil.... и еден куп други мултиплатформи. Има машини што ќе ги пуштаат тие наслови.. Нинтендо има карактеристична библиотека на наслови си се држат до тоа и чат пат некој third party developer ќе се смилува па ќе им истави некоја ексклузива (Bayonetta) чисто да се има причина повеќе за купување на таа конзола.
Таа карактеристична библиотека на наслови се всушност ексклузиви, поексклузиви здравје.


Он-лајн системот на Switch сеуште не сум го разгледал. Сметав дека е ист како на 3DS. Имаш акаунт (ист ти е за било која N-конзола) и играш, купуваш, социјализираш на NintendoNetwork.
Ништо не се плаќа (освен играта секако).
Street-pass, spot-pass & download-play се функции за кои не ти ни треба интернет.
 
Последно уредено:
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.438
Поени од реакции
5.485
Не целат на handheld пазарот затоа што гледаат што се дешава со него... Покрај Android и Apple мислиш ќе можат да се постават како достоен конкурент? Затоа им е и овај хибрид... Двете дивизии ги споија во една... Исти игри ќе бидат и за надвор и за дома... Нема да имаат двојни трошкови.
А 3DS уште 1 година му давам живот... Не верувам дека ќе го форсираат долго.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.347
Поени од реакции
84.556
А 3DS уште 1 година му давам живот... Не верувам дека ќе го форсираат долго.
...и тоа би било неколку години повеќе од предвидуваното. Ја уште и 18-та му ја давам, со ексклузиви и сл.

Да, рачниот пазар би требало да трпи од телефоните, но продажбите зборат друго. 3DS (што е на умирање одамна) оваа година има колку XBOXONE продадено (5 милиона).
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

StOrMK

Rain
Член од
24 јули 2015
Мислења
345
Поени од реакции
151
Не се детски, него се игри. Што ќе ми се мене Assassins Creed, Batman Arkham, Tekken, Mass Effect, Resident Evil.... и еден куп други мултиплатформи. Има машини што ќе ги пуштаат тие наслови..
А што, дома ќе редам PS за неговите ексклузиви, Xbox за неговите (или и на PC може) и Nintendo? Според мене, сите игри треба да бидат универзални за сите конзоли. Е сега некоја платформа си вади ексклузива (квалитетно направена) и заедно со другите универзални игри си ги зголемува продажбите, како што е случај со PS и Xbox па малку ќе размислиш што да купиш, односно дали преферираш God of war или пак Forza. А секако покрај една од овие ќе играш и FIFA, GTA, PES, Call of duty, Overwatch... Ако ти текне на Нинтендо, си викаш нема ниту PES, ниту Call of duty, ниту Overwatch...
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.347
Поени од реакции
84.556
Има неколку уникатни моменти кај Switch-от. Една од нив е таа што кога си во рачен мод, можеш on the go да играш и со друг (на твојата конзола, со раздвојување на контролните делови од управувачот и добивање на два посебни управувачи).Така од тој аспект (на соло/мултиплејер играње преку една машина), испаѓа дека тој не е само handheld, туку домашна конзола што можеш да ја носиш со себе.
После, има опција до осум Switch-a во рачен мод да можат меѓу себе мултиплејер on the go да тепаат (нормално, не им треба интернет, а и во многу случаи не им требаат ни игри за сите, туку само една - преку download play опцијата, која ваљда ќе ја има и на Switch)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom