Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Ignorantia legis non excusat – Непознавањето на законот не е изговор.
Не се работи за непознавање на законот- Адам и Ева знаеле дека е забрането да јадат од дрвото.
Се работи за тоа што не знаеле дали е добро или е зло да го прекршат законот, не знаеле дали смртта е добро или зло- не разликувале добро од зло. Ти може да го знаеш законот дека кога вртиш на лево треба да вклучиш лев трепкач а кога вртиш десно треба да вклучиш десен трепкач но ако не ти е дадено да разликуваш лево и десно како ке може да го применуваш законот... Тој што ти го наложил законот за лев и десен трепкач не ти дал спознание што е лево а што десно....
 
Па не мора... иако вие така се однесувате кон постоењето на Бога.
Јас само го потенцирам тоа што е логично. Незнам зошто мислиш дека Бог би се навредил од нечие мислење, сомнеж или став.
 
Јас само го потенцирам тоа што е логично. Незнам зошто мислиш дека Бог би се навредил од нечие мислење, сомнеж или став.
Јас па не знам каде имам кажано дека Бог се навредува. Само се сложив со твојот силогизам дека не мора, и додадов дека и Бог може да постои независно од вашето познание за него.
 
Конечно ни пристигна долго очекуваниот верски календар за новата 2017 година. Додуша не е цел ама доттогаш ке го дополнат, има време.
15825746_1136764253103187_7630957144319042300_n.jpg
15871598_1136764276436518_3426689990060814137_n.jpg
15822878_1136764319769847_1099497123474869449_n.jpg

15826433_1136764339769845_542611534338542645_n.jpg
15873405_1136764383103174_3609907228245180469_n.jpg
15823259_1136764443103168_2846514331124578778_n.jpg
 
Алал да ти е; само ти си атеист на Светов, што само по себе е новост.
Следеќи?...
 
Конечно ни пристигна долго очекуваниот верски календар за новата 2017 година. Додуша не е цел ама доттогаш ке го дополнат, има време.
15825746_1136764253103187_7630957144319042300_n.jpg
15871598_1136764276436518_3426689990060814137_n.jpg
15822878_1136764319769847_1099497123474869449_n.jpg

15826433_1136764339769845_542611534338542645_n.jpg
15873405_1136764383103174_3609907228245180469_n.jpg
15823259_1136764443103168_2846514331124578778_n.jpg
Последнио - отец моторџија е најјак

14225457_1084096308365314_6781793981701425630_n.jpg
 
Треба да се спомне дека нешто што е лошо не е лошо затоа што постои, туку затоа што е свртено од активноста што му прилега, а со тоа и од целта назначена за таа активност. - Св. Григориј Палама
Прародителите во рајот беа совршени, но беа искушани за да дојде до израз нивната слободна волја, истото важи и за ѓаволот. Бог го знаеше исходот на сето тоа, но да не биде деспот, а да биде Отец кој љуби тој сето тоа го допушти, па и кога по илјадапати луѓето грешеа тој ги милуваше иако можеше праведно да ги казни. Тоа што сме живи ние, вакви какви што сме, е доказ дека е многу трпелив. Бог да ни даде да ни се отворат очите и да видиме дека сме голи...
Ама Бог уште кога го доздал Светот, тој иницирал постоење на битија кои тој знаел дека ќе заебат работа пошто знае све. Со тоа, Тој е директно одговорен за создавањето на гревот бидејќи свесно ги создал со тоа сознание.
 
Кон болдот; тоа е типично размишљање од луѓе кои бегаат или барем сакаат да избегаат од својата одговорност и пред Бога и пред својата совест, а што е веќе видено, почнувајќи од Адама, кој не ја призна својата грешка, туку обвинуваше други, вклучувајќи Го и сам Бог, само не себе.
 
Ок
 
Kaj Aдама дефинитивно е грешката кај госпот.
Прво госпот го направил хендикепиран, без знаење и можност да разликува добро и лошо (зло) па после го казнувал оти постапил лошо а не добро.
То е пример на злобно иживљавање над послаби, погрешна одлука, несовесност, непотребно казнување во состојба на стрес бес и страв....
Такви несоодветни понашања и состојби на госпот се гледаат низ целата библија, ќе направи нешто па ќе се покае, па ќе љубомори па ќе се љути па ќе се радува.... де создава де убива де бара смрт и силувања де се лути за убиства и клецкања, де ќе одобри инцести и сексање на татко со ќерки, де ќе се закани со пекол за вонбрачни врски.
А и син му (барем еден од нив) испадна колеблив плашлив и неискрен. Му изнавети на луѓето пред 2000 години дека ќе се врател од облаците ќе дојсол некакво кралство небеско на земјата па не го исполнил ветеното.
Каков татко таков син....
 
Чим тебе те примиле, се глеа дека се очајни.
Не бе мајкин, уопште не сме, напротив, секоја година се повеќе дела и проекти има. Годинава на пример ќе излезат од печат преведени на македонски уште две книги од исклучителна важност - Liber ABA(Магика книга 4) и Moonchild.
Секоја година имаме предавања и гости од целиот свет. Годинава за прв пат нашава оаза беше гостин на иницијанти од Австралија, Јапонија, САД, Италија, Норвешка... На секој саем на книгата има се повеќе инетрес за нашите книги.
Не само што не сме очајни, туку сме свесни дека создаваме историја!
Знаеш што е очајно? Да мораш да браниш ликови како Мики1 и да затвораш очи пред вакви нешта:
Нематеријалност? Интересни зделки со недвижнини, чудни договори во вредност од десетици и стотици милиони евра.
http://faktor.mk/kolkavo-e-bogatstvoto-na-mpc/shto-im-e-dozvoleno-na-amerikantsite-ne-im-e-na-rusite
мерцедеси, тојоти, крузери... лопатите се зрно песок. Ако имотот на Ватикан не е тајна за католиците, ако македонските цркви во Австралија на крај на година даваат некаков отчет за средствата, зошто тоа МПЦ го крие. Поседува 8% од територијата на Македонија. Даноци и фискални се мисловна именка.
Сево ова директно се коси со писанијата од стариот и новиот завет.
Апостол Павле глава 6, прво послание...

Алчни вероучители. Опасности од алчноста за пари.
3Секој што поучува поинаку, му се противставува на здравото учење на нашиот Господ Исус Христос, кое е основа на побожноста. 4Таквите учители горделиво се самозалажуваат, а ништо не им е јасно. Имаат нездрава желба да се расправаат, за збор да се фаќаат, а од тоа произлегуваат завист, кавги, навреди, опасна недоверба 5и постојани расправии. Нивните умови се изопачени и тие не ја разбираат вистината. Мислат дека верата е средство за лично богатење.

6Да, верата е навистина големо богатство, бидејќи те учи да бидеш задоволен со тоа што го имаш. 7Со празни раце доаѓаме на овој свет и кога ќе го напуштиме ништо не можеме да понесеме со себе. 8Ако имаме храна и облека, треба да бидеме задоволни. 9Оние што сакаат да бидат богати паѓаат во сите можни искушенија и стапици. Стануваат робови на неразумни и опасни страсти што на крајот ќе ги доведат до питачки стап и целосна пропаст. 10Алчноста за пари е корен на сите зла. Некои луѓе се толку алчни по пари, што дури и од верата скршнаа и си нанесоа[20] многубројни болки.
Е тоа е очајност! Соул е екстра дете! Млад човек со огромен потенцијал! Да плукаш по неговата личност за да истраеш во својот инает и тврдоглавост е очај!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom