Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Битие 3:22 - Ете Адам стана како еден од нас знаејќи добро и зло.

Кога Адам кажува дека сватил оти е гол и се сокрил поради тоа, господ го прашува од кајзнае дека е гол! И го прашува дали јадел од дрвото кое му го забранил! Потоа во Битие 3:22 имаш констатација од господ каде тој вели - Ете Адам стана како еден од нас знаејќи добро и зло!
Парафразирам од светиот Златоуст: 'И рече Господ Бог: „Ете, Адам стана како еден од Нас, знаејќи што е добро и што е зло' да го сфатиме ова богоприлично. Гледате дека намерата во овој поглед е да не потсети преку овие зборовите на измамата со која ѓаволот ги измами преку змијата. Тоа беше кога змијата им говореше дека ако јадат од плодот ќе бидат како Бога, и тие се надеваа дека од тоа ќе ја добијат таа еднаквост. Со ова Бог сака уште еднаш да им напомене за сторениот грев сакајќи да ги посрами повторно, па така да го сфатат гревот и ништожноста на непослушанието. Ова е причината, вели Бог, презирајќи ја Мојата заповед мислеше дека ќе ја добиеш таа еднаквост?
Во овие зборови има иронија со која Бог ја укажува големината на адамовиот престап со тоа што како предмет во компарацијата се става самиот Тој. Со тоа Адам најдобро би сфатил кон колкав грев посегнал, сега кога добро знае дека одкога вкуси не е како Бог. Ако тие преку вкусувањето можеа да станат еднакви со Него, Тој ќе им кажеше претходно за тоа, но тоа беше само лагата на змијата. И затоа овај стих претставува само потсета на онаа лага.
 
А како ке се размножувале ако не задоволувале ,,ниски,, страсти?

Ќе се размножувале на друг начин, кој останува таинствен.

Бог уште во Рајот, им заповедал да се „...плодат и множат...„, но никаде не пишува како Бог го промислил тоа множење во Рајот.
 
Битие, 3.2, 3.3:

„...А жената и ‘ рече на змијата: „Ние јадеме од род од секое дрво во Рајот;....„.

„...само од родот на она дрво среде Рајот,-рече Бог-, не јадете од него и не допирајте се до него, за да не умрете!...„.

Јасно е дека Ева знаела што смее а што не смее, оти сам Бог така им кажал!
Која е поентата да забраниш некому да спознае нешто кое веќе го знае?!
Во Битие 3:2,3 Ева кажува само што им кажал Бог! И компјутерот може да ти каже дека нешто е забрането, тоа не го прави компјутерот свесен за добро и зло! Ако му ставиш нова програма која вели дека може да ја заобиколи забраната, ќе ја заобиколи!
Дрвото не содржело никаков знаење, оти да содржело, ти самиот ќе кажеше што е „добро„ а што е „зло„, кои биле спакувани во плодот од дрвото.
6. И жената, гледајќи дека родот на дрвото е добар за јадење, и убав за гледање, и дека дрвото е пожелно поради знаењето, набра род од него и јаде, па му даде и на мажот свој, та и тој вкуси.
7. Тогаш им се отворија очите на обајцата, и увидоа дека се голи; па исплетоа лисја од смокви и си направија опашала.
Да ти „сечеше„, ќе дадеше точни одговори на крајно едноставни прашања.
Веќе ти кажав - форумските одговори се тука, тебе ти требаат психијатриски.
 
Во недостаток од мудрост, посегнуваш по навреди...:icon_lol:

Ај, не ти е прв пат, туку редовна појава, последица од лажната ментална оптика.

Како што лукавиот е татко на лагата и човекомразец од искон, такви се и неговите следбеници-лажговци и човекомразци.
 
Парафразирам од светиот Златоуст: 'И рече Господ Бог: „Ете, Адам стана како еден од Нас, знаејќи што е добро и што е зло' да го сфатиме ова богоприлично. Гледате дека намерата во овој поглед е да не потсети преку овие зборовите на измамата со која ѓаволот ги измами преку змијата. Тоа беше кога змијата им говореше дека ако јадат од плодот ќе бидат како Бога, и тие се надеваа дека од тоа ќе ја добијат таа еднаквост. Со ова Бог сака уште еднаш да им напомене за сторениот грев сакајќи да ги посрами повторно, па така да го сфатат гревот и ништожноста на непослушанието. Ова е причината, вели Бог, презирајќи ја Мојата заповед мислеше дека ќе ја добиеш таа еднаквост?
Во овие зборови има иронија со која Бог ја укажува големината на адамовиот престап со тоа што како предмет во компарацијата се става самиот Тој. Со тоа Адам најдобро би сфатил кон колкав грев посегнал, сега кога добро знае дека одкога вкуси не е како Бог. Ако тие преку вкусувањето можеа да станат еднакви со Него, Тој ќе им кажеше претходно за тоа, но тоа беше само лагата на змијата. И затоа овај стих претставува само потсета на онаа лага.
Безброј аспекти од ова немаат смисла! Ако бог сакал Адам и Ева да не грешат, немало потреба да ги создава без сознание за добро и зло! Потоа ако тој е совршен и безгрешен, ако се е според неговата промисла, тогаш зошто би допуштил постоење на битие како ѓаволот? И на крај - Ако се потекнува од Бог, тогаш што и да го прогласи тој како погрешно или зло, истото ќе потекнува или ќе биде допуштено од него! Со тоа што би се ставил себе си во улога на судија, сам на себе би пресудил дека не е апсолутен, дека е ограничено битие - демијург.[DOUBLEPOST=1483093890][/DOUBLEPOST]
Во недостаток од мудрост, посегнуваш по навреди...:icon_lol:

Ај, не ти е прв пат, туку редовна појава, последица од лажната ментална оптика.

Како што лукавиот е татко на лагата и човекомразец од искон, такви се и неговите следбеници-лажговци и човекомразци.
Тебе те навредува вистината и реалноста. Не е до мене, до тебе е. Јас немам влакна на јазикот, го кажувам тоа што е.
 
Б

Мене реалноста ми е позната, исто и вистината, како и Вистината, така да нема(м) причина за да бидам навреден.

Кога ти ќе ја најдеш вистината, последично и реалноста, ама не онаа отфантазираната, слободно јави ми и навреди ме.
 
Ќе оставиме оние со ум и разум што ја следат темава да одлучат.
 
Одлучено е веќе, ама не ти кажале-барем не директно, а постојат и индиректни начини за укажување.
 
Безброј аспекти од ова немаат смисла! Ако бог сакал Адам и Ева да не грешат, немало потреба да ги создава без сознание за добро и зло! Потоа ако тој е совршен и безгрешен, ако се е според неговата промисла, тогаш зошто би допуштил постоење на битие како ѓаволот? И на крај - Ако се потекнува од Бог, тогаш што и да го прогласи тој како погрешно или зло, истото ќе потекнува или ќе биде допуштено од него! Со тоа што би се ставил себе си во улога на судија, сам на себе би пресудил дека не е апсолутен, дека е ограничено битие - демијург.[DOUBLEPOST=1483093890][/DOUBLEPOST]
Тебе те навредува вистината и реалноста. Не е до мене, до тебе е. Јас немам влакна на јазикот, го кажувам тоа што е.
Треба да се спомне дека нешто што е лошо не е лошо затоа што постои, туку затоа што е свртено од активноста што му прилега, а со тоа и од целта назначена за таа активност. - Св. Григориј Палама
Прародителите во рајот беа совршени, но беа искушани за да дојде до израз нивната слободна волја, истото важи и за ѓаволот. Бог го знаеше исходот на сето тоа, но да не биде деспот, а да биде Отец кој љуби тој сето тоа го допушти, па и кога по илјадапати луѓето грешеа тој ги милуваше иако можеше праведно да ги казни. Тоа што сме живи ние, вакви какви што сме, е доказ дека е многу трпелив. Бог да ни даде да ни се отворат очите и да видиме дека сме голи...
 
Одлучено е веќе, ама не ти кажале-барем не директно, а постојат и индиректни начини за укажување.
Ако Мики, теши се. Само тоа и ти останува.[DOUBLEPOST=1483095318][/DOUBLEPOST]
Треба да се спомне дека нешто што е лошо не е лошо затоа што постои, туку затоа што е свртено од активноста што му прилега, а со тоа и од целта назначена за таа активност. - Св. Григориј Палама
Прародителите во рајот беа совршени, но беа искушани за да дојде до израз нивната слободна волја, истото важи и за ѓаволот. Бог го знаеше исходот на сето тоа, но да не биде деспот, а да биде Отец кој љуби тој сето тоа го допушти, па и кога по илјадапати луѓето грешеа тој ги милуваше иако можеше праведно да ги казни. Тоа што сме живи ние, вакви какви што сме, е доказ дека е многу трпелив. Бог да ни даде да ни се отворат очите и да видиме дека сме голи...
И повторно изговорот со слободната волја..... И овој ,,аргумент" ви е побиен, сега ќе видиш зошто.
Слободната волја е само можност да одбереш, што ќе биде изборот зависи од особините што ги имаш, не од слободната волја.
На пример имаш пироман и нормален човек. Пироманот ако му се укаже прилика ќе запали одреден објект и ќе ужива додека гледа како гори. Нормален човек и илјада прилики да му се укажат, нема да подметне пожар! Не затоа што има помалку слободна волја од пироманот туку затоа што нема особина која би била пресудна за таков потег. Од тука јасно се гледа дека слободната волја е само можност, како ќе се искористи истата зависи од особините што ги имаме.
 
Последно уредено:
Ако Мики, теши се. Само тоа и ти останува.[DOUBLEPOST=1483095318][/DOUBLEPOST]
И повторно изговорот со слободната волја..... И овој ,,аргумент" ви е побиен, сега ќе видиш зошто.
Слободната волја е само можност да одбереш, што ќе биде изборот зависи од особините што ги имаш, не од слободната волја.
На пример имаш пироман и нормален човек. Пироманот ако му се укаже прилика ќе запали одреден објект и ќе ужива додека гледа како гори. Нормален човек и илјада прилики да му се укажат, нема да подметне пожар! Не затоа што има помалку слободна волја од пироманот туку затоа што нема особина која би била пресудна за таков потег. Од тука јасно се гледа дека слободната волја е само можност, како ќе се искористи истата зависи од особините што ги имаме.
Познаваш некој роден пироман? Јас не знам никој со вродени нагони да пали нешто...
 
Ако Мики, теши се. Само тоа и ти останува..

Во Цркавата делува Духот Свет, наречен и „Утешител, Дух на вистината„.
Навистина, има(м) утеха, има(м) и вистина.

Надвор од вистината, можностите се неограничени...се‘ до смртта.
 
Познаваш некој роден пироман? Јас не знам никој со вродени нагони да пали нешто...
Значи мора лично да го познаваш за да постои?
Во Цркавата делува Духот Свет, наречен и „Утешител, Дух на вистината„.
Навистина, има(м) утеха, има(м) и вистина.

Надвор од вистината, можностите се неограничени...се‘ до смртта.
Абе анал да ти е!
 
Прекршено е едно од основните човекови права- правото на жалба. Повреден е принципот на двостепеност. Ева и Адам нема каде да поднесат жалба да се преиспита одлуката во втор степен а да не зборуваме пак за вонредни правни лекови... Сваровски судство. А уште поклимаво и очигледно тенденциозно и политички мотивирано е повикувањето на одговорност на Адам. Тој ниту е соучесник ниту е поттикнувач, ниту е соизвршител, ниту е помагач во извршувањето на делото, тој не ни знаел дека јаде од забранетото овошје... се надевам дека СЈО ке го превземе и овој случај..

Ignorantia legis non excusat – Непознавањето на законот не е изговор.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom