Па имаат освоено лига на шампиони итоа многу пати повеќе од тимот што го победија вчера,колку беше радувањето за трофејот Суперкупот толку беше и за тоа што за 2 месеци 2 пати шамараат тим што вложува милиони секое Лето,и доминира последните години во Италија итоа со деца,и неколку играчи што цела кариера играле во просечни тимови.
Синдром,ем глуп,ем се прави паметен и смешен,ем не е.
Ова звучи како Јувентус до вчера да бил мал клуб без ништо и одма наеднаш да го зеле арапи кои вложуваат милиони од свој џеб и на тој начин доминираат, а од друга страна кутриот Милан да бил ставен на мета од масоните, Џорџ Сорос и самиот Господ за да биде соборен финансиски и да мора да игра со деца и слободни играчи.
Јувентус е таму кај што е заради сопствени заслуги и многу работа долги години по ред, додека Милан само си ги трпи последиците од грешките правени години уназад, уште од 2007,2008 таму.
Се океј разбирам, освоен трофеј треба да се прослави, ама од вчера до денес добив впечаток дека 90% се импресионирани што Милан приредил изненадување победувајќи го големиот Јувентус, а јас како што знам порано не беше за изненадување било кој од овие два тима да тепа во меѓусебен дуел. Се додека тоа остане така, односно се додека резултати како вчерашниот ќе се сметаат како wow исходи, се до тој ден Милан ништо нема да направи и ќе си остане тоа што е овие години, просечен клуб кој едвај се бори за излез во Европа.
За жалење се тие Шапкоенсе од Бразил или други тимови низ историјата што загубиле по цели ростери заради несреќа или по било кој друг основ надвор од нивни раце, ама Милан и Интер кои сами се закопаа во ниеден случај не може да се прикажат како жртви или со муабети "Јуве троши милиони, Милан крпи крај со крај и пак ги тепавме" и други слични работи.