Супер дил за Челзи, нешто како Луиз на времето.
Продаваш играч кој ти е втор план за пари кои можеш да ги инвестираш во 1-2 класа играчи без да го чепнеш буџетот на клубот.
Оскар е далеку од просек. Можеби на вас ви се наметна таа титула што површински го следите Челзи и најголеми извор за информации ви се резултати и хајлајц видеа.
Оскар има потенциал, го разбира фудбалот и е голем радник на теренот...
Мегутоа си пати од класичен Бразилски синдром.
Не паметам играч кој успеал да се развива во Англија како фудбалер. Тој од како пристигна во Челзи не напредуваше ниту 10%... На почетокот ветуваше многу и дури има/ше статистка подобра од Лампард, меѓутоа од како остана сам на амц позиција (продажба на Мата) формата му падна за 100%.
Не успеваше константно да игра добро, една утакмица играше за 10/10 наредните 2-3 му беа просечни...
Да е во друга лига сигурен сум дека ќе има дабл-дабл статистика, меѓута Англија се покажа како неповолна фудбалска земја за Бразилци. Ете го и Вилиан почна да оди надолу со формата...
За трансферот во Кина не го кривам многу, убава прилика да заработи добри пари, плус да се врати во натпреварувачи ритам и да ја крене формата, меѓутоа таа печалба не смее да му трае повеќе од 1.5 година.
После тоа нормално ако покаже добри статистики и партии ќе го побара некој од Монако, Милан, Интер итн... 25 год има се уште фудбал во него.