А ти ја сакаш својата држава нели? Нашата мила мајка Македонија...
Будалите се полни со самодоверба, и живеат у бајка. Ние денес живееме со будали кои се далеку поголеми будали од оние будали пред многу години. Будалите што почнале да се запрашуваат дали земјата е округла, уствари започнале да се интересираат за она што ги опкружува. Оние што гледале у небото у звездите , исто така ги интересирало што се случува околу нив. Овие денешниве будали тотално ништо не ги интересира. Не ги интересира подобрувањето на својот сопствен живот, а камоли нешто друго. Прифаќаат се што ќе им се даде, каже и наметне. Без да прашаат што е тоа, и дали и зошто тоа им треба.
На светот никогаш ништо му немаме дадено, но совршено добро знаеме дека други ни се криви за сите проблеми кои ги имаме. Сите сложно кажуваме дека имаме проблем, но никој нема храброст да признае дека и тој е дел од проблемот.
Да барате од мене да ја сакам оваа држава е лудост. Она што требало да се сака е одамна заминато одтука, или можеби никогаш тука не ни било, а тоа е АМБИЕНТ. Не е парчето земја она што се сака, неможеш да ја сакаш земјата, едино да си пореметен па да ја сакаш земјата. Туку тоа е амбиентот и луѓето кои ти го создаваат тој амбиент со години наназад, е тоа е патриотизам.
Нели гледате дека сите текстилни, прехрамбени, технолошки, едукативни гиганти доаѓаат од други држави. Гугл, Епл, Микрософт, Кока Кола, Интел, Самсунг, Кембриџ, Оксфорд, Харвард.
Ние немаме ништо. Значи кои сме ние? Никој. Што сме ние? Ништо.
А ти би гинел за својата земја нели? Злато моее, би гинел нели? Па би гинел и јас, да бев Германец или Норвежанин. Германија и Норвешка вреди да се чуваат затоа што знаат луѓето што имаат. А ти незнаеш што имаат нели? Имаат луѓе со мадиња, кои не сакаат да работат за помалце од 15 евра на саат, луѓе со мадиња големи како лубеници. Па се удружиле сите заедно, здрав менталитет, високо размислување, ЖЕЛБА за квалитетна иднина. Стојат пред своите шефови и им викаат: плата редовна, сабота и недела слободни, висока плата, осигурување, здравствено...
НЕ!
..ова германецот го нема направено, ниту норвежаните. Знаеш зошто? Затоа што нивните шефови исто така се разумни луѓе, и им го имаат дадено сето ова без они да побараат.
Не уназадија, не направија пропаст, ни ја оставија државата у долгови. Секој ден сме се подоле и подоле. Затоа што постојат незаинтересирани и со самото тоа не водат луѓе без дипломи и неписмени. Ве боли вас левото маде што се случува околу вас. Излегувате на избори, ги исчкртувате листовите. Животот ви е сведен на звезде гранда, фејсбук, инстаграм. И само се кука дека Америка е крива за се.
На Јапонија и се има случено катастрофа, далеку поголема од која било тукашна. Луѓе уште умираат од тоа. Јапонија е една од најнапреднатите земји у светот.
А ние само знаеме да кукаме, и пред цел свет да глумиме жртви. Не е ни чудо што сите не сметаат за дебили. Што ние имаме измислено ,направено?. Што имаме дадено на светот, што очекуваме истиот да се грижи за нас и нашите проблеми. Значи луѓето не не ебаваат ни 2 посто. Зошто? Зошто сме сјебани у главата у мозокот, меѓу себе. Имаме ние и ресурси и природа и снага и СЕ за да тргнеме напред. Ама да тргнеме напред би можеле само ако се удружиме сите заедно. А се додека од нас некој прима 200 евра плата и се лиже на шефот, што цел живот го ебе и има се у животот на негов грб .. тоа никогаш нема да се случи.