Само на одредени моменти ги фаќав некои мечеви,неам гледано цел меч,малку ги фатив Србинките со Словенија,ненормално брза игра на двете репки.
Норвешка малку со Русинките вчера,и денес ги гледав вторите полувремиња од Шведска-Холандија и Шпанија-Франција.
Опасни Холанѓанките,Грот и Полман партали прават во надворешната линија,и голманката е е лоша,и лани на СП беше одлична.
Треба да се добри и на ова првенство,брза игра имаат,и не само брз центар туку страшна контрола на топка без многу технички грешки,нетипични за женски ракомет,некако како да се припоени за топката,страшна генерација имаат Холанѓанките,заслужуваат да освојат пак медал.
Да ја тепаш Шведска на домашен терен така убедливо со 33 гола дадени не е мала работа,секоја чест.
Шпанките имаа победа,на крај изгубија
,која трагикомедија,имаа +1 на 10 секунди до крај,последен напад за Франција,пенал за Франција,дава гол Пино и одат Шпанките во напад за победа,и ја вадат голманката,all in отиде селекторот шо донекаде е разбирливо,со оглед дека очекуваше дека за 10 секунди ќе ја задржат барем топката,арно ама се сплетка левиот бек и наместо позиција за шут таа згреши,погрешно додавање до пикер и топката дојде до Сираба Дембеле и оваа од гол на гол за победа
,на германски начин ги тепаа.
И Романките според мене пак ќе бидат при врвот,нормално се ќе се реши во тие дуели Романија-Данска и Норвешка-Данска веќе утре,Норвешка треба да е сигурна.сепак се сеуште први фаворитки,за вториот патник ќе видиме,
Иста ситуација и во другата група,3 екипи ќе се борат,Германките се многу јаки,штом ја тепаа Холандија јасно е, ништо чудно да дотуркаат далеку.
Волтеринг партали прај
,сеа им следат клучните мечеви со Шпанија и Шведска,еден да тепаат тука се некаде блиску.
Исто и за Франција,клучен меч со Холандија,ко је јачи овде,и секако Шведска-Франција,и Швеѓанките се со свој есап.
Интересно во секој случај,израменти се повеќето,ОСВЕН СЕКАКО НАЈГОЛЕМОТО РАЗОЧАРУВАЊЕ РУСИЈА,нестабилни се Русинките,од крајност во крајност,
Позитивни изненадувања се засега Србија и Чешка, а и Словенија не беше лоша иако испаднаа,покажаа заби.