Ракомет - општа дискусија

Дали пратите ракомет?

  • Понекогаш

    Гласови: 144 33,3%
  • Да, обавезно

    Гласови: 270 62,5%
  • Неам Појма

    Гласови: 18 4,2%

  • Вкупно гласачи
    432

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Гледаше некој Полска - Србија бе луѓе?
11-3 во првите минути им удриле серија WTF?
Дали нешто се сменало кај комшииве или Полјаците ги затепа некој Балкански фаворит менталитет?
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Гледаше некој Полска - Србија бе луѓе?
11-3 во првите минути им удриле серија WTF?
Дали нешто се сменало кај комшииве или Полјаците ги затепа некој Балкански фаворит менталитет?
Србија има многу квалитетна репрезентација години наназад,ама ги мачеа којзнае какви проблеми и не им одеше никако.Денес играа како луди,ги потепаа на полјаците. Од тие почетни 3 гола,два беа во контра по направен офанзивен фаул на србите. Какви акции имаа србите,течна игра до максимум.:bravobe::bravobe:

Бековите на Србија се страшни.:uzi:
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.371
Поени од реакции
6.882
Украина - Исланд 27-25
Швајцарија - Германија 22-23 (со подарок исклучување во последните минути се извлекоа германците)

Лудило се квалификацииве...
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Србија има многу квалитетна репрезентација години наназад,ама ги мачеа којзнае какви проблеми и не им одеше никако.Денес играа како луди,ги потепаа на полјаците. Од тие почетни 3 гола,два беа во контра по направен офанзивен фаул на србите. Какви акции имаа србите,течна игра до максимум.:bravobe::bravobe:

Бековите на Србија се страшни.:uzi:
Проблеми од типот Балкански Менталитет.
Полска ја растурија, Белорусија ги растури нив.Познато од негде? :D
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.371
Поени од реакции
6.882
Холандија - Унгарија 27:28
Белгија - Франција 37:38
Португалија - Словенија 26:26
Литванија - Норвешка 32:29
Србија - Белорусија 27:36
Романија - Полска 28:23

Мислам дека повеќе докази дека денес веќе сите играат и тоа како квалитетен ракомет и дека против било кого е исклучително тешко да се победи во гости не се потребни.
 
Член од
16 ноември 2014
Мислења
241
Поени од реакции
251
Белгија 37 парчиња на Французиве?!?!!?!?!?!!?!?!!?
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.251
Поени од реакции
19.536
Резултатите ЈЕБЕ ЛУД ЗБУЊЕНОГ.
За Романците не сум изненаден,се покажа и со Белорусија дека доста се напреднати во играта и дека знаат шо играат.
Јака одбрана +Попеску на голот,ги уништија вчера и Пољаците кои беа ужас,во страшна криза се по ОИ,не знаат кај тераат,никогаш послаби не биле.
Посебно сеа без Јурецки го изгубија компасот во напад,таму покрива Томаш Гебала,суртук од над два метра,го уништи Попоску вчера.:cuc:
Освен првите 20 минути кога Полска диктираше темпо,Шмал скина некоја топка,ама никако не можеа да се одлепат,најмногу 2 разлика водеа,после се беше во знакот на Романците,ги отепаа буквално.
Паметна игра во напад,добри комбинации и проигрувања пред се по средината,или топка за пикер или некој од бековите влегуваше по средина и пукаше,а и десните бекови одлична партија 8 комада.
Секоја чест за Романците,пријатно изненадување,како шо е групата сеа каша попара се наметнуваат како први фаворити за пласман во Хрватска,како играат дури и предвеме ќе осигураат пласман и ќе ги остават фаворизираните противници да се колат за останатото место.
Србија,шта речи а не заплакати?:pos:
Ваков блекдаун само на Балканец му се случува,и по некогаш на Скандинавец.:pos:(ама многу ретко).
Да изубиш 9 разлика од Белорусија дома,во најракометниот град во Србија е голем "подвиг:pipi:" а пред 3 дена си ја изгазил 4тата сила на
Како рече Цветковиќ ИСТРОШИЛИ СМО СЕ У ПОЉСКУ:pos:
Хаха,секоја чест,неам коментар,да ги имаш во екипа бекови како Рниќ,Џорџич,на крила замени како Радивојевиќ,пикер Марсениќ,покрај тие шо го понесоа товарот во Полска и да изгубиш 9 разлика од Белорусија треба да си легенда,иако нема дилема дека Белорусија е опасна селекција,опасни пуцачи Пуковски,Каралек,Шилович и Николенакау =24 гола од 37:bravobe:,грото играчи се од Мешков,доволен показател дека не се за потценување,ама сепак домашниот терен мораше да е некоја предност,во случајот не беше.:icon_mrgr:
Сеа циркус ќе е,наместо да искористат ветер во грб тие пак се враќаат во реалноста,и ќе е многу тешко понатаму,посебно по 36 примени гола,сеа и гол разликата си ја ебаа,и во некоја мини табела ќе си останат со :kuracc:в раце.
Норвешка:aplauz:
Хаха,ејј,селекција составена од Бјорнсен,Мирхол,Осаливен,Рајкинд на десен,на плеј Сагосен од идеалниот тим на ЕП,и зема губи од од Литванија:pos:,истата Литванија која изгуби 17 разлика од Франција,а истата таа Франција се мачеше до последна секунда со Блгија,истата таа Белгија која изгуби со 10 разлика од Норвешка.
Луда група хаха,доказ дека ако не си ја сфатиш сериозно работата ќе имаш големи проблеми.
Од Литванија единствено ги знам Бабарскас од Цеље,играч кого го користат во одбрана,вчера 6 парчиња им закуцал,и Маласинкас од Мотор,ете и левиот бек на Литванија 8 комада,ова ти се 21 гол од бек,доказ дека ако имаш добри бекови ќе имаш некоја шанса.
Ако не ќе чекаш од другарчето да се разигра:pos:,1 гол дал:icon_mrgr:

Неам коментар навистина.
Исто и за Франција,играле и Карабатакот,Порте,Сораиндо,Абало со Нгесан и Мае од новите звезди и се изнамачија,цел меч бркаа,којзнае како тепале:pos:
Луда работа.
Унгарија се извлече вчерапечени беа за пораз,цело време ги газеа Холанѓаните на крај и тие се изгубија,Фазекаш со 5 милиони години ги откажа во напад,а и нападот на Унгарците проработи па некако се извадија,иако не заслужија да тепаат.
Словенија за мене не е изненадување,Португалија е еден од најжешките терени во Европа,таму не се победува толку лесно.
Го гледав првото,држ не дај беше,тврда игра,се мачеа за секој гол и едните и другите,Словенија со ниски бекови проба да напрај нешто,ама имаа проблеми,се беше сведено или топка на пикер или некој потег на Доленец и Кавтичник,повторно тоа дуо од Монпеље ги вади,без Бомбач,повеќе играше Зарабец,без некој јак пуцач на лев бек,имаа мака.
Воделе 3 разлика на 8 минути до крај,на крај едвај спасуваа бод,од пенал Маргуч за 26-26.
Интересна група и овде,ете и Швајцарија се покажа како заебан противник.
Пред 10 илјади публика играле со Швабите:bravobe:
Босна изненади вчера,иако некако премногу беа исфорсирани,можеби и нереално,1.45 за 1,а противник имаа со повеќе учества на големи собири во последно време.
Сантос и Билик од Кил,Вебер од Магдебург,Божовиќ и Херман на десен,Бауер голманот ги искина МОТМ:bravobe:
И уште не ми е јасно како успеа една Финска да тепа во Австрија,и овај меч е за добра истраа од страна на ИНТЕРПОЛ,одделение за спортски криминал(ако има такво,ако нема треба да се оформи,еден куп работа ќе имаат).
Абе ајде таму,Финска бе:pos:
Ми е криво за Босанците,како да изгореа во желбата да тепаат,премногу психички настрадаа вчера,од важноста на мечот,очајнички грешки,почетнички,посебно на крај кога требаше да се доближат и да фатат приклучок,цело второ бркаа негатива,иако во прво беа тие кои диктираа темпо,посебно последните 10 минути,начукаа доста голови од контри и на одмор се отиде со +2.
Во второ имаа игра до 16-14,после се изгубија,10 ина минути не дадоа гол,можеби и повеќе,Австрија со серија од 5-0 го сврти мечот ама и тие доста грешеа,плус и Граховац на голот на БИХ беше одлчен и ги држеше,и некако успеаа да се вратат Босанците,пред се благодаение на Тарабокиа кои сам играше на крај,дури и поведоа на 90 ина секунди до крај,ама и тоа не беше доволно,Австрија во ГЕРМАНСКИ СТИЛ ги реши последните два напади,Босанците брзоплето во напад и толку беше.
Имаат некоја теоретска шанса сеуште,ако ги тепаат двете со Финска па да се надеваат дека Финска пак ќе напрај некое чудо со Австрија одма,ама многу тешко ова, сеа ќе е многу потешко,ова беше можеби клучниот меч за нив,не смееа да изгубат во никој случај.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.280
Поени од реакции
5.534
Не ги испратив резултатите од другите групи сеа влагам и шокови ме маваат Финска Литванија Холандија Белгија Словачка мачат противници некои дури и 5 класи подобри од нив (Франција,Норвешка) :| Свашта

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.926
Поени од реакции
16.214
Европско првенство жени кое ќе започне од недела во Шведска ќе го пренесува МРТВ, прв пренос ќе биде Србија - Словенија, 15.15 часот.
 
Член од
2 октомври 2011
Мислења
841
Поени од реакции
504
Европско првенство жени кое ќе започне од недела во Шведска ќе го пренесува МРТВ, прв пренос ќе биде Србија - Словенија, 15.15 часот.
МТВ ке пренесува вкупно 11 натпревари од првенството.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.251
Поени од реакции
19.536
Дали пратиш ЕП жени во ракомет?Како ти се допаѓат тактиката од Холанѓанката,убиствен брз центар.
Само на одредени моменти ги фаќав некои мечеви,неам гледано цел меч,малку ги фатив Србинките со Словенија,ненормално брза игра на двете репки.
Норвешка малку со Русинките вчера,и денес ги гледав вторите полувремиња од Шведска-Холандија и Шпанија-Франција.
Опасни Холанѓанките,Грот и Полман партали прават во надворешната линија,и голманката е е лоша,и лани на СП беше одлична.
Треба да се добри и на ова првенство,брза игра имаат,и не само брз центар туку страшна контрола на топка без многу технички грешки,нетипични за женски ракомет,некако како да се припоени за топката,страшна генерација имаат Холанѓанките,заслужуваат да освојат пак медал.
Да ја тепаш Шведска на домашен терен така убедливо со 33 гола дадени не е мала работа,секоја чест.:icon_mrgr:
Шпанките имаа победа,на крај изгубија:pos:,која трагикомедија,имаа +1 на 10 секунди до крај,последен напад за Франција,пенал за Франција,дава гол Пино и одат Шпанките во напад за победа,и ја вадат голманката,all in отиде селекторот шо донекаде е разбирливо,со оглед дека очекуваше дека за 10 секунди ќе ја задржат барем топката,арно ама се сплетка левиот бек и наместо позиција за шут таа згреши,погрешно додавање до пикер и топката дојде до Сираба Дембеле и оваа од гол на гол за победа:pos:,на германски начин ги тепаа.:icon_mrgr:
И Романките според мене пак ќе бидат при врвот,нормално се ќе се реши во тие дуели Романија-Данска и Норвешка-Данска веќе утре,Норвешка треба да е сигурна.сепак се сеуште први фаворитки,за вториот патник ќе видиме,
Иста ситуација и во другата група,3 екипи ќе се борат,Германките се многу јаки,штом ја тепаа Холандија јасно е, ништо чудно да дотуркаат далеку.
Волтеринг партали прај:aplauz:,сеа им следат клучните мечеви со Шпанија и Шведска,еден да тепаат тука се некаде блиску.
Исто и за Франција,клучен меч со Холандија,ко је јачи овде,и секако Шведска-Франција,и Швеѓанките се со свој есап.
Интересно во секој случај,израменти се повеќето,ОСВЕН СЕКАКО НАЈГОЛЕМОТО РАЗОЧАРУВАЊЕ РУСИЈА,нестабилни се Русинките,од крајност во крајност,
Позитивни изненадувања се засега Србија и Чешка, а и Словенија не беше лоша иако испаднаа,покажаа заби.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom