FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.842
Поени од реакции
36.889
Фала @wot за лајковите, ќе заборавев дека е понеделник. :P Да сумираме: осуммина го гледаа The Shop Around the Corner, заедно со оценката на @џимеј кој не пиша коментар само, но ќе ја сметаме, во жолто квадратче :P, и доби средна оценка 7,5. Не пишаа ништо: @MyloXyloto , @Џонтра Волта , @devilko , @wicked_1 , @Daedalus и @bobipp . Јас знам дека доаѓа зимата, а со тоа и зимскиот сон, но не знаев дека имаме толку сонувачи во клубов. Или мечки. :P Знаете дека сѐ уште можете да пишете коментар за тие што сте ги испуштиле, но еве пак да ве потсетам.

Следен за предложување е @wot , кој очекувам веднаш да ни каже што избрал, и не верувам дека ќе треба да го чекаме до 20:00, зашто тука е, се јави. :P Но, за секој случај, јас знам, па ако исчезне @wot , ќе ви кажам вечер во 20:00.

Свртете ја страницата!
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
Овој филм ќе биде гарант! Или, некој од Бергман.
Ама романса ќе биде сигурно.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.645
Поени од реакции
34.067
Овој филм ќе биде гарант! Или, некој од Бергман.
Ама романса ќе биде сигурно.
Epten blisku! :pos:

Se razmisliv za ovoj. Najozbilno. :D

Ама романса е сигурно. Of some sorts.
Only Lovers Left Alive

Јас, за жал, не дочекав да почне неделата да го гледам со вас, го изгледав пред некој ден и со секое гледање го засакувам се повеќе и повеќе. При првото гледање ни создаде нам дискусија и затоа ми остана во глава подолго време.

Тоа со што филмот изобилува е неверојатна кинематографија. Режисерот е Џим Џармуш и ова бил неговиот прв дигитален филм, поради што многу се посветил на боите и сенките за да го добие автентичниот изглед што го сакал и има филмот, бидејќи цел е снимен во темници, а сепак изгледа прекрасно и неверојатно. Освен тоа сценографијата и костимографијата го доловуваат целиот тој амбиент на луѓе со душа. Што е прилично контрадикторно. Пропратено со најдобрата музика што еден филм може да ја има, уште од самиот опенинг со Funnel of Love ја бев веќе впиен и занесен во тој свет.

Главни ликови се Тom Hiddelstone и Tilda Swinton :love:, со споредни како Mia Wathchikowska, Anton Yelchin, John Hurt, Jefrey Wright...

"When you separate an entwined particle and you move both parts away from the other,even at opposite ends of the universe, if you alter or affect one, the other will be identically altered or affected."

Филмот ми е дефиниција за љубов, меланхолија... критички настроен кон опшстеството и гушењето на уметноста.
Обожавам се поврзано со филмот. До секој скриен easter egg.



:love::love::love:
 
G

grande-juve

Гостин
Ете, почнува со Only :D

Супер филм, глеан во кино, на Синедејс мислам, го памтам убаво али ќе се репризира со задоволство
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
Сто пати ја отворив темава да видам што филм е :D Прв пат го гледам овој, ни го знам ни сум го сретнала некаде. Супер! После ќе го гледам.[DOUBLEPOST=1480958104][/DOUBLEPOST]
@wot , а насловот? Film Club 2016 (Only Lovers Left Alive: 05.12 - 18.12)
Заборави ова да го кажеш:

Letterboxd листата update-увана, листата на членови, исто така.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.842
Поени од реакции
36.889
Заборави ова да го кажеш:

Letterboxd листата update-увана, листата на членови, исто така.
Па дека не се апдејтувани, затоа, хахахаа. Зафатен сум со ТОП 250 темата. Уште еден филм, па ќе ги апдејтувам и ќе кажам.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
За неколку режисери имам предрасуди и на невидено мислам дека не се за мене. Да не беше клубов, од Џармуш никогаш не би си пуштила филм. Одамна пред којзнае колку години го почнав Broken Flowers, си извадив заклучок дека дефинитивно не е филм за мене, го исклучив и од тогаш Џармуш го избегавам. Кога прочитав дека филмот е негов ич немав воља да го гледам и го почнав со такви мисли. И додека некои филмови колку и да се добри, ако ги почнеш со предрасуди, ретко кој може да те премисли (мене барем) пошто си имаш зацртано некои глупости и упорно ги наоѓаш во филмот за да се убедиш себеси дека си бил во право. Башка и ретко мене ми биле убави филмови што му биле на wot. Ама, цела среќа што го имаме клубот и различните вкусови, па да се убедат некои луѓе како мене да си ги тргнат настрана предрасудите и да уживаат во работи што мислеле дека никогаш нема да им свиѓаат.
Only Lovers Left Alive

На страна тоа што се овие двајца, јас им завидував на она што го имаа. Јас сакам да имам ваква љубов, ваков однос, ваков дечко : )) И не било дека не сакам романси, било тоа што не се погодила романса ко за мене. Мада и не дека е некоја класична романса, ама ете колку ми беше подобро ова што тука се дешаваше и се топев дур гледав, отколку онаа вашата романса од филмот пред овој. Не сакам такви глупости, ни да гледам ни да ги доживувам. Филмов уште од почеток ми беше топ. Таман погодено ми беше се, не ми текнува на замерка. Имав некоја ама ја заборавив. И не е ни битно, битно јас си уживав, цело време гледав, не чачкав моб, не паузирав, не се досадував. Многу лесно може да ме купи филм ако има некоја мрачна архитектура или ентериер. Тоа највеќе сакам да го гледам на филм. Затоа и го сакам Арџенто, затоа и ми беше филмов убав.
И Бастер го имаа на ѕид : ))
И сега за вакви моменти ми фалат женски тука: И овој Адам ми е симпатија, а сосема друг стил на машки сакам.
Убаво. 8/10 (за филмот) :D
 
G

grande-juve

Гостин
Кога ќе те прашаат: "кажи дефиниција за кул", една од дефинициите со сигурност е OLLA.
Има многу работи за свиѓање. Тилда Свиндон и Том Хиделстон се совршен избор за двајца со векови заљубени вампри, не би можел друг пар да замислам. Растурија за сите пари. Миа Васиковска доаѓа у филмов како ветре во лето, му дава свежина на филмов. Супер си беа и стариов вампир, а и младиов музичар, кој за негова жал и' беше премногу сладок на Ава :D.
Музиката уживање, ниедна песна не беше утка, одличен избор.
Ми се свиѓаа шегите и разговорите поврзани со работи и личности од далечното минато :D, и општо целото сценарио.
Визуелно исто беше уживање за гледање, уметност али со вкус. Супер работа завршил Џармуш. Не е како да гледаш обичен филм, си има специфична необична атмосфера и те носи 2 часа, мирно и спокојно.
Многу добар и по второ гледање, 8цата си останува. Може чудно "само" 8 после олку фалење, али некако не внесе у максимална брзина за мене, стартуваше многу брзо и возеше до крај со константна брзина.. ама сепак брзо беше.

Adam: You drank Ian!
Ava: Sorry. :pos:(најсмешно ми е заради фацата на Миа на крај)


 

Kajgana Shop

На врв Bottom