Здраво на сите, имам проблем со пежо мотор 1.9 обичен дизел, имено моторот ми го ремонтираше како демек искусен мајстор за ремонти, препакувана е и бош пумпата и сите четири дизни се ставени нови. Кога ќе запали ладен мотор многу лошо работи(било насабајле на -4 или попладне на +8, само да е ладен), многу тресе потпукнува и тера испрекинато бел дим, тоа трае неколку минути со тоа сто постепено се смирува тресењето и потпукнувањето, инаку пали одма. Мајсторот нема решение за проблемов.Кога ќе загрее работи сосема уредно. Моторот до последен момент пред ремонтот работеше секогаш мирно без овакви невообичаени звуци, трошеше 1 литар улје на 1000 километри али немав проблеми.
Ако има некој идеја што може да биде ?