Нека проба да ја зголеми брзината на вентилаторот.Најверојатно протокот на воздух не е доволен да ги надокнади топлотните загуби и цело време ја брка зададената Т со поголема потрошувачка.Ако работи на ауто нека ја стави на фиксна поголема брзина, така ќе ги надокнади побрзо загубите и ќе почне да троши помалку.Ќе мора малку да експериментира со брзината.Доста корисно ќе биде ако има мерач на потрошувачка.Со негова помош ќе одреди во кој режим најмалку троши.Тоа е прилично мала потрошувачка. Баш ме интересира зошто кај другарот е толку поголема потрошувачката?
Значи кај него има два надворешни зидови, блок 25 без изолација но со фасада. Другите два зидови се од соседни простории и ходник кои не се греат. Во склоп на просторијата има и мини кујна и барем два часа во денот нешто се готвело така да има има и дополнителен извор на топлина. Под просторијата има вкопана визба која имала скоро контантна топлина околку 17-18 степени. Над просторијата има друга просторија која не се грее. Прозорите се идентични, дрвени со термо стакло.
Температурата му е поставена на 23 степени со ifeel уклучено.
Е сега забележал дека не далечинското не ја прикажувало точно надворешната температура. Јас сношти се уверив во тоа. На последното пристискање на копчето TEMP кога треба да ја прикаже надворешната температура прикажуваше 23 а надвор беше околку 0. Другите две температури, поставената од внатрешната единица ги прикажуваше точно.
Дали и кај другиве корисници на Hansol се случува истото? Дали точно ја прикажува надворешната температура? Дали е можно погрешно да ги имаат поврзано внатрешната со надворешната единица и ова да биде причината за повисоката потрошувачка?
Последно уредено:

