Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Не сум Миле али повели и другпат :D

Вчера заборавив да го спомнам краткиот на Дизни Inner Workings, пред Моана го пуштаат, одличен... Во инсајд аут имаше борба на човечињата во мозокот, а сеа имаше борба меѓу органите.. и само за тој ќе вредеа парите, Моана испадна бонусот, обавезно во вочлиста[DOUBLEPOST=1480692705][/DOUBLEPOST]
побрзај, поезија во движење.. и ја го планирам да му ја проверам 10ката од пред неколку години
Inner Workings влезе во кратката листа од 10 кратки анимирани кои ја продолжија трката кон Оскарот. Од нив уште и Piper и Borrowed Time може да се ѕирнат по нетов. Убави, двата. Препорака!
 
да, баш него треба да го прашаш

Јас длабоко се извинувам поради тоа што не ја следам темата редовно, а воедно и нивната преписка околу квалитетот на филмот.
Прости ми.

@whatto

Имај и ти убава вечер. :)

@Џонтра Волта

Сериозно 6-ка на Full Metal Jacket? (n)
 
Последно уредено:
Сериозно 6-ка на Full Metal Jacket? (n)
Да, и секој ден би му ја давал истата оценка.
Еден од најдосадните филмови што сум ги гледал заедно со Apocalypse Now и Spotlight. Една третина од филмот ми беше интересна само, тој дел кај што урлаше тој генералот и толку, после рак фатив.

Исто и Apocalypse Now, овој па цел беше досаден, не знам на што целеше филмов искрено, полипи фатив.

И уште нема некој да објасни што е тоа толку ремек-дело у овие два филма. Или пошто се на Стенли Кјубрик односно Форд Копола под дифолт мора да бидат мега јаки и ремек дела.
 
Можеби имаш впечаток дека филмот е досаден, бидејќи е неконвенционален, нема конвенционален завршеток, ниту ги следи стандардните филмски норми.

Следен пат пошироко, а сега: филмот е генијален бидејќи Кјубрик хируршки точно ги има детектирано аномалиите на американското општество и американската политика во целост, манифестирајќи гадење од директниот нивен производ, војната. Преку иронијата како изразно средство, тој ја покажува, на крајот од денот, нивната тотална апсурдност и бесмисленост.
 
Последно уредено:
Arrival одличен.
Препорака да тркнете до кино да го погледнете.
Ме внесе филмот уште од самиот почеток, нема дрн-мрн 15-20 минути како во повеќето други филмови.
Брзо почнува да се дешава нешто, почнуваш да размислуваш што е, како е, да дешифрираш и слично.
Ејми Адамс е одлична како и секогаш.
Саундтракот е фантастичен. Единствена работа која не ми се допадна е тоа што почувствував дека „негативците“ во филмот беа исфорсирани.
 
Си го тргнал девојчето од аватар? o_O Или девојчето се маскирало за денот на вештерките? :pos:
Screenshot_14.jpg
 
По Лего анимираниот, следува и Emoji movie во 2017.
Јао Холивуде, колку те усраа. :pov:
 
Sully ми е сличен со Joy од лани, избрале рандом прича и напраиле филм. Не дека беше лош или досаден ама ништо посебно, онака, можел дедо Клинт и на друго да ги потроши парите. Добро го скоцкал филмот, немаше `едносмерна улица` тек, ок за тепање време и толку, Том Хенкс си е класика, но сепак за брзо ќе отиде у заборав Сали, далеку од Оскар или нешто слично. Може да му исфорсираат номинација пошто е класичен американски филм со нивен херој бла бла.

Никогаш нигде не би патувал со Том Хенкс. :D
 
Back
На врв Bottom