Недвижностите во Македонија одамна требаа да бидат барем 50% и повеќе поефтини. Но зошто не паѓаат цените? Во секоја нормална економија (па дури и во американската!) цените на куќи и станови претрпуваат големи измени во дадени моменти.
Зошто во Македонија тоа не е случај? Затоа што македонецот не познава ништо друго (за него безбедно) да ги инвестира своите пари. Бизнис - не работи, од штедилници е изгорен. Фондови, акции итн му звучи (и е) комплицирано. Па каде тогаш да ги стави своите пари? Во стан бе брат. Ни јаде ни пие.
Е сега, што се случува со оние кои се задолжени или пак од каде се наоѓаат купци на станови од 60, 80 , 100 илјади евра во денешно време кога просечниот македонец заработува 400 евра? Во нашите гастербајтери. За нив сума од 50-100 илјади евра не е голема сума, најчесто се заработува во 1-2 години надвор. За нив, е многу лесно да се опрчат 60 илјади евра за 60 квадрати стан. Истиот тој стан во Швајцарија/Германија ќе биде пута 5 или пута 10.
И затоа цените на станови не паѓаат во Македонија. Бидејќи не постои реална економија. Бидејќи на никого не му е дојдено нож до коска да продаде стан или куќа.
Но кога парите од иселениците ќе престанат да доаѓаат....Ееееее тогаш ќе имаме голем проблем. Биг шорт ќе биде 3 дена Дизниленд искуство споредено со она што би се случило во Македонија кога иселениците ќе престанат да инвестираат во цигла во Македонија.