Загреб го има Вори,носител на Олимписки медал,цела деценија еден од клучните играчи на репката која освои многу сребра и бронзи,Хорват има стаж,нова гарда на репрезентативци Мандалиниќ,Шебетиќ,Стиви Бој Стевановиќ,Тончи Валчиќ години е меѓу најдобрите 3,4 ки во светот,па и брат му години играл за Хрватска,и ова се рачуна,да не прајме муабет шо значи за нив Домагој Павловиќ и шо изгубија со неговото неиграње,од новите деца треба да се обрне внимание на Јотиќ.
Странци како Марковиќ,сите добро знаат каква работа брка Добривоје,во двата правци,и Цингесар е опасен потенцијал,во два правци,не е случајно донесен,Миклавчич сосема солиден играч со големо искуство,и Скок е солиден голман.
И овај состав со прекалени репрезентативци на Хрватска +неколку репрезентативци на Србија и Словенија е СЛАБ?Не се слаби колку шо ги отепа неиграњето на Павловиќ и заминувањето на Вујо.
Загреб во најмала рака е рамо до рамо со тие средни тимови од Бундеслига,кои се некаде го големите,екипи ко Фуше,Магдебург,Гепинген итн.
Цела концепција се наруши,Загреб со оваа екипа ќе беше рамо до рамо барем со Мешков,ако веќе не можеа со Сегед,ама еве се случи тоа шо се случи,сеа спасуваат тоа шо можат,и 6то место во оваа ситуација е огромен успех.
А тој шо го прати
РНЛ редовно овие 3 сезони знае каква екипа се,и колку за нив "значи" ЛШ,играат кај шо можат,претежно со одмор за постарите играчи како Гудјон,Петерсон,Грецки па и Ду Риц,сепак играње Бундеслига,репрезентација +ЛШ бара премногу напор,и не е едноставно како Балкансите екипи кои имаат само неколку мечеви во СЕХА(од појјаките)и тие мечеви во ЛШ,екипите од Германија па и Франција играат по 50 јаки утакмици во сезона,ова е разликата,НЕ Е СЕ МЕСТЕНО

.
РНЛ е екипа која игра побавен ракомет,настрана тие утакмици за Киелце и Вардар,начекаа село без кучиња и удрија машки,нападот го изгуби мечот,се изгубија тоталка,се чудеше и Јакобсен,цврста екипа како Загреб не се победува така лесно,посебно не со толкупримени голови од контри и полуконтри,само на празна мрежа примија 2 гола вчера.се случува.
Во другата утакмица вчера Динамо и Брага бапнаа 64 гола,меч без значење.
Од утрешните мечеви.
Мечињата-Монпење
Французите одат да го заверат првото место,ако не се глупираат треба лесно да тепаат во меч со многу голови.
Кил-Висла
Маст вин ситуација за Кил,не би требало да има проблеми,иако Висла е доста сериозна екипа,би требало да дадат еден добар фајт.
Висла е една екипа во Плок,сосема друга на гости,ама некако имаат некој жар кога играат со Шваби,но не ми се верува Кил да дозвол изненадување.
Ла Риоха-Античките
Ова е меч кој е многу заебан,иако Шпанците се фаворити,нема дилема овде.
Ама Металург во последно време ја крена својата игра на едно сосема друго ниво,без многу глупости во напад,е сеа единствен проблем ќе е ротацијата,
Да го имаа Фитило ќе беше друга песна,во два правци,сеа ќе е заебано,цел товар ќе е на Обрадовиќ,овај е стандард,би требало да УЧУКА многу голови,машина е реално,ама е слаб на кондиција,тежок е,доста се троши во два правци,можеби треба стариот да го ротира во одбрана,да одмара повеќе,ама сеа се без неколку високи играчи,заебано ќе е.
Можеби нешто со Илиќ на среден да се проба,дава резултат таквата игра,посебно против ШУПЛИВИ ОДБРАНИ како оние на Ла Риоха.
Ла Риоха има голем проблем во одбраната,лесно дозволуваат ѓутеви од надвор,не се замараат многу да изработат квалитетна одбрана,нема многу дуели,освен Гарабаја немаат некој друг класичен касап кој знае да одигра машки во одбрана,сите некако прво шо гледааат е да тргнат во контра,затоа и примија 37 гола од екипа ко Медведи.
Тоа е надежта на Металург,да успее некако да има течен напад,а во одбрана да ги натера да грешат,тие ги фаќа нервоза ако не го завршат брзо нападот,толку има трае,макс 20ина секунди,едно завртување на топка и одма прават акција,ако успее Металург како на првата текма да ги натера да се мачат за голови во таква игра има шанси,ама со оглед на ротацијата тешко ќе оди.
Во напад тие се играчите,Лангаро на лев,овај е главниот пуцач во тимот,топ има во раката,ако го чува Велковски овај има да го СИЛУВА,сеа го нема ни Брајовиќ,ни Нелоски,ни Драгаш,ни Фитило,не знам како ќе изгледа таа 4ка на средина во одбрана,премногу шуплини ќе има,се ќе се остави на Арсиќ версус шутерите на Ла Риоха.
Тука е вториот шутер од надвор,десниот бек Хименез,овај има голема минутажа,доста слобода во игра,ама не е толку ефеикасен и спретен како Лангаро,полесно треба да се справат со овај,плус доста е склон на технички грешки,
И секако многу работи зависат од средните бекови Качеда и Виктор Виго,овие се мозокот на екипата и го диктираат темпото,опасни играчи еден на еден,можат голема беља да направат со тие влезови во зона,и доста исклучувања да има за Металург.
А најчесто ги користат крилата,секоја втора акција е за нив, Фернандез лево,и Санад а посебно Рокас десно.
Најмногу ќе зависи од одбраната на Металург и Арсиќ и секако од голманите на Ла Риоха кои според мене се најслаб дел на екипата,и Капелин и братот на Агинагалде,ама можеби и не се тие криви,сепак одбраната пред нив не игра како шо треба,ова е шансата на Металург,ако изиграат паметен меч како во Елверум,или со Татран ќе имаат шанси,иако Ла Риоха е голем фаворит овде,реално гледано,но сепак и Металург не е без шанси,Ла Риоха влезе во криза,еве во средата едвај тепаа со Вила Де Аранда,пред тоа и во Хуеска минималец,и со Анаитасуна пред 1 месец се изнамачија во гости,во криза се,очигледно е ова,се испукаа на почеток.
Треба да е интересен меч во секој случај,влогот е огромен,за двата тима.
Нант-Холстебро,ревијален меч,шанса за Нант да го завери првото место,не би требало да има никакви проблеми
Сегед-Цеље
Сегед мора да е претпазлив,не се слаби толку Словенците,посебно во гости гризат,кога немаат што да изгубат,но сепак Сегед на домашен терен пред својата бучна публика е фаворит речиси со сите екипи,би требало да тепаат сигурно,и уште повеќе да ја замрсат групата,ќе имаат 13 бода и второ место сигурно,со оглед дека Вардар и Киелце ќе си ги вадат очите во недела
Барса-ПЕ СЕ ЖЕ
Вистинско дерби,можеби на двете најсилни екипи на планетата,дерби за сите гурмани,
шо да се прај сабота,дали да се оди на митинг
или да се гледа дербито?
Ако тепа и во Блауграна навистина овој Парис е печен за големи работи сезонава,вистински тест за силата на екипата на Нока.
Барса освен таа слаба игра во Парис досега се по план,сеа во Блауграна треба да е друга песна,не ми се верува Чави да се заебава овде,ќе ги пушти во битка ГОЛЕМИТЕ ФИГУРИ,Варгас на гол,Киро во поголем дел од мечот,зависи од транзицијата на ПСЖ,како ќе оди мечот на тие дијагонални измени,на поблиска страна има да игра цел меч.
Се зависи од другите играчи,посебно од мозокот на екипата Раул Ентрериос,некако во последно време го стигаат години брадестиот,овај треба да отвори доста простор за другите играчи,со оглед дека немаат техничари во екипа,се се СУРОВИ ШУТЕРИ, а вампир како Тити одвај чека да си ја проба силата со Жалуз,Нгесан,Ласе Андерсен.
Се зависи од овие фактори,бековите на Барса и Тити и одбраната на Парис пред него,во напад страндард приказна е ПСЖ,нема тука непознаници,Хансен лево,на среден ќе се менуваат како ќе оди играта Карабатакот,или ако има шуплини во игра ќе си влези ЕР ФРАНС и со својата дуел игра има да напрај триста проблеми

Овде се зависи од Де Варгас и како ќе се поставуваат киклопите на средина,пред се Виран Морос,ако не успеат да се справат со Лука има да имаат огромни проблеми и доста шутеви од хаубиците на Парис,
Важен дел е Седрик Сораиндо,гледам се вратил во состав,овај ако е спремен ќе има доста фајт,во два правци е многу важен фактор за Барса,ако одат со дрвото Шипршак против Вампирот Омејер ќе имаат оргомни проблеми,дечкото се изгуби во последно време,тука како бек ап е Нодесбо,класа над класите пикериште.
Треба да е одличен меч,вистински шлагер.
Типувам навивачки победа на Барса,иако ги симпатизирам и ПСЖ,ова ми се двата фаворити во ЛШ одамна,кој и да победи сум добитен,ама ете нека тепа Барса,да е интереснаа групата барем,ако тепа ПСЖ готово е.
Недела
Елверум-Прешов
Неважен меч,ќе си изиграат тренинг меч
Мотор-Бешикташ
Меч кој дефинитивно ќе го реши прашањето за второ место,Мотор е огромен фаворит овде,како играат во последно време има да ги отепаат Турците,нема дилеми овде,чист кец.
Силкеборг- Веспрем
Знаат да бидат заебани Данците дома,тоа се виде и на мечот со Барса,а и во Веспрем дадоа одлична утакмица.
Овде Веспрем ако не успее да се одлепи брзо и да се оди на некој меч каде Силкеборг ќе има игра ќе има тензија и ќе е доста интересно,сепак Веспрем не смее овде да си дозволи никаков кикс,веќе ги ебаа сите кредити шо ги имаа,нема каде да добијат освен во Шафхаузен и тука,мора да тепаат ако сакаат барем да се докопаат до 4то место.
И на крај дербито на Б групата Киелце-Вардар
Ова е отворен меч,нема фаворити овде,Киелце со таа килава игра во последно време не уверува дека ќе ја повторат ланската приказна,доста пропусти имаат,се чувствува кризата,и со Загреб се изнамачија во неделата,дури во второ искористија доста технички грешки на Загреб па така го скршија мечот ,иначе имаа огромни проблеми.
Со Вардар ако играат така губат сигурно,не ми се верува да имаат шанса со клупата на Вардар во мечо со над 55,56 гола,немаат ротација на бековски позиции за да се натрчуваат со Вардар,и секако одбраната,доста слаба им е,ако не ја стегнат одбраната Вардар нема да е сигурно под 28,29 гола.
Се зависи од голманите,Вардар ако нема расположен голман кој ќе внеси дополнителна нервоза кај Пољаците кои ќе бидат притисок нема шо да бара,а голманите на Киелце од друга страна се клучни,ако тие имаат некој свој ден ќе има игра.
Во напад Киелце повеќе ќе оди на влезови и дуел игра,и пред се игра два на два со пикер,таа е силата на Пољаците,топки до Агинагалде,и вишок до крила,овде се подобри од Вардар.
Од надвор ако не му оди на Карол нема шо да бараат.
И секако,факторот ТАЛАНТ,овај нема да остави ништо на случајот,очекувам некое тактично изненадување,како шо напрај Јакобсен во Скопје,можеби Талант нема да оди со 7 играчи во поле,ама ќе проба нешто да измени од Скопје,во ова сум сигурен,да го имаат Михал Јурецки ќе одеше со два пикери сигурно на линија,така тепа во Скопје пред две години,сеа како ќе оди ќе видиме,ама има некој џокер во ракав.
Или во одбрана да смени нешто.
Овде е клучот,тактичката борба на двата тренери,не ми се верува да има изненадувања овде,се знаат предобро,ова ти е како борба на Алекс Фергусон со Карлош Квеирож во фудбал,THE MASTER VERSUS APPRENTICE,ко је јачи?ВидеЌемо.
Треба да е тесен меч овде,секој резултат е можен,Вардар е во предност според мене,за нијанса поради подолгата клупа и подобрата бековска линија.