Нема поголем идол од тоа бесконечниот Бог да го сведеш на личност, на суштество со конкретни карактеристики, со име, со пол, со очекувања..... да го одвоиш од се останато, да тврдиш дека е неспоив со креацијата! Да тврдиш дека од негова перспектива постојат добро и зло! Тоа е врв на создавањето идол. Тие ,,целофани" за кој зборуваш, се алегории на бесконечното а не идоли! Паганството ако се свати правилно итекако е посупериорно од буквалистичното и трагикомично христијанство каде змии прават муабет а лавови пасат трева. Хиндуизмот на пример има стотици милиони божества, но сите тие се манифестации на природата, на универзумот - на Браман. Слично е и кај многу други пагански божества.но на мистиците, овој ,,одраз" го прогласуваат за апсолутна вистина. Проблемот е во тоа што колку што има перспективи, толку може да има и симболи (одрази), но бидејќи за нив постои само еден, влегуваат во конфликт со се што е различно од нивното.
Oва што го пишуваш е пантеизам, во кој нема место за Трансцедентен Бог, а без трансцедентноста Бог би бил идентичен на Универзумот, значи несовршен, создаден, доведен во постоење, со што поимот Бог повторно би бил противречен.